Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Чудесен свет на Каролина

Во музиката, како и во животот, најубавите работи всушност се наједноставни. Тоа го потврди и првиот unplugged концерт на Каролина Гочева, одржан оваа сабота (22. декември 2012-та) во Универзалната сала во Скопје.

karolina-koncert-2.jpg


Поводот за средба со фановите овој пат беше новата, штотуку објавена компилација Најубави песни, која всушност претставува суптилен пресек на дискографското минато на Каролина. Оттаму, сосема логичен беше стартот на концертот со актуелниот сингл Тој, по што Каролина, воведувајќи не во својот чудесен свет на музика, не потсети на најблескавите моменти од својата навистина богата кариера.

Елегантна во својот изглед, со математички прецизна изведба на секоја зададена тема, една од најдобрите домашни пејачки на сите времиња и тоа како го положи тешкиот испит. Без празни чекори, сувишни зборови и непотребна патетика. Опкружена со публика од сите страни, веќе по втората песна воспостави контакт со фановите, кои хорски ги пееја песните.

karolina-koncert.jpg


Секако, за потребите на концертот, концептот од Најубави песни беше проширен, па имавме можноста да ги слушнеме и двете евровизиски песни на Каролина – Од нас зависи (2002) и Мојот свет (2007), подзаборавената За нас (Скопје 2000), како и големиот хит Хипокрит во една продолжена jazz изведба, потоа силната балада Се лажам себе, па српската верзија на големиот хит на Владо Јаневски – Некогаш и негде...

Придружувана од десетина млади музичари, плус придружни вокали & дувачка секција, Каролина ги испеа најважните песни од својата богата и долга кариера – Без оглед на се, во заборав, ...И ќе биде се во ред, Знаеш колку вредам, Штом сакаш, Умирам без тебе, Само уште еден ден, Љубовта е моја религија, Не чувствувам страв, Капка под небото, Крај... За бис беа оставени Не се враќаш и Остани...

И овој концерт на Каролина е во организација на нејзината матична продукција Авалон. Ќе забележам - одамна некој концерт во државата не беше рекламиран толку суптилно и ненаметливо, а ефектот да биде толку силен. Секоја чест!

Лесно и е на Каролина! Со 20 и фазла песни, кои од почеток и крај ги пеат фановите, таа во секое време може да има успешен концерт. Некој ќе каже – Ѕвездата е родена. Не! Ѕвездата трае и сјае посилно од кога и да е, бидејќи е вистинска ѕвезда.

karolina-koncert-3.jpg


И, уште нешто. Концертот, кој на најдобар начин ја заокружува оваа претешка година за македонската поп-сцена, и музика воопшто, без оглед што е распродаден, нема да биде репризиран. Кој видел – видел. За останатите еве приказна, фотографии... До некоја следна прилика.

А веќе сега знам - Srešćemo se opet. Со уште поголемо задоволство!

Иван Беќковиќ
http://mmm.com.mk/vesti/domasni/881-cudesen-svet-na-karolina
 
Од оправдани причини за жал не можев да присувстувам на концертот.
Ми преостанува да ги гледам видеата и сликите.





 
Секогаш сум ја сакала оваа девојка сум израснала со нејзините песни ама оваа ми е најубава :pipi:
 
Каролина треба да се чува како капка под небото


BDDADF18A95F0E418D8F2640C56A9D52.jpg


Каролина Гочева во интимна и опуштена атмосфера и со многу емоции на префинет начин го презентираше своето дискографското минато, кое и е најдлабоко врежано во срцето. Придружувана од 17 музичари, музичката приказна во анплагд варијанта, а која повеќе од два часа ја раскажуваше за сите фанови и пријатели завчеравечер во Универзалната сала, ја почна со одличната "Тој".
Во секој такт, во секој рефрен несебично се даваше за да продре и до најпребирливите и само да потврди дека не за џабе веќе 17 години е женскиот вокал кој ја пишува музичката историја на Македонија, па и Балканот. Македонското девојче со својот моќен и кристален вокал докажа дека знае да ја однесе публиката во една поинаква димензија, на едно несекојдневно патување во еден друг свет на музика каде се ужива од првиот до последниот такт, а во текстовите секој може да најде барем дел за себе.
Се редеа тажни и ведри љубовни песни, ги сервираше нумерите што таа мисли дека и се најубави и што неа интимно најмногу ја трогнуваат, но ја раздрмаа и публиката во преполната сала, која не ги штедеше дланките, и даваше поддршка и го фаќаше тактот на нумерите.
"Мразам клише муабети, но ви благодарам што дојдовте. Среќна сум ако се забавувате барем половина како ние на сцената", рече битолчанката која беше опкружена со публика од сите страни, како пред така и на сцената, веднаш до неа. И појде од рака сите да ги крене на нозе.
"Од нас зависи", "Мојот свет", "Хипокрит", "Штом сакаш", "Капка под небото", "Крај", "Умирам без тебе", "И ќе биде се во ред"... суптилно и искрено ги споделуваше со сите, но кога дојде време да стави крај и да замине да ги средува импресиите со пријателите, мораше да се врати за да стави печат до некое следно дружење со "Остани" и "Не се враќаш".
Тоа беше дефинитивно ноќ на Каролина во која едноставно блескаше, како со фантастичната интерпретација така и со стајлингот. Во вечерната тоалета изгледаше префинето, елегантно и дамски, а кожената јакна и даваше мала рокерска бунтовничка доза. Едноставно се надмина себе си, блескаше како најсјајна ѕвезда и според реакциите на присутните го положи најтешкиот музички испит во кариерата и тоа со чиста десетка.
Организаторите на концертот, Авалон продукција, можат само да се гордеат што во своите редови имаат ваков музички дијамант и, секако, треба да ја чуваат како "капка под небото".

Едит од Тончи: Извор - Вечер
Фото: Драган Митрески
 
Првата ноќ од новата 2013 година поминете ја со Каролина
Етно концертот на Каролина на Алфа на 1 јануари во 20 часот
 
Каролина на календарот за Пелистерка 2013

Завчеравечер во клубот Колосеум се одржа промоцијата на новиот Пелистерка календар. Годинава на страниците на месеците од 2013 година ја има единствено поп-дивата Каролина Гочева. Како што велат од тимот на Пелистерка, тие се одлучиле токму за неа бидејќи како и самиот бренд и Каролина е безвременска и препознатлива.
Каролина е претставена во неколку класични периоди од минатото, како еден вид патување, а фотографот кој го сработи календарот е Чедо Поповски. Годинашниот календар прави ретроспектива на развојот на брендот, забележувајќи дека во секој период од своето постоење Пелистерка била убава, единствена и најдобра, и затоа како синоним оваа година заштитно лице на Пелистерка календар е токму Каролина.
На забавата гостите ги забавуваа поранешните две Пелистерка девојки, Викторија Лоба и Елена Ристевска и Жаре бербер, а присутните исто така имаа можност да го видат и најновиот рекламен спот на Пелистерка.
Во последните 10 години желбата за развој на брендот Пелистерка резултираше со нови инвестиции и целосна промена како на производствените капацитети и асортиман, така и на производите.
 
За сите оние кои не беа на концерт на Каролина,ќе може ексклузивно да го видат на 1ви јануари во 20ч. на Алфа.
 
Не е ниту концертот што беше сега, не е ниту концертот за Македонско девојче туку Каролина пее песни во студиото на Алфа.
 
Не е ниту концертот што беше сега, не е ниту концертот за Македонско девојче туку Каролина пее песни во студиото на Алфа.
Па вака пред некој ден на сајтот на Алфа стоеше дека ќе го даваат концертот на Каролина од албумот"Најубави песни",но сега веќе е сменет дел од текстот кој е конфузен пак го најавуваат како "Најубави песни" наместо "Македонско девојче".
 
Календаров WOW, Каролина :cuc:

Се повеќе е излишно да се каже!
 
Држеча Кароличнево браво, имав полошо мислење за физичката состојба :)

off.net.mk-28938.jpg


Иначе шо бара Боби тука :)))

off.net.mk-28898.jpg
 
А кој е Боби
На Кајагана беше Serpico, на Twitter e BatmanSaysT, архитект по чколија, колумнист по Офф.нет.мк, шегобиец и фан на Елвис Присли секогаш.

Некои велат дека на итнернет има фотка од мене, него, една плавуша и некој малолетник заедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom