Банкарска сметка во друга држава

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Слушнав на некоја од нашиве телевизии дека Македонски граѓанин по законот не можел да поседува банкарска сметка во странство.
Мрднати се овие или што е работава?

Дај некој писмен нека ги објасни овие работи.
 
Јас тоа го дознав пред неколку години и колку што знам законат е апликативен уште од бивша СФРЈ за да се намали потенцијалниот одлив на девизи.
Тоа го потврди и еден член на форумот со симптоматичен ник nbrm кој објасна дека законот е сеуште во сила.
Тоа е една од причините зошто Пејпал не е присутен за Македонија, од причина што технички системот функционира како виртуелна банка во Швајцарија и покрај тоа што парите стојат на сметка само неколку секунди.
 
чекај малку, филмот ке му дое као јас шо работам у странство морам да имам банкарска сметка у Македонија? абе чекај малку, нели оште не е поминала Нова Година за да му простеме на тај некој шо е донесел тај закон додека е бил пијан...? Или некој порано си фајка работата со пиењето...? :незнам:

он: у Италија не ти прават проблем да сакаш да си отвореш банкарска сметка без разлика дали си странец ама мора да имаш некој на чија адреса ке си регистриран за да може поштата да ти стига...
--- надополнето: 29 декември 2012 во 16:44 ---

јас тава не го разбрах. ке ти биде проблем подобро да го објаснеш?
 
Слушнав на некоја од нашиве телевизии дека Македонски граѓанин по законот не можел да поседува банкарска сметка во странство.
Мрднати се овие или што е работава?

Дај некој писмен нека ги објасни овие работи.

НБМ прецизно го регулира отворањето сметки во странство

Согласно Законот за девизното работење, Народната банка има донесено oдлука за начинот и условите под кои резидентите што не се овластени банки можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која ја регулира материјата во врска со средствата на македонските граѓани во странство зависно од фазите на земјата во процесот на пристапување кон ЕУ, договорени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија.

Одлуката овозможува резидентите на Република Македонија да отворат сметки во странство, при што прецизно се регулира оваа материја. Според oдлуката, физичките лица можат слободно да отвораат и да имаат сметки кај странски банки доколку привремено престојуваат во странство, за време на нивниот престој во странство или, пак, доколку во странство стекнале право на лична пензија, пензија од починат брачен другар, социјална помош, детски додаток, школарина на дете и премија/штета од осигурување на живот.

Освен овие генерални одредби, oдлуката опфаќа доста широк спектар на случаи (исклучоци) врз основа на кои Народната банка може да издаде одобрение за отворање и имање сметки на македонски резиденти кај странски банки, вклучувајќи ги сметките отворени за наплата на побарувања врз основа на судска одлука донесена од надлежен суд во странство, од продажба на недвижен имот во странство или, пак, од наплата на побарувањата врз основа на дивиденда или продажба на стекнати хартии од вредност во странство.

Народната банка постојано ја следи оваа проблематика и соодветно ја приспособува регулативата зависно од прашањата и укажувањата што ќе произлезат од практиката.

Со почит,

Д-р Богољуб Јанкоски,
шеф на Kабинетот на гувернерот на НБМ
 
A tie sto veke imaat smetka vo stranstvo? Moze da imaat nekakov problem?
 
Слушнав на некоја од нашиве телевизии дека Македонски граѓанин по законот не можел да поседува банкарска сметка во странство.
Мрднати се овие или што е работава?

Дај некој писмен нека ги објасни овие работи.
Еве пред еден месец ја отворив оваа тема
http://www.forum.kajgana.com/threads/Банките-бараат-законски-измени-за-девизното-работење.65168/
 
чекај малку, филмот ке му дое као јас шо работам у странство морам да имам банкарска сметка у Македонија? абе чекај малку, нели оште не е поминала Нова Година за да му простеме на тај некој шо е донесел тај закон додека е бил пијан...? Или некој порано си фајка работата со пиењето...? :незнам:

он: у Италија не ти прават проблем да сакаш да си отвореш банкарска сметка без разлика дали си странец ама мора да имаш некој на чија адреса ке си регистриран за да може поштата да ти стига...
--- надополнето: 29 декември 2012 во 16:44 ---

јас тава не го разбрах. ке ти биде проблем подобро да го објаснеш?

Значи се работи за мое видување и моја логичка претпоставка која и не мора да биде стопостотно точна.

Пејпал работи на системот како банка, значи ти му праќаш пари на нивна сметка во Швајцарија, легнуваат кај нив на сметка, и потоа му ги доставуваат на тие на кого му се наменети, или пак обратен случај кога ти плаќаат тебе нешто.
Значи ти си имаш Пејпал акаунт што е исто со банкарски акаунт. Седиштето на Пејпал е мислам во Швајцарија, што би значело дека технички ако има Пејпал дозвола за Македонија би можеле граѓаните на Р. Македонија да отвораат сметки во Швајцарија и би ја кршеле одредбата од законот.
Најверојатно Пејпал не сака било какви непријатности за да си ја уништува репутацијата и затоа и Македонија е банирана од таму.
 
Законот важи за РЕЗИДЕНТНИТЕ граѓани на РМ, односно македонците кои живеат во РМ не смеат да поседуваат банкарска сметка во странство, затоа ПејПал нема и нема ни да има во Македонија (замислете ПејПал постои во сите ебани земји во светот освен 4-5 на број меѓу кои и Македонија)

Доколку македонски граѓанин живее во странство (иселеник, студент итн) тогаш СМЕЕ да поседува банкарска сметка во земјата каде што живее.
 
Каков пејпал какви бакраџи....
Македонски резидент сум, сакам да отворам банкарска сметка во странство.
Можам ли?
 
Зошто.
И кажи дали постојат некои заобиколувања, а притоа се да биде легално?
Е ова баш и мене ме интересира.
Дали можам да отворам сметка во грчка банка пошто границата ми е на 10 км.
 
Е ова баш и мене ме интересира.
Дали можам да отворам сметка во грчка банка пошто границата ми е на 10 км.
Ти треба грчки пасош или престој таму. Грците и ЕУ даваат само сметки на резиденти и државјани.
 
Зошто.
И кажи дали постојат некои заобиколувања, а притоа се да биде легално?

Затоа што странска банка ќе ти побара дозвола за престој на нивна територија. Освен ако не е некоја офшор ова она, ама за тоа ти треба сериозен кеш.

Втора препрека ти е што законот во Македонија не ти дозволува да имаш банкарска сметка надвор ако живееш во Македонија. Како ќе ги префрлаш парите од кај нас таму?

Легално заобиколување нема, чаре - емигрирај.
 
Брат дај читај оваа тема и кажи дали трипам или стварно не постои начин да се извлечат пари од странство.

http://forum.kajgana.com/threads/Отварање-фирма-во-странство.65644/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom