Кај сестра ми Х 2 пати годинава, еднаш дома, еднаш кај татко ми, дупла среќа
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Инаку, не е ли крајно лицемерно да се декларираш како атеист, да го потиш во религија 24/7 а да седнеш денес да вечераш во име на Господ? Мислам, јас кога сум против нешто сум против до крај, и не правам нешто за ничиј атер. No hard feelings, just sayin...
Ич нема hard feelings, него, просто е, почитувам некого, и го почитувам нештото во што тој верува.
Од иста причина, сум кума на дете, сум старосватица, и немам никаков проблем со тоа. Од истата причина, на свадба на моја братучетка, муслимани влегоа во црква.
Почит е во прашање, без оглед како што се декларираш.
Одењето на слави, честитањето на празник, итн, не те прави верник
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Некултура е во прашање, ако некого одбиеш за убава работа, како што се празниците. Моја колешка, муслиманка, ме покани на чинот на венчавање, меѓу неа и нејзиниот вереник, кој се врши од страна на оџа, па тоа што присуствував не ме направи муслиманка.
Нема никакво лицемерие, ниту сомневање во своите ставови, само почит кон луѓе кои ти значат многу во животот.
П.С. Не вечерав во име на Господ, туку во име на моето семејство, кое среќа е здраво, право, среќно и сите сме на број, и ништо на светот тоа не може да ми го замени.
Ако јас не седнев на таа маса, на тоа семејство ќе му фалеше еден член. Ти гарантирам дека Бубу врска нема од религија, па и за него се крши делче
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)