Се враќа задолжителниот воен рок?
Армијата размислува за враќање на задолжителниот воен рок, кој би траел 3 месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1.500 до 2.000 војници. Ова во интервју за „Без Пардон“ го истакна началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски, најавувајќи дека набргу е можно да биде донесена одлука за воведување на потполна професионализација во армијата.
- Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо. Размислувањето е пополнувањето сo регрути да се врши со враќање на воената обврска и 15 отсто од активниот состав на АРМ да биде составен од војници регрути. Согледувајќи ги бројките на војниците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата, може да се заклучи дека овој процент војници на отслужување на воен рок би бил сосема доволен - вели првиот човек на ГШ на АРМ.
Тој објаснува дека кога воениот рок би траел три месеци, тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1.500-2.000 војниц, односно во текот на годината би служеле три генерации по три месеци.
- Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање на одредени подготовки - вели Котески.
http://www.plusinfo.mk/vest/74123/Se-vrakja-zadolzhitelniot-voen-rok