Теоријата воопшто не ти држи вода со кванитет и квалитет.
Не е теорија, туку факт. Прелистај страници низ историјата, ќе видиш. Секогаш поквалитетната војска победувала, без разлика на бројките.
Јас во еден пост претходно кога одби да ми реплицираш од само за тебе познати причини
Што сум одбил да реплицирам?
Сега кој свати свати кој не не, убаво би било да имаме нуклерано оружје и капата на криво, ама за жал немаме и тоа е тоа.
Абе знаеш, ако веќе така тераме, убаво ќе беше да имавме многу работи:
* Банки на сперма и центри за плодност, да и го мавнеме ножот на стерилноста и падот на наталитетот, и да ни се макнете од глава (не ти лично, онака зборам во множина) како луѓето како нас дополнително допринесуваат ситуацијата да се влошува на тоа поле; Ова уште на првите знаци за намален наталитет години и години наназад требаше да биде спроведено како мерка;
* Супер-установа за генетска селективност кај предбрачни двојки - со други зборови, фабрика за дизајнерски бебиња, државата ќе објави листа на потребни категории луѓе (научници, војници, артисти, економисти итн.), и во зависност од тоа која категорија е ниско застапена, ете во тие центри ќе се требат како ориз специјално одгледани деца кои ќе бидат буквално саванти во својот домен на експертиза (да не ме обвини некој за научна фантастика, дизајнерски бебиња беа реалност уште од 90те години, но тек после скоро две декади се доби зелено светло да тоа се прави во јавност, а колку што успеав да видам од развитокот на медицината во МК, имаме услови за ова да се случи);
* Да се искористи буџетот во формирање, обука и одржување на високо квалитетна војска, и високо развиена воена технологија која би можела да парира на поголемиве сили во Европа; Дали сме два милиона или не, со вакво нешто на наше располагање, веројатно нема да бидеме мета на толку политички притисоци како сега, и некои би размислиле два пати дали би ризикувале конфликт или војна. Со оглед на што се трошиме пари, верувам дека до сега можевме да изградиме нешто од ваков калибар;
* Да бидеме пивотен центар за обновлива енергија и алтернативни извори на истата во јужниов регион, особено во областа на геотермална енергија, од која имаме највеќе пристап од цела Европа. Ама ете, Грујо одлучил да го продаде тоа на странски компании, место ние да го користиме. Сега други ќе ги цицаат ресурсите на наша територија. Не е само овој случај.
* Да ја искористевме Југославија додека беше време, можевме да создадеме своја мала платформа на која после здобивање на независноста, можевме да си започнеме своја скромна вселенска програма, која веќе до денес (2013та) ако добро се инвестираше, и немаше да биде баш толку скромна; Може место мултимедија, баш на ова да градев професионална кариера, бидејќи од секогаш ми било страствен интерес.
* Нуклеарни централи и нуклеарни оружја - нема потреба да објаснувам подетално, имаат минуси и плусеви за нивното постоење. Но дека имаме "клима" за нив, имаме. Можеби со нив и ќе зациментиравме јаки и трајни односи со Русија, наместо Америка и Израел, па да играат курташак денес со нас, во зависност од тоа како ќе им прдне.
* Воени сателити - Добра воена технологија, заедно со вселенската програма ќе продуцираше и вакви резултати. Ќе им париравме на Американците со ова. Ние, двомилионски народ.
Но не ... Грујо и компанија (истото важи и за тие што беа претходно на власт) имаат изместени вредности и вредносни системи, напувани Ега, непродуктивни визии (на долгорочен план), и селективни интереси. Најчесто лични. Очигледно поважно е да се трошат пари на годишни политички кампањи, пропаганди, градење на посрани цркви, џамии, и војска од статуи и споменици, отколку вистински развој за државата (и тоа независен!). Е поради тоа, сега во случај на конфликт, од очај секој ќе треба да замине за војска, уште поголем дел ќе загинат (бидејќи војска не е за секого), и уште поголем удар на наталитетот ќе има. А дали ќе има или нема конфликт, не е 50:50 прашање веќе, туку шансите да се случи се доста зголемени, и ќе се зголемат повеќе како што притисок од страна ќе надвисне над главите кои ја водат државава.