Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Го мразам тоа лигле, појќе од Николас Кејџ го мразам...

Остај . Видов слики нешто , Ларс му пуштил брада и коса , да заличи на нешто ( колку толку да се спаси работата) .
Вакво голобрадо уште да стави розев ранец со Џастин Бибер отпозади и да го пуштиш да учи ЗПО у четврто.
 
Кога ќе сватите дека клинците ги создаваат улогите, т.е. напалените тинејџери :D

Барем така е кај 2 класа филмовите.
 
Па не е овој тинејџер, 26 години има. Ни-таму-ни-ваму :)
 
Абе ок Псај тоа , ама Ларс Вон Трир со мочково ? :confused:
Последна комбинација на режисер и актер која би ми паднала на ум дека ќе се деси.
 
Па тоа е, стално упаѓа во глупи комбинации. Наместо да си глуми во филмови со Џастин Тимберлејк кај што му е местото...
Мора да има луѓе по студијата кои викаат ок, ќе дадеме пари за филмот, ама... Ко во скечот на К-15 кога вика Тошо: малиов е најбољи у маало, само никој не го знае пошто работи во слаткара...
 
Dreed со зградата многу потсеќа на The Raid: Redemption само што во вториот акцијата ко да е подобра.
 
Добро сега не претерувајте и вие не беше до толку лош последниот Die Hard. Не е на нивото на првите 3 ама не беше ни до толку лош.
 
Незнам зш овде ми бришеш мислења, оваа е тема каде секој може слободно да си каже свое мислење

Оф топик си дури и во ваква тема. Каква врска има напис со убавина со филмови, режисери, актери, генерална дискусија?Има цел подфорум убавина, ама ќе да не ти е тебе филмот да пишеш за написот. А и не дека ти е прв пат.

Ова белким ти е доволно објаснување зошто нема да стои постот во темава. Ако ти е за безвезни провокации, рилекс малку. Подфорумов е таман за фини муабети.
 
Џанго ќе биде ослободен денес....Чим некој најде снимка одма нека постира тука :)
 
Оф топик си дури и во ваква тема. Каква врска има напис со убавина со филмови, режисери, актери, генерална дискусија?Има цел подфорум убавина, ама ќе да не ти е тебе филмот да пишеш за написот. А и не дека ти е прв пат.

Ова белким ти е доволно објаснување зошто нема да стои постот во темава. Ако ти е за безвезни провокации, рилекс малку. Подфорумов е таман за фини муабети.
Не се нервирај кaкви црни провокации, се шалам ма, али нема везе :D
Ја пратам темава и се постира све од кој што јадел во ресторан, кај ги шетале децата Џоли и Пит до физичка сличност меѓу актери, јес да не се толку чести такви постови али ги има, али пак нема везе да не ја натегаме на темава :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom