САМИ СМЕ ВО ВСЕЛЕНАТА, НЕМА ВОНЗЕМСКИ ЖИВОТ?!
Не постојат шанси за пронаоѓање на вонземски живот, бидејќи условите на сите планети се непријателски расположени, тврди водечкиот светски астроном Хауард Смит.
По извршената анализа на повеќе од 500 откриени планети, вишиот астрофизичар на Хардвард, Хауард Смит изнесе тврдење дека сме потполно сами во Универзумот. Како што е наведено, на сите досега пронајдени планети условите за живот се екстремни. Тој вели дека единствено на Земјата има шанси за живот каков што ние познаваме.
- Утврдивме дека повеќето други планети и Сончеви систем целосно се разликуваат од нашата планета и нашиот Сончев систем. Планетите се премногу негостољубиви, вели Смит за Daily Telegraph.
Тој исто споменува дека ѕвездата HD10180, неодамна откри Сончев систем кој што се состои од седум ѕвезди и планети.
Планета слична на Земјата
Имаше многу возбуда кога сè откри една планета со изглед и големи на Земјата, но возбудата многу брзо спласна откако беше утврдено дека условите се премногу непријателски за живот.
- Многу од останатите пронајдени планети имаат елиптична орбита, што предизвикува огромни разлики во температурата, па поради тоа сосема е невозможно да се развие живот каков што ние познаваме, тврди Смит.
Но, друга група на научници не се сложува со ова тврдење. Имено, астрономите тврдат дека постои шанса за пронаоѓање на вонземски живот на планетата Gliese 581, која е многу слична на Земјата и има вода во атмосферата.
Невозможност да се оствари контакт
Професорот Стивен Гогт од Институтот Cornegie во Вашингтон неодамна изјави дека 100 отсто е сигурен дека таа планета подржува живот.
Но професорот Смит ги отфрли овие тврдења истакнувајќи дека дури и ако некоја од планетите подржува живот, на луѓето ќе им биде невозможно да направат контакт со нив.
- Било каков надеж за пронаоѓање на живот на другите планети мора да биде ограничена и тоа во простор најмногу до 1.250 светлосни години од нашата планета како би можеле да примаме и праќаме сигнал на вонземјанците. Дури и ако до нас или до нив стигне сигнал ќе бидат потребни неколку децении или векови да се оствари првиот контакт, истакна Смит.
мислев астрономиве имале логички и мисловни способности ама...