Како бе не се споменува, еве овде Го има:
„...Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашито образ и според Нашето подобие, како што сме ние (!!!), кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, над ѕверовите и над добитокот-над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!„...„.(Битие, 1.26).
А види и во Битие, 18.2, таму Авраам Му се поклонува на Троичниот Бог!...
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 14:56 ---
Не, не била.
Имено, познато е дека Светото Писмо е пишувано од старозаветните пророци (во делот од Стариот Завет) и од новозаветните Апостоли (во делот од Новиот Завет).
Така, за разлика од повеќето протестанти, (слично на муслиманите), кои сметаат дека Светото Писмо, како збирка од инструкции за праведен живот, е паднато од Небесата, православните верници велат дека Светото Писмо е запишано и е дел од самата Црква Христова.
Во целина земено, Светото Писмо е пишувано во временски распон од 1500 г. пр.н.е. па до крајот од 1-от век од н.е.