Вечниот живот како човечко достигнување

Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Нема атеисти затоа што пипалата на религијата сеуште длабоко се протегаат, но тоа дека се шират - далеку си од вистината. Тие статистики кои ги спомнуваш веројатно доаѓаат од религиозен блог бидејќи сите релевантни извори тврдат дека атеизмот и слободата на определување нагло се зголемува посебно во последните 50 години. Атеистите се сега трета (или четврта беше?) најголема заедница во светот. Опресијата со која владееше религијата почнува да попушта со време како што науката ги побива нејзините тврдења. Од ден во ден сите необјаснети работи добиваат свое објаснување и луѓето за прв пат почнуваат да и веруваат на науката бидејќи таа ја зборува вистината. Премногу лаги од религиските книги се разоткрија.

Како и да е, оваа дискусија е повеќе од научна природа, а не религиска така да ај да не се сереме по неа, има доволно религиозни теми.

Sase_Ohrid
Зошто да те навредувам? Јас сум антитеист, а не верник. Тоа е ваша одлика.
Луѓето кои си ги навел во моментов не се влијателни туку мртви, затоа не се релевантни за дискусијава. А кога биле влијателни, човештвото ја доживувало својата ренесанса. Погледни само колку напреднавме во тој период. Бевме на месечината.. Тој подвиг сам по себе е доволен. Да имавме повеќе луѓе како нив во денешно време, којзнае колку понапред ќе бевме. Но за жал најмоќниот човек на светот - Обама, на својата инаугурација се колне во бога и во библијата. Оттаму веќе однапред може да се знае колкав прогрес ќе има човештвото.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Кој би одлучувал и на која возраст дека е доволно за да се направи тој фамозен трансфер на мозокот во машината? Нели човек учи дур е жив! Еве Anco има 57 год и сега од скоро научи слики од мобиљка да ги префрла у копјутер. :) Којзнае уште кои други работи во скоро време ги научил ;). Замисли пред дваесетина години да речел “тој некој“ ајде Анчо доста беше идеш у машина и Анчо само знаењето за браварските работи ќе го даде?А може има потенцијал и за друго. Исто ова се однесува и за тие некои научници.Кога би се правел тој трансфер?
- ајде Анчо доста беше идеш у машина
- каде?
- у машина. ајде пакуј се.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Нема атеисти затоа што пипалата на религијата сеуште длабоко се протегаат, но тоа дека се шират - далеку си од вистината. Тие статистики кои ги спомнуваш веројатно доаѓаат од религиозен блог бидејќи сите релевантни извори тврдат дека атеизмот и слободата на определување нагло се зголемува посебно во последните 50 години. Атеистите се сега трета (или четврта беше?) најголема заедница во светот. Опресијата со која владееше религијата почнува да попушта со време како што науката ги побива нејзините тврдења. Од ден во ден сите необјаснети работи добиваат свое објаснување и луѓето за прв пат почнуваат да и веруваат на науката бидејќи таа ја зборува вистината. Премногу лаги од религиските книги се разоткрија.

Како и да е, оваа дискусија е повеќе од научна природа, а не религиска така да ај да не се сереме по неа, има доволно религиозни теми.
Професорка по социологија лани на час ни ги донесе во факултет. Атеист е женава инаку, често контра си мававме. Веројатно не е будала да чепка од религиски блогови.
Објективна беше кон сите нас.
Инаку за нештово како идеја се согласувам со Директ Икс кој кажа дека мозокот старее.
Да се наштима тоа чудо е првиот чекор кон успешно ,,пресадување" да го речам.
Јас на филмовите каде вампирите биле бесмртни си велев со умот кизнај колку им е досадно, па од таму нештово не ме палело. Ако треба да умрам утре нека умрам, то е човечки.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Старее де, никој не рече дека тоа не е точно. Ама за да се наштима, треба експериментирање. Како ќе научиш да поправаш радио ако не го расклопиш и расипеш прво?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Mеч со две оштрици, или ќе го биди или не ако јас го разглобам. Мислам дека второво повеќе дека не, познавајќи се самиот дека сум камен од тие работи. Од друга страна сметам дека човекот е сеуште камен за да си игра со мозокот, нешто ко јас со радиото. Да ја познаваш структурата на истиот не е мерило дека успешно би си ја завршил задачата. Јас не верувам лично во проектот на русинот, но ајде, нека фрли некој денар кога ги има веќе вишок.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Епа затоа нема да пуштиш багерист да се занимава со генетски инженеринг зарем не? Има луѓе кои се разбираат од овие работи, само треба да им дадеш одврзани раце и дозвола да експериментираат. Дека е меч со две острици тоа да ама убаво го кажа можниот исход - Или ќе го биди или нема да го биди.

Од друга страна ако никогаш не пробаш, има само еден исход - Нема да го биди.
Зарем не е подобро 1% шанса Да Го Биди од што 100% шанса да Не Го Биди? На смртната постела ако некој ти рече да ти направат итна операција и дека има мали шанси да ти го продолжат животот, зарем нема да го прифатиш тоа? Ионака умираш, што може да загубиш?
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Ајде ќе те разочарам,
1,И мозокот старее и умира.
2,Полошто е што со староста ја губи својата моќ...замисли, на 1000 години ти требаат 100 часа за да се сетиш како се викаш :)
3,всушност не е проблемот во смрта,нормално е и пожелно е секој да умре.
4,Но тешко е што неможеме да го одредиме момент кога ќе умреме,освен со самоубиство,ама тоа не е прифатливо.
1,Мозокот старее и умира заради лошиот животен стил (неправилна исхрана, презагадена околина, стресови во приватен и професионален живот).
2,Ако ги оптимизираш претходните фактори мозокот и остатокот од телото бесконечно ќе се регенерира и ќе ја има истата функционалност и по 1000 години.
3,Не е ниту нормално ниту пожелно секој да умре.
4,За да можеме да го одредиме моментот на смрт, претходно мора да го имаме достигнато вечниот живот којшто се крие во точка бр. 1. Зашто да не е прифатливо самоубиството на некој кој хипотетички проживеал 35000 години, видел све живо и диво, преживеал стотици војни, прошетал 1/10 од млечниот пат и сега нема цел во животот. Нема ништо ново да види, да искуси, да прошета, да прочита, слушне итн итн. Зарем тука не е прифатливо самоубиството?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Секако дека убо е ако се попалуваш по истото и го посакуваш, јас претходно реков к... ме боли за бесмртност. Пример сакам да ја сакам женска ми познавајќи го фактот дека некогаш пример ако стигнеме до успешен брак со деца, нема да сме заедно, т.е ќе се разделиме, па така да си ја практикувам љубовта која би ме хранела и правела радосен среќен дури можам, исто и со фамилијата, времето ме брка. Човекот е некогаш радосен среќен, тажен, глуп, паметен, да се опамети ако е глуп и ред други процеси. Јас загубив пред две години 26 годишен братучед, јако ми фали, и на вечер си плачам по спомените со него, но тој ме научи во дел од севкупниов мозаик дека јас треба да бидам среќен дури можам бидејќи времето ми ја дава среќата. Вака ако е то до недоглед тој би бил жив, јас би бил жив и цело време би живееле и шо имаш монотонија. Кое фајде од бесмртност? Дека ќе имам неограничено време да си играм во светов жив мртовец?Секоја игра се смачува кога е претерана, така гледам и на чудово. Скроз поинаква перцепција имаме и мисла за истата, но како и да е , ја оправдувам и твојата, нели секој човек си има некаква замисла, ја почитувам твојата како таква и ти посакувам да се оствари .
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Organs that can be transplanted are the heart, kidneys, liver, lungs, pancreas, intestine, and thymus. Tissues include bones, tendons (both referred to as musculoskeletal grafts), cornea, skin, heart valves, and veins. Worldwide, the kidneys are the most commonly transplanted organs, followed closely by the liver and then the heart. The cornea and musculoskeletal grafts are the most commonly transplanted tissues; these outnumber organ transplants by more than tenfold.
Organ donors may be living, or brain dead. ( http://en.wikipedia.org/wiki/Organ_transplantation)

Brain death is the irreversible end of all brain activity (including involuntary activity necessary to sustain life) due to total necrosis of the cerebral neurons following loss of brain oxygenation. (http://en.wikipedia.org/wiki/Brain_death)

Ако успеат да го “наштимаат“ мозокот да функционира и независно од телото и останатите органи тогаш поприфатлива е идејата да продолжат со истражувањата во правец како да се продолжи човечкиот живот во тело кое нема /или споро ќе старее одколку да се продолжи со машини и роботи и сл.

Дека прават истражувања научнициве и со човечки мозок можеби прават ама сигурно позади “дебели врати“.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Па добро не мора да е бесмртност ама како што кажа господинот над тебе, може во најмала рака да биде должина на живот која ти ја одредуваш самиот. Ако до толку ти пречи бесмртноста, живеј дур не ти здосади и потоа стави крај на се. Целата поента на ова е да не бидеш заложник на еден феномен врз кој немаш контрола. Што ако ти дојде време да умреш а твоето дете има 5 години? Не си стигнал да го гледаш како се развива, како станува свој човек. Зарем навистина сакаш да имаш толку сиромашен живот? Зошто колку и да си против бесмртноста, мислам дека ќе се согласиш со мојот став дека понекогаш е добро да имаше барем 10-20 години повеќе.

ION
Да, ама тие истражувања зад дебели врати се со мали финансии и под константен страв. Замисли да имаа одврзани раце, колку побрзо ќе ја постигневме целта.
 
За ова можи да се согласиме, но не за секогаш или стално по народски. Да се контролира до некаде можеме да прајме муабет. Никој не ја бира смртта. Иди како најтивкиот ветер, а заминува како најсилниот ураган. То е то.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
А што значи да имаат одврзани раце?
Во некои држави можеш да се пишеш донор по твојата смрт доколку органите се искористливи.Значи ако се согласиш на тој начин мислам дека нема проблем.Се друго е по насилен пат и неприфатливо.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
1,Мозокот старее и умира заради лошиот животен стил (неправилна исхрана, презагадена околина, стресови во приватен и професионален живот).
2,Ако ги оптимизираш претходните фактори мозокот и остатокот од телото бесконечно ќе се регенерира и ќе ја има истата функционалност и по 1000 години.
3,Не е ниту нормално ниту пожелно секој да умре.
4,За да можеме да го одредиме моментот на смрт, претходно мора да го имаме достигнато вечниот живот којшто се крие во точка бр. 1. Зашто да не е прифатливо самоубиството на некој кој хипотетички проживеал 35000 години, видел све живо и диво, преживеал стотици војни, прошетал 1/10 од млечниот пат и сега нема цел во животот. Нема ништо ново да види, да искуси, да прошета, да прочита, слушне итн итн. Зарем тука не е прифатливо самоубиството?
Во генетскиот код е програмирано регенерацијата на ткивото да запира со тек на годините, и така телото вклучително и мозокот да умре.
Нормално и пожелно е да се умре за да се остави место за другите помлади единки да живеат. Така функционира био светот на планетава, преку природна селекција и еволуција. Без смрт никогаш човекот не би еволуирал во подобрена верзија :)

А од друга страна што ќе правиш со бесконечноста. Тогаш универзумот би ти станал затвор бидејќи би го прошетал цел универзум пешки пет пати...и ќе се почуствуваш клаустрофобично.
Се надевам не си дедо од 90 години па сега го броиш секој миг и го очекуваш крајот :) се надевам дека здравјето ве служи добро.
Тогаш зошто имате толкава желба за вечен живот.
Ако ти е за науката, не се плаши, таа успеа да си обезбеди вечност преку научните институции. Па така еден научник работи и твори и се тоа останува снимено во институцијата, научникот умира а неговата работа ја продолжува неговиот асистент....и така натаму.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
ION
Не бре човек, какво насилство какви бакрачи. Говорам исклучиво за волонтери. Немаш појма колку корисно би било да има и мртви мозоци прво за експериментирање, а потоа и живи. Пример луѓе кои се во кома, луѓе кои патат од терминални болести и имаат 3-4 месеци живот.. Може не сите, ама некои од нив би се согласиле да го донираат своето тело за вакви истражувања. Да не ги заборавиме и луѓето кои решиле да извршат самоубиство. Не знам во која европска држава беше, ама дозволено било помагање при самоубиство, за истото да биде безболно. Кога овие луѓе решиле да си го завршат животот, зошто да не се искористи нивното тело? Може да бидат ставени во хемиска кома и експериментите да се извршат непосредно пред нивната смрт.

Начини има милион, и најголем дел од нив се етички. Само треба да се ослободиме од тие пранги на средниот век и да сфатиме дека тоа веќе не е табу туку можност да се подобриме себеси.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
вечен живот велиш а ?
Е добро, ај да речеме дека му успеало на некој..
И што ? Што кога ќе живееш форевар ? Подобро е така ? Јас мислам не. Дури 1000 години живот би биле многу, премногу. Ќе престанеш да уживаш, ќе престанеш да доживуваш нови работи и искуства, без престан ќе ти биде како оние досадни денови кога се е сиво и не знаеш што да правиш. Ќе почнеш да забораваш, првата играчка, првата љубов, првото дете итн.. Замисли апокалипса. А ти сеуште си жив. Земјата експлодира, а ти шеташ низ вселената како муа без глава. Хмм, внимавајте што посакувате.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom