За или против книжевни предизвици?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
јас што во О.У. не сум прочитал ни една книга-лектира,
вечерва не можев а да не ја прочитам целосно книгата за
првиот македонски поет од Васил Тоциновски.Бидеиќи и такви книги сакам,за нашето минато и историја.
Значи до своја 25 година сум читал само каубојски романи.
Потоа неколку години 2-3 се зачленив во библиотека која беше веднаш до домот, и прочитав доста книги.
Знам тогаш ги прочитав сите дела на Бак,Робинс,па почнав некоја „зелена библиотека“а и едни Вестерн-Винету и сл.
А потоа брак,деца обврски,работа и пауза од 25 години без прочитана ниедна книга,а и не сум осетил потреба дека треба да читам и не ми тоа недостасувало.
Последниве 5-10 години повторно почнав да читам, изгледа се најде слободно време(но најчесто и тоа на работа или одмор)
Понекоја книга како вечерва не ми се остава додека не ја прочитам а обично се над 200 страни.
И јас не трчам да мора да прочитам некој број на книги,дури и дали ќе имам време и овие да ги прочитам што ги имам.
 
A

AnFem

Гостин
Зошто воопшто има потреба да се дискутира за некаков квантитет и квалитет на прочитани книги? Дури и да се работи за прочитани „неквалитетни“ книги (не ми е јасен баш поимов), кои немаат некоја тематика која ќе те натера да размислуваш, барем ќе ти го збогатат речникот. Апсолутно ги поддржувам оваквите предизвици, затоа што иако некој гледа на нив како натпревар, барем се начин за мотивација некој да чита.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Доволно е некогаш да прочитам само една реченица која ќе биде доволно силна и ќе ја мислам и толкувам подолго време, а што ми вредат и милион прочитани книги кои сум ги прочитала колку да ги извртам страниците?
Не читаат сите книги за да мислат на некоја реченица подолго време. Некои читаат чисто за забава.

Сеедно ми е мене за предизвиците. Мене таа ми е бројката, без разлика дали е за предизвик или не.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Јас сум ЗА ваквите предизвици. Најпрво, од околу 40.000 членови на форумот, предизвикот, а и цел подфорум Литература не го следат активно ни 100 членови, така да не знам зошто мислите дека станува збор за пумпање его или интелектуално курчење и бенефит од самопромоција. Сигурно е дека постојат други, далеку попосетени подфоруми за остварување такви цели ;)...

Понатаму, предизвикот не е за повеќето, како што впрочем се виде и минатата година, натпревар ни со самите себе, ни па со другите. Од друга страна е многу корисен за луѓето со слични вкусови да си разменат искуства и впечатоци за омилените дела и жанрови... И сметам дека само посериозните читатели се нафаќаат на предизвици од овој тип, не може кај некој кој не чита ни две книги годишно, наеднаш да се ,,разбуди,, читателски афинитет поради натпреварувачкиот дух :D ...

Трето, мене лично ми е темата како виртуелен читателски дневник и ме радува фактот што и после години ќе можам да ги видам своите впечатоци за одредена книга и да ги компарирам ако ја препрочитувам :)...

Околу брзината на читање и ,,легнување на материјалот,, сепак е индивидуално за да спориме... Има денови кога и 20 страни ми се премногу, имав и ден кога прочитав неверојатни 220 страни, бидејќи трилерот ме обзеде целосно и морав да дојдам до крајот :) ... Оставете ги луѓето да читаат колку и што можат, сепак е подобро секогаш од нечитањето, а и судењето околу читањето на другите и критиките за истото, тешко дека не е его буст на ,,критичарот,,:pipi: ... Исто и периодот на ,,рехабилитација и средување,, кај секого различно трае и покрај цела бура од емоции и впечатоци, има периоди кога веднаш сакам да прочитам нешто ново или различно, има кога не успевам... Многу е субјективен сечиј однос кон читањето и прочитаното, така да сите објективни воопштувања немаат некое преголемо значење... :)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Не читаат сите книги за да мислат на некоја реченица подолго време. Некои читаат чисто за забава.

Сеедно ми е мене за предизвиците. Мене таа ми е бројката, без разлика дали е за предизвик или не.
Тоа е клучниот момент што цело време го потенцирам - односот што читателот го има кон книгата. Јас имам други очекувања од една книга, не забава. Затоа за мене предизвикот нема поента.

Тоа не подразбира дека ги осудувам луѓето што го прават тоа. Напротив, во најмала рака читањето е полезно за многу нешта.

Постојат луѓе што ми рекле ај ти студираш книжевност кажи ми што да читам за да си го зголемам фондот на зборови? Што да одговорам на тоа? Речник? :)

Поентата е дека збогатениот фонд би дошол спонтано, со самото читање на каква било книга. :)
Така што, океј е што читате за забава и тоа има свои предности.
Ама не е за мене. :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Аман бе луѓе, па не може секогаш да се читаат Толстој, Ниче, Хегел, потребно е човек да прочита и некоја книга за олабавување, без разлика дали е тоа Коељо или некој криминален трилер со очигледен крај... Како ја затеравте дискусијава испаѓа дека само тие што читаат “тешки“ книги се достојни да се наречат љубители на книги. Зар и на ова поле почнавте со вакви муабети...

Јас сакам да читам филозофски книги, ама мајку му, сакам и да седнам, да прочитам срцепарателна “лесна“ книга и да плачам на глас или книга која едноставно ќе ме расположи, ќе ме насмее...

Не мора секогаш во животот да се прават работи само затоа што се тешки, за размислување и сл. Некогаш треба и бегство од реалноста, а често книгите го прават тоа...
 
L

Luki Junior

Гостин
Ох, секојпат ако се чита нешто тешко, голема е веројатноста човек да се побрка у главата. Метаморфоза на Кафка сам ја прочитал у еден здив, оти е релативно кратка, ама после една недела сам му го сонувал бумбаро... Или за една вечер Ангели и Демони, и у 8 сабајле беех зомби излезено од руините на Ватикан, или пресен пример, Преспанските Камбани за 2 дена, и сам бил изнервиран оти народо македонски е толко наивен, припрост и страшлив. Па за една недела да имам комплетно различно гледиште, оти еден напатен и поробен народ да мотивираш си е сериозна работа и требе ного труд, нерви, вдахновение и креативен ум. Не е сон да се разнесе.

Мнемозина, моме македонцко, често сам се среќавал со попаметни и поучени човеци од мен, и ного пати на лице место ми е била демонстрирана ниината интелектуална надмоќност (резултат на македонцкото високо образование), а јас како понеук човек да си затворам устата и да слушам шо ми се сервира. И сега притаено ме убедувате оти оваа нешто по никаков начин нема допирни точки, туку сите тука имаме благонадежни идеи, културни, образовани, со истенчени манири, чисто за забава броеме книгите, и правеме еден голем заеднички дневник на прочитаните книги. Јас не го верувам, ама ајде, нека мине од мен. Нека е така как шо викате. :)

Второ, предизвико не е за мене. Признавам. Не поднесувам натпреварувачки работи за нештата шо ги обожавам. Исто како шо не поднесувам да бројам колко казана ракија ќе се сварат, или колко степена да е лута ракијата, или колко тона сливи ќе се родат, или дали имам ташаци од кој рид со трактор без кочници да слевнам, а сам товарен 8 кубика дрва од зад. Предизвиците са заебана работа, и за мен ја уништуват забавата. Затава со сите нешта шо ги праам, гледам јас да не си поставувам дополнителни, оти општеството, живото, и другите нешта около мен прават доволно предизвици да не ми е досадно.

Основната мисла ми е, оти со гледајне на постигајне на предизвико се губе магијата на патувајне низ свето на книгите. Шом почне да се квантифицират квалитативни работи, знај оти нештата теглат накај неарно. Лично мислење. Не ангажирам никој со него. Иначе да, целата ваа работа е неверојатно субјективна. Затава ем сите сме у право, ем сите сме грешка. :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

А од кај тоа си мислиш дека си паметен и дури чудно ти паѓало што си среќавал попаметни од тебе?
Јас мислам дека си забеган и си сретнал уште позабегани од тебе. И мислам дека се влажниш на погрешни работи.
Веројатно си сретнал некој со поголемо его од тебе и многу лесно си влегол во неговата реалност и мислиш господ си го сретнал.
Предизвиците "ти се заебана работа" затоа што предизвикуваат опасност за твоето его, страв од конкуренција, натпревар кој самиот си ги создаваш во твојата илузија, а реално не постојат.

Толку си уфилман што ме потсеќаш на Дон Кихот и неговото лудило.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Лелеее, лоши деца!!!
Таман дојдов да се согласам со предизвикот за наредната година, вие ми го скршивте филмот.
Ај вака, за мене лично, темите за предизвици за прочитани книги, ми помогнаа да земам книга во рака после добри 3 години (откако се вработив). Првин изговор ми беше дека по цел ден сум на работа, кога ќе се вратам сакам да се опуштам, да изгледам некоја серија, некој документарец или да изиграм некоја игрица. Кога ве читав како гладно тријумфирате со прочитаните книги, се роди малце љубомора, па некаде од средината на минатата година почнав пак да читам. Бидејќи не го фатив предизвикот од почеток на година, не ни пишав. Мислам дека нема ни оваа година да пишам како што сум прочитала. Но секако можам да кажам дека вие „читачите“ ми помогнавте да си ја вратам старата страст кон книгите. Нешто во стилот, ако можат другите, можам и јас. :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Мнемозина, моме македонцко, често сам се среќавал со попаметни и поучени човеци од мен, и ного пати на лице место ми е била демонстрирана ниината интелектуална надмоќност (резултат на македонцкото високо образование), а јас како понеук човек да си затворам устата и да слушам шо ми се сервира. И сега притаено ме убедувате оти оваа нешто по никаков начин нема допирни точки, туку сите тука имаме благонадежни идеи, културни, образовани, со истенчени манири, чисто за забава броеме книгите, и правеме еден голем заеднички дневник на прочитаните книги. Јас не го верувам, ама ајде, нека мине од мен. Нека е така как шо викате. :)
Луки, твое право да не веруваш, мое да (не) те уверувам дека е така :) ... Немам потреба да се оправдувам, ни потајно, ни појавно да те убедувам :) , бидејќи и немам вина, за мене предизвикот навистина е дневник на прочитани книги, ете минатата година не го исполнив квантитативно, а ја прочитав Војна и мир и многу други убави книги, па бев презадоволна и во мир со себеси и моето его и суета :) . Не сум карактер кој има нездрав компетиторски дух веројатно, а од друга страна мене не ми пречи броењето, ажурирањето, класифицирањето и сл. напротив образовниот профил ми го налага :)... За волја на вистината нашето високо образование ни било, ни ќе биде репер за продуцирање кадри со исклучива интелектуална надмоќност, знаеме дека постојат повеќе начини на стекнување дипломи, така да нема потреба од покорност пред ,,премудрите,, со нешто повеќе образование, бидејќи секоја почит се заслужува само низ дела, декларативно и претенциозно самопромовирана - не треба да помине во никој случај ;) ...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Доволно е некогаш да прочитам само една реченица која ќе биде доволно силна и ќе ја мислам и толкувам подолго време, а што ми вредат и милион прочитани книги кои сум ги прочитала колку да ги извртам страниците?
Со напишаново се согласувам.

Читањето книги и нивното спознавање се индивидуално нешто, не се предизвик, не се борба, туку се исполнување на духовната потреба на човекот.
И со ова се согласувам.

Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. Ќе го избилдаш егото дека си прочитал 40 книги
Со ова пак, не се согласувам. Барем не кога се однесува за мене. Можеби некој ова го сфаќа како натпревар, та ќе брза со читањето (можеби и ќе прескокнува пасуси) се со цел да ја достигне саканата бројка, притоа не обраќајќи преголемо внимание на содржината што ја чита, но убеден сум дека поголемиот број не го сфатија ова на овој начин. Еве јас и без предизвикот ќе си ги прочитав истите книги, со истото темпо на читање - без брзање. Си уживаав во читањето, црпев идеи, размислував за напишаното, вадев заклучоци. Не само прелетував преку страниците.
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 20:44 ---
Од книга сакам спознание, сакам идеи за кои потоа долго можам да размислувам и дебатирам, не сакам само приказна и бројки. Ако е само за приказната ќе гледаме турски серии и ќе се задоволиме што сме го пикнале носот во туѓи животни приказни.
(y)
 
L

Luki Junior

Гостин
А од кај тоа си мислиш дека си паметен и дури чудно ти паѓало што си среќавал попаметни од тебе?
Јас мислам дека си забеган и си сретнал уште позабегани од тебе. И мислам дека се влажниш на погрешни работи.
Веројатно си сретнал некој со поголемо его од тебе и многу лесно си влегол во неговата реалност и мислиш господ си го сретнал.
Предизвиците "ти се заебана работа" затоа што предизвикуваат опасност за твоето его, страв од конкуренција, натпревар кој самиот си ги создаваш во твојата илузија, а реално не постојат.
Толку си уфилман што ме потсеќаш на Дон Кихот и неговото лудило.
Прво
Не ми ги извртувај зборовето. Забеган ли сам или не сам, не си ти тај шо требе да ми дава дијагнози на мојта психофизичка состојба.
Дека напишах оти ми е било чудно. А за паметен, јас сам средностатистички паметен како и секој друг човек. И сам среќавал човеци шо са ного попаметни од мојо средностатистички интелект. Нема ништо чудно у целото тава, имам проблем со човеци шо на секаков можен начин демонстрират интелектуална супериорност, шо јас од старт ја признавам и се предавам. То ест, да тепаш послаб од тебе, и да ликуваш у целио процес.

Второ
Јас немам ни метафоричка, ни физичка вагина за да се влажнам и метафорички и физички. Или па оште помалко да се плашам од некаков хипотетички предизвик. Јас пробувам да ја одгатнам другата потскриена страна, шо според мојто мислејне си постое, а вие упорно ме убедувате оти не е така. И ако одеме по демократските начела, вие мен слободно може да ме прогласете за белосветски абдал, и ако имате повеќе власт и моќ да ме бапнете у Бардовци (хипотетички пример). И општеството или форумо нема да изгубе ама баш ништо.

Трето
Не ме познаваш доволно да правеш некакви алегории,метафори и споредби со еден чесен заљубен рицар со чисто срце, чувство за праведност, и неверојатна имагинација. И ќе те молам да не ме карактеризираш повеќе, оти нештата шо ги пишеш преминуват накај лични оквалификации од неубав вид. А баш си е чист подфорумо од такви работи.

Четврто
Ако собирам на куп и бројам, лани сигурно имам прочитано материјал за 5-60 книги. Ама целото е одломки. Нешто како литературата по едно Советско време.... Одломка...

Луки, твое право да не веруваш, мое да (не) те уверувам дека е така :) ... Немам потреба да се оправдувам, ни потајно, ни појавно да те убедувам :) , бидејќи и немам вина, за мене предизвикот навистина е дневник на прочитани книги, ете минатата година не го исполнив квантитативно, а ја прочитав Војна и мир и многу други убави книги, па бев презадоволна и во мир со себеси и моето его и суета :) . Не сум карактер кој има нездрав компетиторски дух веројатно, а од друга страна мене не ми пречи броењето, ажурирањето, класифицирањето и сл. напротив образовниот профил ми го налага :)... За волја на вистината нашето високо образование ни било, ни ќе биде репер за продуцирање кадри со исклучива интелектуална надмоќност, знаеме дека постојат повеќе начини на стекнување дипломи, така да нема потреба од покорност пред ,,премудрите,, со нешто повеќе образование, бидејќи секоја почит се заслужува само низ дела, декларативно и претенциозно самопромовирана - не треба да помине во никој случај ;) ...
Мислам дискутираме тука, а не наметнуваме мислење кој е поправ, кој е покрив, кој е попаметен, кој е побудала, кој е повеќе исфилман, кој е помалку исфилман. Оправданија јас нејќам и у приватен живот, а оште помалко тука. Оправданија на учиталката до 8мо одд. тук сме поголеми малко и да носеме оправданија.

Јас па ќе си кажам, тука сигурно сите имате ного повеќе школо од мен. Јас ја прифаќам таа позиција на инфериорност (едноставно, не сам толко учен).
Ама не е у ред, да се правете на Тошо и да ми давате изјави како на Мис Конџинијалити. :)
 
Не мора да се наметнува мислење, си избива само околу било која карактеристика, бидејќи луѓето се (про)оценуваат меѓусебно, ете тоа е дел од нашата беда или шарм земи го како сакаш, јас ти тврдам за мене лично мерењето на нечија памет не е во корелација со степенот на завршено образование, ама па е во корелација со културната ориентација на личноста - литература, музика, филмови... Ти тврдам и дека немам зошто да се правам на Тошо, не добивам ништо од уфилманоста која веројатно мислиш дека ја одгледувам и негувам, а се обидувам да ја маскирам со лажна скромност... Далеку од вистината, ама ОК секој си има право на свои впечатоци за книги, личности и се‘ останато...
 
Јас на тебе ти верувам, за секој збор шо го пишеш. Најозбилно.:)
 
R

Randy

Гостин
Ооо напето во темава. Прво како прво треба да знаеме која е причината некој да чита. Има различни човеци па така се различни и причините за читање различни. Едни читаат од лезет затоа што едноставно им е кеиф ете одвреме навреме да прочитаат некоја книга, па да направат муабет за книгата или слично. Исто како што на некој друг му се прави кеифот да вози точак, да гледа фудбал итн. Но 50 книги од лезет ми е малку несфатливо. Ајде две - три книги годината кога човек нема што да прави па да поужива во книгите тоа разбирам. Има и луѓе кои си го вадат лебот од читањето, тоа се разни писатели и критичари, но тие се сосема друга категорија. Што значи дека доаѓаме до теоријата на Луки, дека се чита од некаков си интелектуален снобизам или недајбоже некакви си фрустрации. А ако се чита за да се научи нешто корисно од книгите (се мисли повеќе на книжевноста, а не на стручните книги) не е тоа лошо, но има и поефективни начини да се научи нешто корисно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom