Изгубено палто во клуб/дискотека

Тешко дека ќе го најдеш палтото, освен некој ако го земај по грешка па да се врати да каже.

Мене од матура ми го вратија палтото после 3 недели. Го оставив кај еден постар дечко што ни пушташе музика во кола, он си отиде порано, па го дал на некој друг и таман се откажав дека ќе ми го вратат ми го донесоа на врата.

А сега еден другар од апсолвентска се врати со погрешно сако, дрво се направил, после според документи што ги имало во џеbот го најде другиот дечко, кој случајно му бил колега и му го врати.
 
Имавме случка кај што неможевме да ги најдеме јакните, типот од гардеробата ни даде рандом јакни и ни вика еве земете ги овие, па после другите ќе ги земат вашите :pos: Нормално одбивме, пребаравме убаво и ги најдовме...
Мислам дека нема каде да се јавиш, освен да ги пријавиш пошто нивна е вината.
Имав познаници што крадеа порано јакни од дискотеки. Само ради тоа искачаа :facepalm:

:pos::pos::pos::pos::pos:
 
Ако не треба тука темава, ако не ви е тешко преместете ја.

Вчера во 05:00 сабајле во Велес, клуб Импакт си го изгубив палтото односно го снема од местото каде што стоеше. Го оставив во гардероба и си земав бројче 2 (дека на почетокот дојдов, досадно ми беше). Кај 5 саатот кога си одев, одам таму го давам бројчето и тој таму ми вика дечко нема ништо, земено ти е. Се расправав наваму натаму, џабе е, нема поим сирот каде е.

Имав новчаник, малку пари, лична карта и тоа изгледа. Се обратив кај надлежните ми викаат дека гардеробата работела до 4 и не сносуваат никакви последици. Не може гардеробата да работи до 4, а клубов до 6 и вработениот дреме таму за џабе.. нема корист од него секако.

Прашањето ми е дали има некој центар за вакви проблеми и после колку часа треба да пријавам дека ми е изгубена личната карта? Вината е целосно нивна бидејќи го оставив каде што треба и тој вработениот таму е должен да пази. Не може да го даде палтото на некој ако му рече дека тоа е негово, треба да побара бројче за да докаже дека е негово. Ако е за така јас можам да си прошетам ко у бутик и да си одберам шо сакам.

Ако имал некој слична случка нека пише нешто.

фала
Ако си го изгубил палтото а тоа ти било некаде ставено во дискотекатеа не некој стол или.....тогаш ти си одговараш,но вака кога имаш број и некој теправи будала требало да му јебеш мајку како што би рекле србитеее .
 
Ако не треба тука темава, ако не ви е тешко преместете ја.

Вчера во 05:00 сабајле во Велес, клуб Импакт си го изгубив палтото односно го снема од местото каде што стоеше. Го оставив во гардероба и си земав бројче 2 (дека на почетокот дојдов, досадно ми беше). Кај 5 саатот кога си одев, одам таму го давам бројчето и тој таму ми вика дечко нема ништо, земено ти е. Се расправав наваму натаму, џабе е, нема поим сирот каде е.

Имав новчаник, малку пари, лична карта и тоа изгледа. Се обратив кај надлежните ми викаат дека гардеробата работела до 4 и не сносуваат никакви последици. Не може гардеробата да работи до 4, а клубов до 6 и вработениот дреме таму за џабе.. нема корист од него секако.

Прашањето ми е дали има некој центар за вакви проблеми и после колку часа треба да пријавам дека ми е изгубена личната карта? Вината е целосно нивна бидејќи го оставив каде што треба и тој вработениот таму е должен да пази. Не може да го даде палтото на некој ако му рече дека тоа е негово, треба да побара бројче за да докаже дека е негово. Ако е за така јас можам да си прошетам ко у бутик и да си одберам шо сакам.

Ако имал некој слична случка нека пише нешто.

фала
Со динамит како стоиш? :D
 
Еве ја да ти кажам од правна перспектива дека имаш основ да ги тужиш. Давањето палто во дискотека се смета за договор за депозит. Ќе треба само да имаш нешто со што докажуваш дека стварно си го дал палтото, тикетче, нешто.
Disclaimer: Викам, имаш основ, можеш, а дали треба да тужиш е друго прашање.
 
Значи овие од к-15 се цареви !!!
Баш пред некоја недела глеав на алфа ист ваков скеч, тошо иде го дава палтото на чување, се враќа после и му викаат гардеробата работи пример до 4 а он у 6 иде и му вика некој друг ти го земал палтото. Значи цареви се !!!

Он топик, многу глупа ситуација ем им плаќаш ем без палто остануваш...
Еве членот погоре ти кажа од правна гледна точка како стоиш, ама незнам колку ќе ти се исплати да ги тужиш (барем ја не мислам дека ќе има некоја корист)...
 
ништо,следниот пат дома испечати исти такви броеви и застани пред гардеробата и гледај кој ќе остави некоја добра јакна,обавезно запамти го бројчето и кога ќе се врати тој другиот ќе биде како помочат исто како и ти:)
 
Chucky Напрво треба да објавиш во весник за личната карта дека ти е изгубена, потоа да отидеш и во полициска станица или дирекција на МВР каде што ќе потпишуваш некои барања / документи дека ти е изгубена личната карта , дури ако никој не ти ја најде личната карта во одреден рок мислам од 1 недела мораш да вадиш нова лична карта за која ќе ти требаат многу документи да подготвуваш и долги процедури што ќе траат , до некаде зависи може и некои казнени поени да плаќаш бидејќи се работи за личен документ и тоа ти е прв приоритет за идентификација. Требало одма да пријавиш за изгубена лична карта , а за палтото и парите прежали ги глеј личнава карта да ја средиш некако.
 
Леле кога ќе ми текне пред 4-5 години како средношколци кога излегувавме викенд шема во еден кафич. На пола локал палтата, капутите, мантилите, сакоата, се' што е за наметнување стоеше и се ставаше на ЕДЕН висок стол залепен до ѕид, закачалка строго не :icon_mrgr:. Ќе видиш столот паѓа, палтата по земја, па пак ги креваат, пак ќе се истурат, некој несакајќи ќе ги згазне .. Ама сите беа на број. На никој ништо не му зафали и никогаш ништо не се изгуби ! :D
 
Еј,што ти е промена на генерации,крвта се помеша,
Па во 60-години кога Вардар играше,замисли 3-4 автомобили,
и 5-6ооо велосипеди,од Женска гимназија до ЗОО,
па на никој не му се изгуби тркалото,и секој си го наоѓаше кај што го оставил,во тревата или потпран за некое дрво,
и тоа чудно без чувар - Напред Вардар.
Жал ми е за палтото,ај белки ќе ти го вратат,кога ќе се отрезнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom