Вртевме, вртевме... кај кого се падна паричката?

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Moon Child

Гостин
Кај сестра ми Х 2 пати годинава, еднаш дома, еднаш кај татко ми, дупла среќа:D
Инаку, не е ли крајно лицемерно да се декларираш како атеист, да го потиш во религија 24/7 а да седнеш денес да вечераш во име на Господ? Мислам, јас кога сум против нешто сум против до крај, и не правам нешто за ничиј атер. No hard feelings, just sayin...
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
eee другар 21 пат по ред ми се нема паѓано така да и за час немам големи очекувања....
а за да биде дупла бељата па ни кога сум бил мал неќеле се овие мојте барем едншка фалш паричка да ми дадат па да сум се порадувал барем малце.....:place:
Кај пишав на темава, кај се запустив.... епа конечно за прв пат во мене се падна паричката па нека ми биде среќна оваа година, но и на сите од мојата фамилија исто и на вас се најубаво во оваа година сите живи и здрави да бидете :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Кај сестра ми Х 2 пати годинава, еднаш дома, еднаш кај татко ми, дупла среќа:D
Инаку, не е ли крајно лицемерно да се декларираш како атеист, да го потиш во религија 24/7 а да седнеш денес да вечераш во име на Господ? Мислам, јас кога сум против нешто сум против до крај, и не правам нешто за ничиј атер. No hard feelings, just sayin...
Ич нема hard feelings, него, просто е, почитувам некого, и го почитувам нештото во што тој верува.
Од иста причина, сум кума на дете, сум старосватица, и немам никаков проблем со тоа. Од истата причина, на свадба на моја братучетка, муслимани влегоа во црква.
Почит е во прашање, без оглед како што се декларираш.
Одењето на слави, честитањето на празник, итн, не те прави верник ;) Некултура е во прашање, ако некого одбиеш за убава работа, како што се празниците. Моја колешка, муслиманка, ме покани на чинот на венчавање, меѓу неа и нејзиниот вереник, кој се врши од страна на оџа, па тоа што присуствував не ме направи муслиманка.

Нема никакво лицемерие, ниту сомневање во своите ставови, само почит кон луѓе кои ти значат многу во животот.


П.С. Не вечерав во име на Господ, туку во име на моето семејство, кое среќа е здраво, право, среќно и сите сме на број, и ништо на светот тоа не може да ми го замени.
Ако јас не седнев на таа маса, на тоа семејство ќе му фалеше еден член. Ти гарантирам дека Бубу врска нема од религија, па и за него се крши делче ;)
 
А

Анноун

Гостин
убав беше ослиќот . А и баклавата.


п.с кај сестра ми се падна , нека и е со среќа.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
нај фер делба оваа година кај мене дома,
во првото парче-на Господ
бидеиќи немаше деца на масата со раширени очиња,
да чекаат, да се радуваат,(кај ќерками се паднало на внуката
се разбира како што и ние некогаш сме правеле за својте деца
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
убав беше ослиќот . А и баклавата.


п.с кај сестра ми се падна , нека и е со среќа.
па не беше тоа прашањето,
сега прво рибата ја јадевте а потоа и баклавата,
а лепчето,а паричето....
 
H

HITCH

Гостин
Прво на сите да ви е на здравје вечерата и секој ден да бидете среќни, весели и најважно од се` да бидете заедно со семејството како денес. Годинава Господ сите само убавини да ве дарува, се` едно кај кого се паднала паричката.

Кај нас паричката се падна во делчето на куќата. Најмало беше, ама најсреќно испадна. :icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.743
Продолжува традицијата, откако престанаа да ми ја местат, само еднаш ми паднала и тоа пред некои 4-5 години не памтам точно...
На Василица имам подобар скор, едно 2-3 пати ми се паднала во последниве 10-тина години :icon_lol:

Иначе падна кај мајка ми, со среќа нека и е :pipi:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.398
Поени од реакции
24.110
Кај нас допрва ке се врти на Василица како што е ред;)
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
10.235
Продолжува традицијата, откако престанаа да ми ја местат, само еднаш ми паднала и тоа пред некои 4-5 години не памтам точно...
На Василица имам подобар скор, едно 2-3 пати ми се паднала во последниве 10-тина години :icon_lol:

Иначе падна кај мајка ми, со среќа нека и е :pipi:
Местеле кај тебе како Јувентус :D Мене ни да ми наместат бе :icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom