Како религијата го унапредува или уназадува општеството?
Како науките го унапредуваат или уназадуваат општеството?
И конечно, за каков „напредок„ или „назадок„ прајме муабет?
Одговорот на сите три прашања ти е - злоупотреба.....
Никогаш не било прашање на назадување или на напредок... впрочем напредокот или назадувањето се само вулгаризација. Еве земи се себе за пример, она што за тебе т.е. што ти го сметаш за напредок на религијата, односно назадување, за друг религиозен човек (или агностик или атеист) е обратното... Односно, ти конкретно секогаш ќе плукаш против науката, во смисла дека таа секогаш 90% од случаите го назадила општеството, за сметка на религијата...Додека некој исто толку тврдокорен атеист (како што и ти си тврдокорен верник) ќе го зборува обратното за религијата...
Проблемот е во злоупотребата и на едното и на другото - науката и религијата. Буквално вулгарно ќе ти кажам дека и науката и религјата одредени групи на луѓе (мнозинството од општеството) ги курваат како сакаат - секојдневно. И на жалост се се сведува на „тоа е тоа“....
А што се однесува до тоа, кој е во право, науката или религијата (ова намерно го наметнувам, затоа што кад тад ќе се распука ова прашање меѓу оние што говорат овде на оваа тема - и во суштина тука лежи злоупотребата и курварлукот), тоа е сосема друго прашање, а одговорот е јасен и недвосмислен: 1.Религијата кога требало си ја извршило својата улога и дала огромен придонес во унапредување на човековото општество.
2.Науката е таа која што ќе даде одговор на сите прашања (т.е. човековата потреба од науката - од потрага по рационален одговор на се) колку нам тоа ни се допаѓало или не ни се допаѓало - тоа е факт.
3. Да религијата можеби и ќе продолжи да опстојува уште некое време, но нејзиното значење и улога ќе се намали, дури и многу повеќе од денес... сепак, се е еволуција нели?
--- надополнето: 27 декември 2012 во 12:45 ---
.
За науката и како таа го унапредува или уназадува општеството како мој став ќе ставам едно видео од
интервју со Докинс во кое имаше слично прашање и тој се обиде да го одговори тоа прашање, не знам колку беше успешно, ама мене ми остави впечаток.
http://youtu.be/U0Xn60Zw03A?t=23m55s
Леле аман со тој Ричард Докинс,, мислам се океј чоеков, еволуционист, атеист.. ама дајте бре некој друг... да им се даде на религиозните опции да бираат и размислуваат за атеистите.. вака пренапумпан е Докинс, секој втор го спомнува, па на овие „другиве“ полесно им е да контрираат (а и веќе се научени да контрираат на Докинс)
..
Дајте малку мајндфакерски да размислуваме...
Еве нешто друго..
Ова гледајте го од 1 до 9..
А ова од 1 до 8...