И Оливија Њутн Џон видела НЛО!
Оливија Њутн Џон, глумицата што се прослави со филмот...
„Брилијантин“ од 1978 година, во кој глумеше со Џон Траволта, се приклучи на групата славни личности што тврдат дека со свои очи виделе вселенско летало
Шеесетгодишната Оливија изјави дека неидентификуваните летачки објекти ја заинтригирале и оти смета дека повеќето жители на Велика Британија го делат нејзиниот ентузијазам и убедување, пренесоа тамошните медиуми.
Глумицата е припадничка на Сајантолошката црква, како и многу други холивудски ѕвезди, која проповеда дека вонземјаните ја населиле планетата Земја уште пред неколку милиони години. Својата прва средба со вонземјаните Оливија ја доживеала кога имала 15 години, а летачкиот објект што тогаш го видела не можела да го идентификува. Бил со сребрена боја и на небото летал со неверојатна брзина.
- Повеќето луѓе во Велика Британија сметаат дека НЛО постојат. Пред 20 години не беше така - изјавила Оливија Њутн Џон