Оти тогаш Министерството за финансии го крие и не го кажува износот на јавниот долг?

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Оти тогаш Министерството за финансии го крие и не го кажува износот на јавниот долг?
1.Странски компании ти е широк поим странска компанија е и текстилната фабрика на гркот Јорго што дава плата 100 евра во афрички услови. А странски фабрики тие се и тие од Бунарџик како Џонсон Мети ,Џонсон Контрол и сл кој даваат од 300 евра плата па нагоре. А тие пари што ги даваат во Бунарџик се мисловна именка за 95% од Македонските компании! А нашите компании од кај ги набавуваат репроматеријалите и полуфабрикантиет од Македонија? Не ми кажувај вицови. Освен ивестиции странциите носат и знаење.итн не е само фабриката во Бунарџик како градба и 350 евра плата.Лион ти на дроги си или не заебаваш???
1.Странски компании даваат само плата и тоа е се.
Сите репроматеријали ги увезуваат, а профитот оди во нивни раце така да нема простор да се создаде ланчана реакција преку субконтрактори.
Еве едно глупо прашање до тебе за да можеш да ме разбереш.
2.Ако јас сум Бил Гејтс и правам обрт од 100 милјарди долари на годишно ниво и живеам во Македонија, дали тоа значи дека од моето богатство ќе мацнат и другите, дека моите сограѓани ќе живеат подобро?
3.Мали и средни компании се моторот на секоја нормална држава, парите треба капиларно да се слеваат во економијата, а не да се згрутчуваат кај мал број на луѓе, во една вена во потенцијален тромб/инфаркт .
4.Јас да сум премиер на клоци би ги исшутирал сите странски компании што се тука само ради ефтината работна сила, би им го конфискувал имотот и гологази би им ја мавнал клоцата во гз, порачувајќи им да не помислат да дојдат повторно, барем не во следните 100 години.
Аутсорсингот е зло од најголем степен тоа треба во корен да се сосече.
5.п.с Македонија живее од нејзините граѓани кои се вработени во странство, тие секоја година праќаат 1.2 милјарди евра, без овие пари ние ќе бидеме банкрот држава за помалце од 24 часа.
Едно стручно прашање кога сме веќе кај долговите.
Ако на една држава и текне да не врати кредит. Што се случува тогаш?
Тоа е почетокот на крајот. Само да не дојдеме до таму, ќе се сруши се како кула од карти, ќе излезат сите проблеми на виделина.Имам друго интересно прашање :
Што ке се случи , пример, со Македонија, ако, не дај боже , на странците им текне да не ни дадат нов, нареден кредит ?
Ај за струја и нафта, јасно, ке немаме....Ке имаме за храна ?
Може влада да дефолтува на долгови. Тоа значи неколку работи.На држава не може да и текне. Може на некоја влада.
Што после.....Се мислам дека „спонтано“ ке дојде до демонстрации, бунтови и промена на власт и после ке дојде „ демократски “ избрана нова влада, што ке нема такви текнувала, нели...
Имам друго интересно прашање :
Што ке се случи , пример, со Македонија, ако, не дај боже , на странците им текне да не ни дадат нов, нареден кредит ?
Ај за струја и нафта, јасно, ке немаме....Ке имаме за храна ?
Значи ти што зимаш бенифиции од партијата сега нас, недолжните граѓани, ќе не тероризираш со глупости.кој рече дека не дава плата?Јас си имам бенефиции од партијата...
За кредитот : Абе то ок да се земаат кредити ама да се вложат во нешто капитално од кое ке се вадат пари од тие 250 да се направат 500.Ама некапиталните изгледа повеќе им одговараат за па кој ќе стигне си зема за в џеб.
Се надева Гујо дека се повеќе македонци ќе се иселуваат од државата и така ќе пораснат паричните пратки од странство.Икономист е тоа бре!
За поддршка на мали и средни претпријатија во новиот буџет се издвојуваат цели 136.000 евра.
За врби се издвоија 400.000 евра.![]()
Кој те тероризира ? Само ја кажувам реалностаЗначи ти што зимаш бенифиции од партијата сега нас, недолжните граѓани, ќе не тероризираш со глупости.
Но затоа работат 5 фабрики на Бунарџик една го дуплира производството а уште неколку се градат во Бунарџик. А во Битола и кавадарци се градат нови фабрики.
Манипулираш
Растот на буџетот во нашава државичка не може да ти даде индикации за растот на економијата.
Оправданоста за задолжување ќе беше легитимна ако имавме раст на економијата пропорционален со растот на јавниот долг.
И процентиве многу многу не ти бркаат работа.
Сега ќе карикирам со бројки за полесно да се разбере целава ситуација.
Ако во 2005 со буџет од 1 милијарда евра, јавниот долг изнесува 35% што претставува 350 милиони евра.
Во 2012 со буџет од 2 милијарди евра, јавниот долг изнесува повторно 35%, што претставува 700 милиони евра.
Ако ги гледаме разликите во долгот, значи дека сега е зголемен за 100%
Ајде сега ти кажи ми, дали во Македонија индустрискиот раст беше пропорционален?
Да ти појаснам. Единствен извор на пари на една држава е индустријата, реалниот сектор.
Дали Македонија е способна да го врати надворешниот долг со парите од индустријата?
-Не.
Што прави?
- Зема кредити.
Кредитите бесплатни се? Не
- Дополнителна камата.
Ајде сега кажи ми што тоа направи оваа влада со дополнителните 350 милиони долг?
Што од овие 350 милиони долг е капитален проект, кој ќе носи пари, и ќе се исплати самиот а и останатиот долг?
Воинот на Коњ? Врбите? Оградите од мостовите?
Кажувате, тие проекти биле ситни проекти од буџетот. Па нормално дека ќе бидат ситни пари.
70% од буџетот одат кон плати на администрацијата. Администрацијата ти е како вампир. Цица пари, а не прави никакви продукти. Пензионерите, цицаат пари, а не вадат. Мебели, мерцедеси, реклами и слични срања што не прават ни ДЕНАР.
Нормално е да остани мал процент. И наместо тој мал процент да се искористи во нешто продуктивно, кажи ми како се користи.
Се чукате по гради со некакви си субвенции за земјоделците. Кажи ми оти тогаш годинава има зголемен увоз на земјоделски производи.
Ќе сте покачувале пензии од 8%. Со кој ум ќе покачувате пензии, ако индустријата од каде што се вадат парите за тие 8% да бидат исплатени цела година е во пад.
А бре од вакви економисти како тебе, до вакво дереџе ни дојде државава, и што е пострашно, уште го немаме допрено дното.
Донекаде си во право, НО кога треба да вратиш никоj не ти гледа % от БДП, кредиторот ти бара абсолутна вредност. Во светската историja има држави фалирали и со 20% долг от БДП, поради простата причина дека не можат да го вратат долгот на точниот датум, нема откаде да позаемат и тогава нема абсолутно никаква тежина дали ке фалираш со 200% или со 20% от БДП. Фалитот е фалит насекаде.Сите пишуваат кога владата се задолжува ама веќе ако толку сакате да известувате за финансиските трансакции што го прави министерството за финансии ферски е да отварате теми и каде што по 50 по 100 по 150 милиони евра итн владата враќа долг кон некого вака се добива слика дека само пари владата позајмува и нигде не враќа пари што е погрешна слика. Друго може да јадете бурек до сабаље но кога некој во време на криза кога успеал да договори да ни дадат исклучително поволен кредит и ќе ви дадат кредит со грејс период од 5 години и кога светска банка дава Гаранција и каматната стапка ќе биде со 3,9% во услови на криза и кога македонската економија како и секоја европска економија има потреба од свежи пари е повеќе од одлична работа. 25 милиони евра ,250 милиони евра ,2 500 000 евра како бројка не значи многу зошто е апсолутна бројка, може 25 милиојни евра да е премногу може и и 2 500 000 да се малку. Сегде кога се гледа јавен долг се гледа како % од БДП значи во релативни вредности не апсолутни. Ај да видиме како стоиме на тој план 2005 година последна година кога цела година владејат плаво жолитите , јавниот долг на Македонија 2005 е 38,4% , кога дојдоа црвено жолтите летото 2006 година направија даночни реформи каде што се намалија даноците и се воведе рамен данок, што овозможи 2007 година македонија да го има најголемиот раст на БДП од независноста па до ден денес 6,1% беше растот на БДП 2007 година, следната 2008 година следната 2008 година 5%раст на бдп( да не ја поткачи светската економска криза четрвтиот квартал растот на БДП ќе беше пак над 6%), владата заради зголемениот БДП имаше вишок пари, и реши да се раздолжи кон ММФ,Светска Банка, Лондонски клуб итн, 2007 година јавниот долг беше 24% а 2008 година јавниот долг беше 20,6%. Значи оваа влада јавниот долг од 2005 година што беше 38,4% го намали на 20,6 % 2008 година. Ама во 2005 не читав теми отворени на форуми како ќе пропаѓаме како сме високо задолжени од кај ќе ги враќаме тие пари итн. Денеска јавниот долг на Македонина е (31,10 2012) е 30,6%. Со голема разлика од 2001-2007 беа златни години на светската економија а во тие моменти односно 2005 година 38,4% стига јавниот долг а сега во кризни времиња паѓа јавниот долг на 30,6%. Оваа влада покажа дека може да создаде услови за високи растови на БДП при нормални економски текови во светот, и дека знае кога добро и иде да враќа кредити што други гарнитури ги земале. За разлика од плаво жолтата тајфа кој не искористија 2002-2005 да направат поголем раст на БДП во услови кога соседството па и цела источна Европа над 5-6% раст на БДП имаа тие години и имаа суфуцити во буџетите не знаеја што да прават со парите во тие години односно Македонија имаше јавен долг 38,4%. Значи ем се задолжуваа ем немаше никаков раст на БДП и тоа во златни години на светската економија. Е тоа е тоа што ММФ,Светска Банка го гледааат во Македонија, и затоа имаат доверба во Македонската економија и Макроекономската стабилност. Сите релеватни институции гледат % релативни бројки , се друго полуписмено и спинерско гледа апсолутни бројки и им придава поголемо значење од релативните бројки.
А еве за економскителинкови со официјални податоци нека продолжат да
.
http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
http://www.finance.gov.mk/files/u4/jba_na_dolg_na_centralna_vlada_31_10_2012_MK.pdf
Моментално кредитниот реjтинг ке се срине, каматите по кредитите рипат-понекога во пати,нема можност да се земат пари от надвор, за странски инвестиции мора да заборавиш и уште многу други неубави работи можат да се дешат...Едно стручно прашање кога сме веќе кај долговите.
Ако на една држава и текне да не врати кредит. Што се случува тогаш?
Ок банкрот, пад на бдп, невработенст итн, но ако може малку подетален одговор.
Ти сакаш да ни кажеш,дека НБРМ нема податоци и прави проекции врз грешни податоци? Ти дали си свестен што зборуваш? Извини, па тиja водат монетарната политика и ако тиja немат точните податоци или се разминуват, значи некоj нешто крие или лаже.ММФ и Светска Банка ги користи официјаланите податоци на Министерството за финансии , не на НБРМ. А министерството за финансии има подобар увид за јавниот долг од НБРМ. Зошто она ги има сите податоци, Не може комшијата подобро од тебе да знае како стоиш со финансиите а ти тоа ми го кажуваш.
Сите тероризираат. Сите блокираат улици.Кој те тероризира ? Само ја кажувам реалноста
Читај малку