Мислам дека Премиера е подобра од ЕПЛ во последниве неколку години. Проблемот е само во тоа што англиските медиуми создаваат илузија дека не е така. Ги преценуваат повеќето играчи и тимови а кога ќе дојде време тоа да се докаже на терен они потфрлаат. Медиумите во Англија отсекогаш го правеле тоа и ќе продолжат га го прават. Во поново време примери се Барса/Јунајтед финалињата и Челзи/Атлетико Мадрид годинава. Пред дветте финалиња во лигата на шампиони медиумите правеа којзнае какви не анализи дека Манчестер има реални шанси да победи па дури и дека е фаворит (Флечер бил на ниво на Иниеста/Чави и дека ќе бидел клучен играч за да се добие Барса и слични глупости) а на терен се виде реалноста. Првото финале го изгубија па по некое време Фергусон кажа дека ја најдол причината за поразот и пред второто финале па се запалија како Манчестер ќе ја тапа Барса ама па си изгубија и оттогаш почнаа со приказните како Барса и Реал биле јаки а другиве тимови тапа но еве лани и годинава видовме дека Атлетико Мадрид, Билбао, Малага, Валенсија не се слаби, далеку од тоа. Барем шпанските тимови "кои не се толку добри" ги минат групите за разлика од англискиве шампиони во последниве две години. Во Шпанија има исто добри тимови освен Барса и Реал и добри млади играчи (подобри од Ремзи и Велбек кои се најавуваат како иднина на англискиот фудбал) но они не се преценети за разлика од англлискиве.
Ист е случајот и со репрезентацијата. Пред секое Светско/Европско истите глупости како се некакви фаворити. Кога Руни се враќаше се запалија како да ќе ги тепаат Италија 5-0 а овие не знаеа каде се наоѓаат.
Во последно време се знае кој е кој во фудбалот, тоа се гледа во избориве за најдобри играчи и избори за тим на сезоната.