Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не се нервирај кaкви црни провокации, се шалам ма, али нема везе :D
Ја пратам темава и се постира све од кој што јадел во ресторан, кај ги шетале децата Џоли и Пит до физичка сличност меѓу актери, јес да не се толку чести такви постови али ги има, али пак нема везе да не ја натегаме на темава :D

Пис, лав енд хепинес. И да не одиме оф топик повеќе.

4779406173_0dec4e46d3_o.jpg
 
Добро сега не претерувајте и вие не беше до толку лош последниот Die Hard. Не е на нивото на првите 3 ама не беше ни до толку лош.
What???
Очај беше. Очај!!! Дигитализирано срање, брука за Die Hard трилогијата. И продолжението на Индијана Џонс со Шија ЛеБуф беше подобро од оваа мизерија. Од првите три дела до четвртиот има светлосни години разлика.

Туку добро, ти и Њотот сте фанови на лимени канти, за вас нема ништо лошо, се се јаде. Анти-хипстери сте вие, немој случајно да сте исхејтале нешто... :)
 
Четворката е просек, обична акција, ако се гледа како посебен филм. Ако се гледа како продолжение е катастрофа зашто нема врска со претходните делови.
 
Не знам дали претходно некој ги има предложено , без разлика: The Fountain Number Pi Requiem for a dream Од ист режисер (Дарен Аронофски) , имено истиот кој го направи The Black Swan. Нема потреба од коментар.. Само гледајте ги! :)
Нема потреба од коментар овде, а во Предлог за филм мислењето ти е избришано. Разгледај наоколу да видиш што е како е.
Добредојде ;)
 
Добро ве најдов. Ете како за први пати и тоа треба да се случи.Ништо страшно
Но пак би рекла дека излишно е да дадам коментар за тие филмови, едноставно човек треба да ги гледа :)
 
Се е во ред, ни се случуваат и полоши работи. Влегува нов член и вика: дечки, што сум гледал еден јак филм, Хобит се вика, страшно добро филмче. Според книга е правен, има уште три филма не знам дали сте ги гледале, Lord of the Rings се викаат. Обавезно да ги изгледате...

Шала на страна, Аронофски е коментиран на долго и на широко. Оваа тема ни е за неврзани муабети и тука можеш да си почнеш било каква дискусија за филм. За темите Предлог за филм и Последен гледан филм правилата ни се строги, значи таму пишуваш само рецензија или нешто што личи на рецензија/препорака. Со задолжителен коментар од неколку реченици.

Тоа е засега. Не сме многу лоши, само не ни е сезоната... :)
 
Утешително... :icon_lol: Туку не само што не сте лоши, форумов е едно од ретките мк нет-места на кои човек може да најде било каква тема за која што сакал да зборува, но немал прилика, ниту соговорник за истата. Фала во секој случај :)
 
Се согласувам јас. Филм и ТВ е најдоброто место за дискусија поврзана со филмови во Македонија и пошироко. Претпоставувам ова е поради добрата работа на модераторите, посебно на Ио.
рандом Ане
ann-hathaway.jpg


(сакам да му ја спојлнам на еден д килинг, па уште предвреме си се спремам :D)
 
What???
Очај беше. Очај!!! Дигитализирано срање, брука за Die Hard трилогијата. И продолжението на Индијана Џонс со Шија ЛеБуф беше подобро од оваа мизерија. Од првите три дела до четвртиот има светлосни години разлика.

Туку добро, ти и Њотот сте фанови на лимени канти, за вас нема ништо лошо, се се јаде. Анти-хипстери сте вие, немој случајно да сте исхејтале нешто... :)
Е сега шиата немој да го споредуваш со Брис Вилис. Вилис без труд и без маки е подобар во сите можни аспекти на актерството од овој. Шиана едино во Дистурбиа ми беше арен, другото се беше трагично.
И нели ти стана досадно веќе ова со кантиве бре? :)
 
(сакам да му ја спојлнам на еден д килинг, па уште предвреме си се спремам :D)
Знам и на кој, само нека се пожали...

Е сега шиата немој да го споредуваш со Брис Вилис. Вилис без труд и без маки е подобар во сите можни аспекти на актерството од овој. Шиана едино во Дистурбиа ми беше арен, другото се беше трагично.
И нели ти стана досадно веќе ова со кантиве бре? :)
Скраја да е, не ги споредувам актерите, она лиглето не ни може да се нарече актер. Само сакам да доловам колку беше лош DH4.
Кантите ми се некако дно на дното ама сега кога спомна, размислувам дали да престанам со нив и да почнам да те хејтам за Disturbia :)
 
Џанго Анчеинд ќе го даваат од 17ти Јануари во кино.
Сега за сега добива позитивни реакции филмот а некои го нарекуваат дури и вториот најдобар филм на Тарантино за Палп Фикшн па ќе треба да се види филмчево дефинитивно :).
Е сега треба да пазам да не си го оверхајпнувам филмот пошто од Кил Бил очекував многу па на крај добив рандом филмче што и не до толку лошо ама не е ни нешто ептен добро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom