Ето мене опет.
Реков до Јануари нема да брборам за да можат А.В. љубителите да ги извадат сите можни џокери од рукав за да ја оправдаат моменталната ситација у клубов.
Значи да резимираме без посебно опсежни забегувања:
- Губиме од треторазредни тимови со мање више фул постава - ништо страшно!
- Тепаме против ист таков тим - мајко моја Шчо напраифме! шо би рекол Мисирков!
- Пред некој ден разваливме тим Новзамок кој со друга постава успеа да ни збрца неколку гола онака на бафтанана - Волкот беше супер али сепак е ќе го шиткаме, го*но од човека!
- Денес мислам дека достигнавме врхунац, успеавме нерешено со Саутхемптон, јас мислам дека мисијата на клубот е остварена, оваков тежок тим немаме сретнато до сега!
Нема причина за секирација, најважно од се е да се пласираме за идната сезона на ЛШ и луѓе ви се молам ПА НИЕ ИМАМЕ ТОП СТАДИОН, затоа дајте ви се молам прекинете да барате титули затоа што глобалната економско-мафијашка-еб*но игорче
WTFситуација е таква да мораме сите да сме задоволни инаку
НЕ СМЕ ФАНОВИна Арсенал и мора да идеме да навијаме за MCU или MNU.
Овде официјално најавувам отворена војна против сите А.В. фанови со изјавата: А.В. МОРА ДА СИ ОДИ под итно!!!
За да си ја лечите психата ете зборете што сакате, јас нема да се повторувам дека Венгер (пази го пишувам без кратеница) е легенда на клубот, но фичото кое го купи дедо ми пред 25 години веќе не иде - ниту пак А.В.
Сакам А.В. да остане у Арсенал али прво да му плесне некој 2-3 шамара за чисто да го врати у филмот Back to the Future, али ако не може - гитла!
Добро бе, во кој свет живееш ти?
За кој Арсенал навиваш? За тој од 2004-та?
Ало, ова е врвот на клубот, ова е максимумот, последниве 15 години се најдобрите години во историјата на овој клуб и ти немаш никакво оправдание да се жалиш.
Освести за каков клуб навиваш, Арсенал никогаш не бил редовен конкурент за титула и редовен учесник во европски натпреварувања пред да дојде Венгер. НИ-КО-ГАШ!
Ова е златен период на клубот, период кој ќе биде уште подобар во иднина затоа што овој борд и овој тренер го овозможиле тоа.
Што ти очекуваш да се случи кога Венгер ќе си оди? Што? Да дојде нов тренер и од под ракав да ги извади новиот Анри, новиот Пирес, новиот Кол, новиот Љунгберг и ние да си бидеме непобедливи секоја сезона додека другите клубови си ги држат таквите во раце? Тоа ли очекуваш?
А, да, можеби Анри треба да дојде како тренер, со нула искуство, е баш тоа не би сакал да го видам за да не ја расипе сликата како клупска легенда.
Види малце по кого плукаш. Венгер можеше слободно да отиде во Реал Мадрид или во ПСЖ каде би имал поголема плата и 10 пати поголем буџет од тој во Арсенал. Можеше комотно светско да освои со Франција без да мрдне со прст кога му се укажа шанса.
Ако го плукаш Арсен, го плукаш Арсенал, затоа што Венгер во клубов е алфа и омега, почетокот и крајот, јин и јанг, Бони и Клајд.
Интересно е што топ 4 пласман не е успех за вас, ок е тоа, очекувањата ви се големи, запрашај се поради кој човек навивачите на Арсенал можат да имаат толкави очекувања.
И не се нервирај толку, фудбал е, фудбал на едно 5-6 илјади километри од кај што живееш, не вреди толку нерви да губиш.