Парите го расипуваат семејството

  • Креатор на темата Креатор на темата Antigona
  • Време на започнување Време на започнување
Во прашање е голема сума пари , све е подплатено за да ја побркаат жената со памет. Па не знам што планираат и какви све лажни документи ке извадат за да се префрли СЕ за вујко ми...значи снаата -- жена му на вујко ми е алчна за пари.

А на мене и моиве дома воопшто не ни требаат никакви пари и никаков имот , но ете баба ми запнала жената нешто да препише за мајка ми и настанало кавга.

Мене лично ми треба мир и спокој, ...............па добро бе мајка му стара , во светот има толку загрозени случаеви кои што се вика немаат дома за леб, ама си живеат слошжно ..............а ова тука е претеризам , стварно не можам веке да ги слушам и трпам...... најарно нека дадат СЕ ВО ХУМАНИТАРНИ СТВАРИ и доста веке со тие пари , аман веке туууу


Ја не те сфаќам баш. Зошто трошеле толку големи пари за да (како што самата кажуваш) ја побркаат со паметот? Зошто се мачеле да ја остават како пациент на нервно? Како што кажаа и погоре, доколку се успостави дека нешто не е во ред со психичкото здравје на баба ти, тогаш ќе и биде одземена деловната способност и автоматски нејзиниот потпис нема да биде валиден за ниту еден правен документ. Единствено што ми паѓа на памет е дека тестаментот е веќе составен, па они покушаваат да го оспорат преку лажни дијагнози за психички пореметувања.
Во секој случај, според закон - имотот на родителите вообичаено се дели еднакво помеѓу децата, па не знам ни ова како би го извеле.
 
Сестрите што беа на смена денес ни рекоа дека нема никаков проблем со нејзиното здравје но дека им е наредено да ја држат во болница.

Стварно ми е жал за баба ми, па греота е така да и прават.

Уффффффффффф изгледа сум премногу чувствителна , пошто се околу мене ми зигледа ко да нема осет веќе :(
чим тие „ѕверови“- се трзнале и потплатиле за оваа состојба,
тогаш и ти тргни по нивниот пат, може и со едно кафе и локум,
кај сестрите,ќе се одмота клопчето,зошто лежи во болница,кој са докторите(кривите) и се понатака.
Пробај уште утре и до министерот за здравство,тука е лекот.
Е ќе настрада некој обавезно.
 
Земејте си ја баба ви дома, и вие си ја гледајте. Тури и пепел на парите, имајнето, куќите и слични глупости, не си ја оставајте златната жена да гние у некоја си институција. :(
 
Најди ги тие што ги земале парите и кажи им дека ќе им дадеш дупло повеќе, само нека ја пуштат баба ти.

Кога викам јас дека светот отишол по ѓаволите никој не ми верува, се се изопачило. Нема правда.

Јас искрено би ги фатил и би ги истрескал од земја, само добар, ама стварно добар ќотек ќе помогне.
 
Ја не те сфаќам баш. Зошто трошеле толку големи пари за да (како што самата кажуваш) ја побркаат со паметот? Зошто се мачеле да ја остават како пациент на нервно? Како што кажаа и погоре, доколку се успостави дека нешто не е во ред со психичкото здравје на баба ти, тогаш ќе и биде одземена деловната способност и автоматски нејзиниот потпис нема да биде валиден за ниту еден правен документ. Единствено што ми паѓа на памет е дека тестаментот е веќе составен, па они покушаваат да го оспорат преку лажни дијагнози за психички пореметувања.
Во секој случај, според закон - имотот на родителите вообичаено се дели еднакво помеѓу децата, па не знам ни ова како би го извеле.


Види вака- мајка ми кажа дека не и треба ништо во наследство, нема потреба од ништо..........но баба ми рече дека сакала она да и препише нешто од нејзина страна, па ко ке умри што сакаат нека прават сите.
И целиот спор е околу тоа СЕ да се остави на вујко ми, но баба ми не сака да попушти. Баш денес спомна дека она како мајка сака нешто да остави за мајка ми и тоа е тоа.
Душичка, стварно е многу жално:(
Се надевам ГОСПОД гледа па нека им враќа на оние алчните за пари.
 
Во прашање е голема сума пари , све е подплатено за да ја побркаат жената со памет. Па не знам што планираат и какви све лажни документи ке извадат за да се префрли СЕ за вујко ми...значи снаата -- жена му на вујко ми е алчна за пари.

А на мене и моиве дома воопшто не ни требаат никакви пари и никаков имот , но ете баба ми запнала жената нешто да препише за мајка ми и настанало кавга.

Мене лично ми треба мир и спокој, ...............па добро бе мајка му стара , во светот има толку загрозени случаеви кои што се вика немаат дома за леб, ама си живеат слошжно ..............а ова тука е претеризам , стварно не можам веке да ги слушам и трпам...... најарно нека дадат СЕ ВО ХУМАНИТАРНИ СТВАРИ и доста веке со тие пари , аман веке туууу

Прво разграничи што ти е криво..
Дали бабати што лежи во болници а е таман или заради тоа што потпишала и ништо нема да земете.

1. Ако толку се грижите за неа земете ја да живее со вас, како што реков мислам не е возможно некој да седи во болница ако самиот нејке притоа има кој да се грижи за него во случајов ти и твоето семејство безразлика каде се наоѓате.
2. Шорти на предходната страна ти кажа како е и од правна гледна точка, значи нејзиниот потпис нема да се важи ако го потпишала префрлувањето после тоа. Ама ако е предходно и сега се кае оти видела што човек уствари чувала тогаш мислам нема шанси да се направи нешто..

И за крај незнам зошто само снаа-ти ја обвинувате.. си се нашле и двајцата сигурно се исти ;)
 
Види вака- мајка ми кажа дека не и треба ништо во наследство, нема потреба од ништо..........но баба ми рече дека сакала она да и препише нешто од нејзина страна, па ко ке умри што сакаат нека прават сите.
И целиот спор е околу тоа СЕ да се остави на вујко ми, но баба ми не сака да попушти. Баш денес спомна дека она како мајка сака нешто да остави за мајка ми и тоа е тоа.
Душичка, стварно е многу жално:(
Се надевам ГОСПОД гледа па нека им враќа на оние алчните за пари.

Антигонче, помогни си сам, за да ти помогне Господ.
Извадејте ја жалната женичка од таа болница, донесејте си ја дома. Ќе се стеснете малко, ќе се помачете сите около неа, ама не ја оставајте сама на стари години у некаква шашава македонска институција. Од 2 деца, со внуци, со жив сопруг, она е моментално сама у некаква болница опкружена со болни човеци. Земејте си ја од там.:(
Ќе ја оболете жената ак ја остаате така там да чемрее... Наместо раат да си чине на стари години. :(
маанејте тија имотно правни глупости. За човечки живот се работе.
 
Вакви случаи со недоразбирања колку сакаш. Тријат раце нотарите, правниците и адвокатите.
Секоја страна си се смета дека е во право, а немаат седнато отворено да зборуваат помеѓу себе, не им дозволува егото.

Ти случајот го претстави како само другата страна да е лошата и себичната, ама ситуацијата не е црно-бело.

Не се согласувам баш со насловот. Пред се треба да се напомене дека се работи за туѓо заработените пари. Парите кои ги заработил друг го расипуваат и човекот и семејството.
 
Прво разграничи што ти е криво..
Дали бабати што лежи во болници а е таман или заради тоа што потпишала и ништо нема да земете.

1. Ако толку се грижите за неа земете ја да живее со вас, како што реков мислам не е возможно некој да седи во болница ако самиот нејке притоа има кој да се грижи за него во случајов ти и твоето семејство безразлика каде се наоѓате.
2. Шорти на предходната страна ти кажа како е и од правна гледна точка, значи нејзиниот потпис нема да се важи ако го потпишала префрлувањето после тоа. Ама ако е предходно и сега се кае оти видела што човек уствари чувала тогаш мислам нема шанси да се направи нешто..

И за крај незнам зошто само снаа-ти ја обвинувате.. си се нашле и двајцата сигурно се исти ;)


Сеуште нема потпишано она ништо.

Мене ми е криво што ја ставиле во болница без потреба а најмногу ме боли тоа што кога ги прашав моиве зошто не ја земат дома (ионака сестра ми е мажена, јас сум во странство ) они ми рекоа дека од болницата не ја пуштаат баба ми да излезе,,,значи не и даваат отпустен лист или не знам како се вика тоа за да излезе од болница.......бидејки дедо ми и вујко ми ги потплатиле докторите :(

Уффф се надевам некако ке се разреши ова.
Само да ви се заблагодарам од срце на сите членови на форумов кои на некој начин се вклучивте во дискусијата. Останете ми со здравје и секое добро.

Јас ке видам што можам да направам овие денови додека сум во Мк.
 
Види вака- мајка ми кажа дека не и треба ништо во наследство, нема потреба од ништо..........но баба ми рече дека сакала она да и препише нешто од нејзина страна, па ко ке умри што сакаат нека прават сите.
И целиот спор е околу тоа СЕ да се остави на вујко ми, но баба ми не сака да попушти. Баш денес спомна дека она како мајка сака нешто да остави за мајка ми и тоа е тоа.
Душичка, стварно е многу жално:(
Се надевам ГОСПОД гледа па нека им враќа на оние алчните за пари.


Апсолутно е жално и крајно нехумано. Да слушнеш ваква приказна за син кој и го прави ова на сопствената мајка е доволно тешко, не можам да замислам како е да ја проживуваш.
Мој совет е да си се консултирате со адвокат. Не за имотните прашања, туку за ситуацијата со баба ти. Најважно од се е она да излезе од таму.
 
Не знам зошто носењето на баба ти во болница би ги решило имотните проблеми. Сега не знам точно како оди, но мислам дека доволен е тестамент оставен од дедо ти. Доколку дедо ти, претпоставувам носител на имотот, почине без да остави тестамент, тогаш законски имотот се дели на три дела, на баба ти на мајка ти и на вујко ти. Доколку починат и двајцата, а не остават тестамент, имотот се дели на мајка ти и на вујко ти.
Барем во моето семејство беше така после смртта на дедо. И мама си кажа, мојот дел од куќата не ми треба, но не ви го препишувам се додека не се уверам дека ќе се грижите како што треба за мама (т.е. баба ми). Да видиш како сите се сменија. Бубачки. :)
Во вакви ситуации се знае што треба да се направи. Ако навистина баба ти е неправедно ставена во болница, треба да се разговара со вујко ти. Нека му кажат дека не ви треба ни наследство ни имот само да ја пуштат жената од болница. Друг начин е со добар адвокат да се истера цела работа, но знаејќи ги нашите судови тоа ќе трае можеби и неколку години, додека жената гние во болница.
Овие работи се многу едноставни, биди поголемиот човек во ситуацијата, откажи се од парите, ако толку ви е битен друг човечки живот.
 
Ке дадам пример од моето поблиско семејство па можеби некој ке даде и совет :(

Се` би дала за мирна и спокојна душа :( Никогаш не мислев дека ке дојде до тоа што го дочекав. И во минатото се правеа проблеми околу пари , но ова веке ги поминало сите граници. Вујко ми никогаш не бил задоволен и се не му е доста на него во животот. Имаше еден неуспешен брак и откако се прежени оваа втората негова жена толку лакома за пари, па човече ја не сум видела такво створење. Живеат заедно со баба ми и дедо ми во иста куќа - да не речам палата и стварно веке не знаат што да прават и каде се на шопинзи да идат од што имаат пари . И почнале да го р`чкаат дедо ми и баба ми да им остават се од имот да биде препишано на вујко ми , но баба ми сака нешто да остави и за мајка ми. И замислете кој ѓавол влегол во нивната куќа. Му платиле не знам колку пари на некој доктор и ја сместиле баба ми во болница во делот за нервно заболени луѓе со цел да ја побркаат жената со памет и да ја натераат некако да се потпише и да остави се на име на вујко ми. Значи толку гадови овој дедо ми и вујко ми , па и таа снаата лакома за пари ---заникаде, ГОСПОД грев да им пиши што и прават така на баба ми.
И еве денес бевме во посета , јас , мајка ми и татко ми и........баба ми плаче цело време , па толку ми падна жал и грев за неа што не знам и јас како да и помогнам бидејки на докторите им е дадена голема сума на пари за да ја држат баба ми во болница ........................а жената здрава , права,, зошто се толку сурови јас не знам :(

Стварно ми е многу тешко а јас сум само на кратко дојдена овде во Македонија , уште некој ден па се враќам пак назад , но сакам некако да се разреши ова со баба ми

Море ако ми пукни филмот може и масакар да направам па нема на никој да бидат ниту парите, ниту имотот, ниту камиони , аптеки, дуќани и се по ред....не сакам да гледам како пропаѓа едно семејство поради ПАРИ :mad:


Ехее ова не е ново, вака од дешавки што знам обично снаата,т.е конкретно жената на вујкоти (по мене) е главниот иницијатор на тоа..Синот никогаш нема сам да си ја избрка мајка си од дома..но лесно луѓето паѓаат под влијание + ако девојката е помлада од него.. ќе му замеша 2-3 пати и овој од рука ќе и јаде..она оком он оп скоком..
 
Како што разбрав бабата е носител на наследството, сега кога таа не би била способна целиот имот би бил во раководство на дедото, а тој би го препишал на синот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom