Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Секоја чест.Како и самиот што напиша дека твојот живот е ОГРАНИЧЕН простор на среќа и уживање(за некои трагедија,немир,болка)но нема врска и тој е живот.
Ама знаеш шо е добро за размислување.Колку и да си бил среќен,тажен,здрав,болен,заљубен,осамен се ќе го памтиш дури не остариш и да фатиш склероза,или дајбоже никогаш да не се деси,некоја болест,Све ќе потоне во вода.Секако дека не е добро да се замараме со акви работи,ама сепак кога ќе помислиш дека немаме цел,и дека сме ограничени како некој се повеќе и повеќе да не турка кон некоја голема јама од која нема излез.
Тоа е реалноста зарем не?
Токму тоа и е скриената убавина која јас ја гледам во животот, може да заврши во секој момент, и затоа вреди да се вкуси секој негов момент онака како што сакаме. Некој трага по неограничено знаење, некој по огромен екцес на пари, некој трет по неговата идеологија итн., но за мене сето знаење, сите пари, и сета филозофија престанува да има вредност ако со тоа неможам да го направам тоа што ќе ме направи среќен, макар за еден ден. Не сум преокупиран со минатото, само гледам на него како учител, додека пак иднината не ме импресионира нималку. Јас сум цврсто зацементиран во сегашноста, и живеам во неа. Проблемот со луѓето најчесто е што незнаат што сакаат. Имаше еден многу интересен исечок од новела што го имав прочитано пред некое време (ми се чини во Политикин Забавник, за жал воопшто не ми текнува ниту на авторот, ниту на делото), дека желбите на луѓето се делат во две категории, оние кои носат значење, и оние кои носат среќа, но ниеден човек неможе да ги има и двете до крајна мера, па е накрај присилен да бира. За мене е многу лесно, за мене најголемо значење е - да бидам среќен. И кога дојдов до овој заклучок (со помош на многу попаметни луѓе од мене), живеам на многу поубав начин, речиси безгрижно. Не џаболебарам, но не се ни закопувам во работа. Она што се обидувам да го кажам е следново - немој да се плашиш од неизбежното тонење, бидејќи никогаш нема да научиш да пливаш. Кога ќе бидеш мртов, не верувам дека ќе ти биде гајле за многу работи. :D
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
16
Поени од реакции
2
Имаше еден многу интересен исечок од новела што го имав прочитано пред некое време (ми се чини во Политикин Забавник, за жал воопшто не ми текнува ниту на авторот, ниту на делото), дека желбите на луѓето се делат во две категории, оние кои носат значење, и оние кои носат среќа, но ниеден човек неможе да ги има и двете до крајна мера, па е накрај присилен да бира.
Со ова не се согласувам,всушност тие желби се поврзани.Кога размислиме подобро,за се што правиме свесно мислиме дека е значајно бидејќи крајниот резултат ке не направи среќни,еве ја поврзаноста.Меѓутоа некои луѓе се "слепи" со тоа што среќата ја бараат на друго место,ама не мора да значи.Среќата е релативна,различни работи не прават среќни но кога ке се спознае вистинската среќа тоа нема да остане така,вистинската неограничена среќа е духовната.Се додека не се спознае оваа среќа други работи ке не прават среќни што и навистина е така,меѓутоа тоа е ограничена среќа со мал рок на траење.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Со ова не се согласувам,всушност тие желби се поврзани.Кога размислиме подобро,за се што правиме свесно мислиме дека е значајно бидејќи крајниот резултат ке не направи среќни,еве ја поврзаноста.Меѓутоа некои луѓе се "слепи" со тоа што среќата ја бараат на друго место,ама не мора да значи.Среќата е релативна,различни работи не прават среќни но кога ке се спознае вистинската среќа тоа нема да остане така,вистинската неограничена среќа е духовната.Се додека не се спознае оваа среќа други работи ке не прават среќни што и навистина е така,меѓутоа тоа е ограничена среќа со мал рок на траење.
До некаде те сметам во право, точно е дека среќата е релативна работа, и за секого се наоѓа на различни места, затоа во мојот прв пост напишав дека ова е само МОЕ мислење и МОЕ верување, и не го наметнувам на никого. Од друга страна, ме интересира што ти дефинираш како духовно. Јас ги делам нештата на материјални и нематеријални, за мене "духовно" во конвеционална смисла на зборот не постои. Велиш и дека таа духовна среќа има потенцијал да биде неограничена. Ако можеш, долови ми го твоето верување подобро, како да се спознае таа вистинска среќа, или подобро е да те прашам, што е за тебе таа вистинска среќа, каде би требало еден човек да ја бара?
 
Според мене има 3 вида на среќа:
Материјална-среќен си кога имаш нешто материјално,пимер пари,но кога ги потрошиш тука завршува среќата што ти ја носеле тие.
Нематеријална-среќен си кога си заедно со некого што ти значи но во случај да заврши тоа пријателство или врска среќата завршува што ти ја носеле тие.
И третата е малку тешка за објаснување но ке се обидам иако без доживување неможе да се сфати.
-Тоа е всушност љубовта но не насочената(пример насочена кон девојка,пријатели..)туку општа љубов.И насочената љубов е среќа но е ограничена(кога раскинеш со девојката постепено таа љубов а и таа среќа со неа се гаси),а неограничената општа љубов кон животот се доживува преку себе спознавањето,и е вечна.Кога си во таа состојба ти си среќен со тоа што си тука присутен и ништо неможе да ти попречи(во највисокиот стадиум од себе спознавањето што може да се достигне и секој тежнее кон него), и едноставно ништо неможе да ти ја угаси таа среќа бидејќи се што ти се случува заминува со доаѓањето на нов момент,а ти СЕГА додека го читаш ОВА си присутен во ОВОЈ момент.
Како да се дојде до себе спознавање?
-Преку присуството.Да бидеш присутен во ОВОЈ момент и да заборавиш што се случило и да не мислиш што ке се случи,и со тоа ја тргаш ограниченоста и можеш да се почувстуваш сам себе(твојата енергија односно себе си)
Вежба:Обиди се да ги оставиш твоите мисли сами да идат и ти да ги набљудуваш и со тоа автоматски се гасат и со тоа повторно си присутен во ОВОЈ момент.Вежбај и ке ти станат многу работи јасни околу ова што го зборам СЕГА.
 
Гледам каде нашите гледишта се разликуваат. Доколку го замениш твојот збор "духовно" со "мисловно", ми се чини дека исходот нема да се промени, а за мене има поголема логика и значително се поедноставува. Зборот духовно асоцира на душа, натприродно постоење, а јас не верувам во тоа. Во првиот пост ја опишав мојата филозофија - дека ниту едно време нема толкава важност како сегашноста, а среќата не ја барам во поголеми дози, затоа што не се вртам кон минатото да си речам "дали некогаш ќе бидам повторно толку среќен", едноставно гледам денес да сум. Ако добро ти го декодирав постот, во истото веруваш и ти, само што потешко се објаснуваш затоа што придаваш поголемо значење на постоењето, отколку што тоа воопшто може и да има. Или постоиш или не постоиш, ако постоиш сигурно си свесен за своето постоење, а со оглед на тоа дека не само секој човек, туку и секое суштество на планетата како главна агенда има да си го продолжи постоењето на еден или на друг начин, поголем степен на спознавање за своето постоење не постои. Не е битно од каде доаѓа среќата за мене, се додека ја имам (и не му наштетувам никому). Не ме интересира колку е некој друг среќен, или колку сум бил среќен вчера, јас гледам да се усреќам денес. Не се плашам од "ограниченоста" која ја споменуваш, кога пред мене ја имам најголемата временска ограниченост која сигурно завршува со моето непостоење.
 
Свесен си дека постоиш во физичка смисла,а кога се зборува за вистинско себе спознавање се мисли во духовна смисла,не мисловна.Мене нешто ми "светна" преку едно прашање што си го поставив одамна:Кој сум јас?(ке појаснам)
Не во смисла која/каква личност сум,пример ученик студент,доктор...туку во смисла што е тоа што го контолира твоето тело,а и мозокот со него?Мозокот мисли,но што е тоа што го тера да мисли?Кој ја има контролата над мозокот?Сега можеби мислиш дека ме разбираш но тоа неможе да се разбере без доживување,а кога ке бидеш сигурен дека си го доживеал тоа,односно си сфатил што навистина си ти,ке знаеш дека ти "светнало" нешто и нема да се сомневаш дека си разбрал.Тогаш ја сфаќаш универзалноста,доаѓаш до вистината а таа е универзална.Тоа те прави среќен,за таква среќа зборувам.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Се обидов да најдам допирна точка со тебе за да можеме и да поживееме малце измеѓу филозофирањето. Како и да е, изгледа дека не сме две страни на истата паричка, напротив се разликуваме потполно. Ова ќе ми биде последен одговор во темава, доколку имаш желба и понатаму да навлегуваме, слободно во приватна пиши. Накратко, не ми се верува дека си открил топла вода затоа што вртиш зборови наопаку, а ништо супстантивно не прочитав. Неморам да филозофирам кој е во "контрола" на мозокот кога модерната невронаука и психологија ги имаат одговорено прашањата. Прво ми звучеше како некој што неможе да се дообјасни, а сега како некој кој тврди дека имал религиозно искуство за кое бил посебно одбран, сите одговори му се дадени, но не може да ги пренесе со зборови затоа што луѓето се глупави и неможе да им светне без да осетат, па бара од нив слепо да го следат. Доколку неможеш да ни го доловиш ова со зборови, прилично едноставно, молчи си. Зашто да си трошиш време овде кога неможеш во суштина да му помогнеш на никого.
 
И предходно кажав,неможе да се објасни на едноставен начин но максимално одбирам зборови кои ке "допрат до внатрешноста" бидејќи не може да се сфати со разумот. Погрешно си ме разбрал,не сакам да звучам како некој посебно одбран бидејќи никој не е одбран и не сум религиозен,барем не во "бабинска" смисла.Всушност на иста страна сме,имаме иста философија и подсвесно ти е јасно за што зборувам.Би ти ја препорачал книгата "Моќта на сегашниот миг" - Екард Тол,и сум сигурен дека ке се сетиш на овие муабети.
P.S. Секој пост го пишувам доста време и сакам на наједноставен начин да се искажам и преку некои реченици подсвесно да ме разбереш,прочитај ја книгата и верувај дека ке ти стане јасно за ова сега што го пишувам.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Такви какви што сме......постоиме само сега и тука......и ништо повеќе......живеј го моментот, оти друг таков ќе нема....не се повторува ништо.......
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Моментално целта е да му се служи на системот....кој ли стои позади целава игра?
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Моментално целта е припрема за Христовото раѓање,духовно прочистување и простување на сите гревови на атеистите....
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Моментално целта е припрема за Христовото раѓање,духовно прочистување и простување на сите гревови на атеистите....
и враќање на христијаните во нивните паганскли религии на претците каде беа со милениуми пред да бидат излажани од Павлета.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom