Редовна војска повторно?

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Уште еден потег кој веројатно ќе наиде на зелено светло од Владата, и после кое пак ќе чеша глава Грујо, зошто младината му бега во странство. После остварување на вакво нешто, само повеќе млади лица би фаќале кидавела за во странство, од процентот кој веќе бега од разни други причини натаму.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Се враќа задолжителниот воен рок?
Армијата размислува за враќање на задолжителниот воен рок, кој би траел 3 месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1.500 до 2.000 војници. Ова во интервју за „Без Пардон“ го истакна началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски, најавувајќи дека набргу е можно да биде донесена одлука за воведување на потполна професионализација во армијата.
- Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо. Размислувањето е пополнувањето сo регрути да се врши со враќање на воената обврска и 15 отсто од активниот состав на АРМ да биде составен од војници регрути. Согледувајќи ги бројките на војниците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата, може да се заклучи дека овој процент војници на отслужување на воен рок би бил сосема доволен - вели првиот човек на ГШ на АРМ.
Тој објаснува дека кога воениот рок би траел три месеци, тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1.500-2.000 војниц, односно во текот на годината би служеле три генерации по три месеци.
- Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање на одредени подготовки - вели Котески.

http://www.plusinfo.mk/vest/74123/Se-vrakja-zadolzhitelniot-voen-rok
shto ako ne sakam? :D
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Уште еден потег кој веројатно ќе наиде на зелено светло од Владата, и после кое пак ќе чеша глава Грујо, зошто младината му бега во странство. После остварување на вакво нешто, само повеќе млади лица би фаќале кидавела за во странство, од процентот кој веќе бега од разни други причини натаму.
Зошто би бегале заради 3 месеца армија?

Во зависност од луѓето кои ќе бидат со тебе таму, може да биде и фино место армијата.

Јас ја отслужив на 26 години, и тоа само неколку месеци пред да се помилуваат тие што не отишле и да се укине истата, и не жалам бидејќи бев со еден куп мои врсници, сите образовани, а дојдени таму под присила, нели задњи воз беше (мене дури на аеродром пасошот ми го земаа), и до ден денес сме добри пријатели со повеќето од нив.

Можеби навистина 7 месеци колку што загубив јас, а претходно 9 и 12, е многу, но два до три месеца е сосема во ред, барем да знаеш да држиш пушка и да ја употребуваш. Да испукаш 50 ина куршуми да го здобиеш филингот барем:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Па нека биде необавезна. Кој сака, 200 денари да кажеме дневница (или штознам) јадење, облека беспари. Заузврат Македонија ќе има кој да откопува канали и снег, кој ќе сади дрва и ќе дава крв. Некои во војска изучија и занаети.
Гледајќи колку конкурираат за обични полицајци и платени војници, очигледно е некои млади се у тешка каша и со станбен простор и со работа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.541
Поени од реакции
69.375
Полоша одлука амин.
Ако ја изгласаат, има следни избори да полнам кутии против тие што го изгласале :D]
Која црна војска бе, џабе потрошени три месеци ќе ти бидат тоа, после две недели обука ќе те опнат на царина да дремеш.
Ем си губиш време, ем никаков ќар од тоа, ем ако има војна ќе сметаат дека си добро истрениран ќе те наместат таму да загинеш некаде.
За три месеци неможеш да научиш да пукаш, камоли нешто повеќе.
 
H

HITCH

Гостин
Полоша одлука амин.
Ако ја изгласаат, има следни избори да полнам кутии против тие што го изгласале :D]
Која црна војска бе, џабе потрошени три месеци ќе ти бидат тоа, после две недели обука ќе те опнат на царина да дремеш.
Ем си губиш време, ем никаков ќар од тоа, ем ако има војна ќе сметаат дека си добро истрениран ќе те наместат таму да загинеш некаде.
За три месеци не можеш да научиш да пукаш, камоли нешто повеќе.
Ај, Шкорпи го знаеме дека е педер, ама вие останатите бре... :pos:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ај, Шкорпи го знаеме дека е педер, ама вие останатите бре... :pos:
Ај кажи ми 1,само 1 што во војска станал маж ?
На едната половина им е ладење јајца,на другата губење време.......
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.541
Поени од реакции
69.375
Ај, Шкорпи го знаеме дека е педер, ама вие останатите бре... :pos:
Ништо нереално не кажав :)
Братучед ми беше пред да го укинат служењето.
Имаа околу три недели обука, после го опнаа да дреме на царина.
Ништо не научи за тој период, а пази молимте го одбрааза најспремен во групата.
Каков спремен, какви бакрачи.

Џабе потрошено време. Прееска дискутиравме низ маало, сите освен еден што ништо не прави во животот се согласи за одлуката. Никој не му се иде, многу логично, уште пологично откако видовме како беа наместени војничињата во 2001. Никој не пие нафта веќе, да има војна жими куров некој што ќе им служи.
Затоа ете им платеници, ем луѓето си зимаат плата ем ќе бидат многу поспецијализирани за борба.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
не важи за мене пукнал некој по мене да идам и да служам војска на 26 год :D
 
S

Stryder

Гостин
Да, постои и уште еден термин за улогата на новиве „регрути“ во некоја идна конфронтација и се вика „топовско месо“.

Нека ги земат синовите на оние коишто не крадат, делат, коишто владејат над нас па нека си ги тренираат со цел зачувување на територијална целовитост на р. македонија(а и на постојниот и идниот владеечки поредок).
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Пред да го завршам средното го укинаа воениот рок и не ме фати. После средното сакав да се пријавам ама неможев дека средното ми беше на 3 години а треба на 4. Сега ако го воведат повторно се надевам ќе ме фати и мене законов. А останатите п*чки што плачат од воен рок треба да се засрамат! Толку од мене and good night!
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
јас мислам дека тоа е бош муабет. еднаш и пишував на темава - нема пари за оваа, а не за редовна војска. 1500 до 2000 ли машки деца полнат 18 во една година? од каде оваа бројка. или така си зборат само да се зборело?
пред да ме праша некој нешто: војска сум служел во јна 12 месеци. изгубено време, ама комплетно.
арм е на дното на буџетот - сите други земаат повеќе пари. затоа и се тепаат да идат у авганистан. разбрав дека и мито играло....
не гледам реално сценарио со сегашниот буџет на арм.
башка како ќе одберат 2000 луѓе? лотарија? тие што нема да запишат факултет? немирните? (не)заслужните? опозиција?
...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
не важи за мене пукнал некој по мене да идам и да служам војска на 26 год :D
Многу јасно дека не важи нема да биде ретроактивно.
Едно само не ми е јасно. Укинување на воен рок мислам дека беше во времето на Манасиевски како реформа барана од страна на НАТО. Каде е логиката некој повторно да ја воведе? Коњаникот Сабја извади супер аргуементи да не се повторуваме зашто сум против.
едит
Еве во право сум бил
 

Kajgana Shop

На врв Bottom