- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Низ историјата платената војска е доминантна.
Војската составена од римските граѓани ( милиција ) која ја порази Картагина, заменета е со платени легионери од страна на Марие, мажот на тетка му на Цезар, во 107 година пред новата ера.
Римските легионери беа професионални војници кои примаа плата а по истекот на договорот добиваа одпремнина
Во феудализмот војниците биле плаќани со земја
За времето на Отоманската империја, според спахиско - тимарскиот систем, секој војник добивал на плодоуживање имот, земја - тимар и од тој приход се издржувал.
Јаничарите како елитна војска на Отоманската империја се исто платеници кои по одслужувањето на воениот рок добивале одпремнина и пензија
Првапат модерна војска пополнета со општа мобилизација на граѓани вовел Наполеон.
Во Кралството Југославија и СФРЈ постоеше армија составена од граѓани, а понискиот офицерски кадар беше пополнуван и од граѓани и од професионалци ( резервни и активни офицери ) Вишите офицери беа професионалци.
Моите симпатии се кон армија составена од граѓани, бидејќи таа е одраз на едно граѓанско општество. Но факт е дека во цела Европа граѓанските армии се заменуваат со професионални војски извонредно обучени и опремени.