Гледам каде нашите гледишта се разликуваат. Доколку го замениш твојот збор "духовно" со "мисловно", ми се чини дека исходот нема да се промени, а за мене има поголема логика и значително се поедноставува. Зборот духовно асоцира на душа, натприродно постоење, а јас не верувам во тоа. Во првиот пост ја опишав мојата филозофија - дека ниту едно време нема толкава важност како сегашноста, а среќата не ја барам во поголеми дози, затоа што не се вртам кон минатото да си речам "дали некогаш ќе бидам повторно толку среќен", едноставно гледам денес да сум. Ако добро ти го декодирав постот, во истото веруваш и ти, само што потешко се објаснуваш затоа што придаваш поголемо значење на постоењето, отколку што тоа воопшто може и да има. Или постоиш или не постоиш, ако постоиш сигурно си свесен за своето постоење, а со оглед на тоа дека не само секој човек, туку и секое суштество на планетата како главна агенда има да си го продолжи постоењето на еден или на друг начин, поголем степен на спознавање за своето постоење не постои. Не е битно од каде доаѓа среќата за мене, се додека ја имам (и не му наштетувам никому). Не ме интересира колку е некој друг среќен, или колку сум бил среќен вчера, јас гледам да се усреќам денес. Не се плашам од "ограниченоста" која ја споменуваш, кога пред мене ја имам најголемата временска ограниченост која сигурно завршува со моето непостоење.