Тие што прашувате за dx.com. Значи кинески сајт со одлична услуга преку кој трансакцијата за плаќање ви е сигурна, голема понуда на се и сешто по смешни цени посебно аксесорис, подароци и сл. Најбитно од се ви е што шипинг не плаќате и што за релативно кратко време пратките стигаат за мк. Тие што нарачувале од странава знаат дека е најдобро да доплатите долар ипол за тракинг број не само за пратењето туку бидејќи пратката оди преку друга рута и може за неколку дена да стигне побргу до мк, односно лета авион преку редовна линија додека без тракинг број чартери кои се менуваат зависно од други околности. Е сега јас имам нарачано и пратката има стигнато за отприлика 18-20тина дена заедно со викенди што е релативно брзо, нешто поспоро од англискиот амазон со оглед на оддалеченоста. Исто со тој тракинг број можете на сајтот на македонски пошти да си ја пратите нарачката (секкао и на официјалната страна на хонк конг пост) и ќе знаете точно кгоа е тргната од Кина, каде и кога е пристигната во Европа и на крајот нашите ја чекираат кога ќе влезе во мк па после ден два ви ја препраќаат до дома ако е со во ред со царина и други околности. Има мал милион кинески страни другите функционираат на скоро ист принцип, овие може да ви препратат и нова ако има некој проблем со нарачката или да ви ги вратат парите.