Редовна војска повторно?

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
За сите што споредувате 2001, тоа не беше војна, тоа беше изрежиран КОНФЛИКТ. Со многу изрежирани настани. Права војна беа балканските, I и II светска војна. Во војна горат цели села, народот се убива ко кланица, сите градови се уништени.
Која работа ја барате вие во војна????? Зарем мислите дека ќе можете да живеете слободно тогаш?
Во најдобар случај би биле во некој бегалски камп во некое поле во кузнајт која држава, на температури од -10 степени ќе спиете во шатор и ќе се тепате за децата да фатите леб од тие со камион шо ќе го носат и ќе го фрлаат ко на стока. Глава можат да извлечат само тие што имаат пари и друг дом странство негде далеку од тука. Ама ти е се 2-5%. Во војна се убивани сите машки без разлика на возраст и силувани па убиени и сите жени. Ова се има десено во многу Македонски села за време на Балканските војни.
Каде би бегале? Или сите шо се прајте, демек "за кого да гинам" мислите полесно би се извлекле? Да ако имате милион во некоја странска банка.
Единствена разлика шо мојш да ја напрајш во тој момент е да се спротиставиш. 1000 луѓе да се спротистават батаљон, уште повеќе армија. Армија со морал и бројност е таа која која може да ја брани државата. Во такви ситуации секој човек е битен.
Прифатиле или не то е факт.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
За сите што споредувате 2001, тоа не беше војна, тоа беше изрежиран КОНФЛИКТ. Со многу изрежирани настани. Права војна беа балканските, I и II светска војна. Во војна горат цели села, народот се убива ко кланица, сите градови се уништени.
Извини, сериозно сметаш дека и тие војни не се резултат на нечија режија?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.748
Второ, зошто да ја бранам својата татковина, набројте ми некакви разумни причини??
Мислам сам си одговори на своето прашање.
И ако не го браниш своето, кое ке го браниш ??
Туѓото?!?
Сега работата се сведува на две прашања.
Ако не ја чувствуваш за своја тогаш што воопшто бараш тука, оди студирај некаде каде се чувствуваш како дома под услов да те примат или да те сакаат.
И другото е како објаснуваш за војна како ти лично да си бил, а уствари тогаш си играл криенка пред куќа.
И никој не вели дека војната е убава, но некогаш и не те прашуваат што сакаш и што нејќиш. Или ке се бориш или ке те убијат. Толку е едноставно.
И служење воен рок не е исто со и војна, мислам ти како вака скоро факултетски образована личност би требало да правиш разлика. Или тебе логиката ти е што има јас да учам за испит, кога ке дојде времето за полагање или ке му ја дувнам или на брзина ке се спремам па што биди нека биди. Секако на професорот е идејата( а тој лежи на пари и е со пола нога во гроб па му текнало сега да полагаме).
Во ред е да сте против војна, тоа е неспорно. Но што правиме кога другата страна не ја интерсира вие што мислите, едноствано сака да ве нема. Ке земите ке им објансувате за факултетот дека уште некој испит ви остана, па како сте за мир и ред други глупости. Така и Пољаците мислеја ама Германците прво што направија е дека ја стрелаја цела интелигенција во државата. Од доктори, професори до студенти. Од тие што преживеаја една соба неможеше да се наполни после.
--- надополнето: 11 декември 2012 во 21:46 ---
Си чул за пост-трауматски стрес? Go Google it up.
И што со тоа ??
Колку војници имаше во првата и втората светска војна. Па ете европа за неколку години се изгради како ништо да не било. Се се женеја , си оформија фамилии, си имаја приватни бизниси или си одеја најнормално на работа. Ама тогаш изгледа не знајеа за тој пострауматски стрес или по наши кажано како да се оправдам дека сум најголем лузер во светот и за ништо не ме бива па ајде ке се вадам на пострауматски стерс, можеби и ке ќарам нешто.Ма ајде ти се молам.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И што со тоа ??
Колку војници имаше во првата и втората светска војна. Па ете европа за неколку години се изгради како ништо да не било. Се се женеја , си оформија фамилии, си имаја приватни бизниси или си одеја најнормално на работа. Ама тогаш изгледа не знајеа за тој пострауматски стрес или по наши кажано како да се оправдам дека сум најголем лузер во светот и за ништо не ме бива па ајде ке се вадам на пострауматски стерс, можеби и ке ќарам нешто.Ма ајде ти се молам.
Збориш и ти сега како да си бил таму, а го критикуваш Боргот.

Прво, за жал, не, не биле такви работите после тие војни. Имаш сведоштва, архивски податоци, документарци кои зеле за задача да ја истражат таа материја и сл. И таму имало луѓе кои војната си ја однеле дома, халуцинирале дека се на воено поле, преживувајќи битки over and over and over again, гледајќи како другарите им гинат повторно и повторно ...

Човек не иде во војна, и да се врати со непипнато психичко здравје. И истиот ден кога ќе заврши војната, наредниот ден на работа како ништо да не се случило, како да не му загинале роднини, пријатели, или ко да не е ништо тоа што одзел туѓи човечки животи. Everything pinky, fine & dandy. Извини, баш тоа што го тврдиш, е далеку од реалноста.
 
Извини незнам што истражувале или што веќе правеле но фактите зборуваат друго и секој може да ги види без да чита статистики или да им објансува некој дипломиран психолог.
Фактите се следни.
Втората светска војна се водеше претежно на европско тло посебно на германско.
Факт е дека голем број германци ако не и сите работоспособни мажи во тоа време учествуваја во војната.
Факт е дека и бројот на војската од другите држави не бил воопшто занемрлив.
Факт е дека Европа за неколку години после војната, па ајде и Западна Германија ако ти е така помило се издигна како економски џин со ненормално брз развој и фактор на светски рамки.
Па прашањето ми е ако сите тие луѓе имаа пострауматски стрес посебно германците пошто посебно нив им ебаја матер на крајот на војната, кој беа тие луѓе кои наново ја изградија германија и ја направија економски џин кој е и ден денес.
Па ајде тука да се навратиме малце и на евреите. Ако некој го прими во војната како народ тоа се тие.
И пази сега одма после тоа одат да се борат за слободен Израел и се изборуваат. Сега или Германците и Евреите се имуни на тој стрес или цела приказна е гола вода.
А каде се тука Јапонците, па Англичаните, Французите и скоро сите европски народи. Сите се отпорни на тој стрес или работата е нашла ми се мана.
 
Или уживаш да ја маваш главата во ѕид, или едноставно не ме читаш. Како и да е, ќе треба да се повторувам. Ја завршувам овде дискусијата со тебе.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.748
Или уживаш да ја маваш главата во ѕид, или едноставно не ме читаш. Како и да е, ќе треба да се повторувам. Ја завршувам овде дискусијата со тебе.
Многу брзо се откажа. Шо така?
А баш ете ми се дискутираше баш со тебе на друга тема која не е поврзана со сексот.
Едно ем ке видеше дека без разлика на нашите различни ставови во врска со хомосексуалноста го ценам твоето мислење на други теми, ем друго што ке си напраевме салам муабет без вреѓање онака како цивилизирани личности.
Сепак ако си решил така така нека биди.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Многу брзо се откажа. Шо така?
А баш ете ми се дискутираше баш со тебе на друга тема која не е поврзана со сексот.
Едно ем ке видеше дека без разлика на нашите различни ставови во врска со хомосексуалноста го ценам твоето мислење на други теми, ем друго што ке си напраевме салам муабет без вреѓање онака како цивилизирани личности.
Сепак ако си решил така така нека биди.
Па не знам во кој правец да ја водам дискусијата. Упорно тврдиш дека без проблем минале земјите, замо затоа што економски пораст доживеале. Америка гледај кој економски гигант стана - баш ради водење на војни. А гледај колку се психички пореметени денеска. Колку нивни семејства се дисфункционални. Постојат "статистики" и постојат статистики. Последните убаво тврдат дека во војна а влезеш, здрав и прав не излегуваш. Ќе настрадаш физички, психички, или на двете полиња. Сега не знам што се обидуваш да направиш - дали да ги нулифицираш тие истражувања и анализи, или психологијата општо ти е на црн пик како тема па не ја сакаш и упорно ја игнорираш кога се вметнува во теми.

И нема врска од која страна на темата сме, додека некој цивилизирано дискутира, рефлектирам на ист начин. Така беше и таму (не се сеќавам да се карав со тебе како со другите).
 
Не ја гледај сега Америка, Германија и другите земји од западната цивилизација.
Зборувам за после војната.
Некако е нелогично со толку истрауматизирани луѓе да постигнеш толку многу за толку кратко време.
Од друга страна пак баш напротив според мене сосем друг е проблемот за денешната ситуација во наведените земји посебно акцент ставам на нивната пореметеност на основните општествени и морлани норми.
Денешната младина во тие земји војна освем на телевизија нема видено, а правите учесници во тие војни денес на прсти се бројат. Не ке да се тие криви за денешната состојба.
Но ајде да речиме дека е така колку само да му дадеме друг тек на дискусијата пошто темата е сепак воен рок.
Ајде работите да ги свртиме малце од поинаква гледна точка.
Баш ме интересира твоето мислење на пример за атомското вооружување посебно помеѓу САД и Русија. Дали тоа придонесе за зачувување на мирот на глобален план или допринесе за дестабилизација на светот.
Ете од тука ке почнеме па некако можеби и ке дојдеме до некој заклучок дали треба или не треба военоспособно населени.
П.с Избегавам статистики и ставови на експерти пошто не секогаш ја претставуваат правата слика и често се водат од лични или лоби групи и интереси. Така да ајде логички па што биде нека биде. Може ?
--- надополнето: 11 декември 2012 во 23:35 ---
Ајде бе Шкорпион дури сме млади;)
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Пак ја повампиривте темава,110 страни се изнапишале за шпекулација,ако стварно решат да пак да воведат редовна војска ќе се блокира форумов :pos:

Мислам сам си одговори на своето прашање.
И ако не го браниш своето, кое ке го браниш ??
Туѓото?!?
.
Алан Форд:
-Боље нечастан бијег,него частан бој
-Алане бјеж'мо,њих је двоје, а ми смо сами

П.С- ја се извинувам што упаѓам вака,ничим изазван,не можев да одолеам :pos:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.748
Пак ја повампиривте темава,110 страни се изнапишале за шпекулација,ако стварно решат да пак да воведат редовна војска ќе се блокира форумов :pos:

Алан Форд:
-Боље нечастан бијег,него частан бој
-Алане бјеж'мо,њих је двоје, а ми смо сами

П.С- ја се извинувам што упаѓам вака,ничим изазван,не можев да одолеам :pos:
Па и не е баш толку битно дали ке се воведи или не пошто никој нема да не праша посебно не новите регрути кои иако тука со безизмерна храброст се чукаат по гради како тие ова она , ама сепак сите еден по еден ке се нацртаат пред капија како попчиња.
Повеќе копјата се кршат од тоа дали треба и зошто ја оправдуваме или не.
Некои имаат добри аргументи за кои вреди да се дискутира но некоие не вредат ни за клетките од прстите што си ги потрошиле додека ги пишувале по тастатура.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Мое мислејне. Треба да се направи комбинација од платена и регрути.
Граничари да бидат комбинација од профсинални и регрути да се зачува сегашната структура на АРМ а тие што се за во пензија да се оспособат за обука на регрути да се обучува во вештини на лесно ворузувајне врска и лесна артилерија а се што е покомплексен систем како тенкови против воздушна одбрана и софистициран начин на врска да остане во раце на платеници.

Да се напрват регрутни трениг центри во Скопје , Велес , Битола Кичево
Да се воведе регрутација да се служи 6 месеци и тоа од понеделник до петок последниот месец распоредувајне на караула под команда на профсинални војници ова е возможно и нема да ја кошта многу државата а за возврат ке имаме поголема Армија и добро обучена ако некој неќе да служи слободно нека избере 12 месечна волонтерска работа без надохнада во државни служби или 12 месечни плати оштета на државата. Ова е само како идеја некој да седне подлабоко да стумачи може и пософистицирани решенија да се најдат.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
HITportalMK
Принцот Хари го убил својот прв талибански командант, извести британски The Sun.
See Translation

Принцот Хари го уби неговиот прв талибанец!
hitportal.com.mk
Принцот Хари го убил својот прв талибански командант, извести британски The Sun. Овој 28-годишен копилот со кралска крв, големиот Х., како што...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Се враќа задолжителниот воен рок?
Армијата размислува за враќање на задолжителниот воен рок, кој би траел 3 месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1.500 до 2.000 војници. Ова во интервју за „Без Пардон“ го истакна началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски, најавувајќи дека набргу е можно да биде донесена одлука за воведување на потполна професионализација во армијата.
- Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо. Размислувањето е пополнувањето сo регрути да се врши со враќање на воената обврска и 15 отсто од активниот состав на АРМ да биде составен од војници регрути. Согледувајќи ги бројките на војниците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата, може да се заклучи дека овој процент војници на отслужување на воен рок би бил сосема доволен - вели првиот човек на ГШ на АРМ.
Тој објаснува дека кога воениот рок би траел три месеци, тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1.500-2.000 војниц, односно во текот на годината би служеле три генерации по три месеци.
- Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање на одредени подготовки - вели Котески.

http://www.plusinfo.mk/vest/74123/Se-vrakja-zadolzhitelniot-voen-rok
 
Член од
25 април 2009
Мислења
367
Поени од реакции
135
само се чудам во кој касарни ке се служи...тешко на државата на чело со тие што ја водат :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom