Бензин vs Дизел

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
VW Bora, 1,9 TDI. 110 кс, со автоматски менувач во просек низ град во овј период ми троши помалку од 8л/100км. На отворен пат при возење до 110 км/ч потрошувачка е помалку од 5л/100км. Обие податоци не ги отчитував од борд компјутерот туку по проверена метода: полење до врв-изминување 300-400км - повторно полнење до врв. Изминатите километри помеѓу двете полнења ги делам со количеството од второто полење и добивам средна потрошувачка. Ова е според мене највалиден начин на испитување на потрошувачка.
-Ако беше бензинец, ќе потрошеше веројатно најмалку 12л во град или 10 на отворено. Бидејки кога е сезона на возење автомобил во текот на еден месец не минувам помалку од 800км, дизелот е за мене одлична опција.
 
Ако беше дизелот поснажно гориво ќе го користеа и во тркачките спортови.
Јас пак ни еден шлепер немам видено на бензин, ни еден трактор, ни едно товарно возило.
И сега што правиме.
Ке споредуваме кој е појак, гепардот што трча 120 км/ч или леопардот кој трча 60 км/ч. За лав или тигар да не правиме мубает воопшто.
 
Секој има различни афинитети при возењето или пак барања. Споредби од тој вид не држат вода. Јас на пример сум сосема задоволен со 170 км/ч колку најмногу имам постигнато со мојот дизел (имам впечаток дека и повеќе може зашто го прекинав забрзувањето) и доволна ми е таа брзина за возење по автопат. Најпосле, кога сакам адреналин, не седнувам во кола туку ја јавам Хондата на 2 тркала и полетувам.
 
У Дизел фазону Деде,'90 моду,иза себе имам хорда платених убица.

:)
 
Diesel natürlich !!!

Audi V12 TDI: a quantum leap in diesel technology.

3060000000058099.JPG

audi-r18-e-tron.jpg

Еве врвен спортист и повеќекратен победник кој во уста ги носи бензиските спортски ламји.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 21:32 ---
Кој вика дека американците не сакале дизел???

542616_10151102896901470_843248800_n.jpg

Coming soon to the States… More TDI models! Stay tuned as we will be sharing official pictures from the Audi Stand at LA Auto Show next week. Here's a glimpse of what we have in store. http://audi.us
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:15 ---
И за крај уште еден факт...

TDI Fact - One drop of diesel fuel has 12% more power than one drop of gasoline.

An accolade for Audi Sport: After the V12 TDI engine of the Audi R10 TDI, the V10 TDI engine of the Audi R15 TDI has been awarded the title of “Global Motorsport Race Engine of the Year” as well by an expert international panel of judges.

audi_motorsport-110320-0398-500x333.jpg

Сепак секој со својата математика ;)
 
Дизел, вртежен момент со тони. Ама заради повисоката температура на моторо и самата тежина на челичнио блок го прават доста непрактичен за у спортски коли. За дизел мотор требе дополнително ладејне, подебел ладилник, водна пумпа со поголем дебит, посилен акумулатор со поголема стартна струја (за да го заврте тај мотор силно коа ја палеш). Од друга страна има ного поефикасно согорувајне на вбризганото гориво, без некакви посебни модификации. За бензинец да ја има истата ефективност требе сензори, променливи времиња на вбризгувајне (ВиТек, ВАНОС, и забравих на ауди технологијата как се викаше), малко победна смеса и поконтролирано согорувајне.

Овија в10 и в12 са ного тешки мотори, плус ауди имат една гадна навика да немат баш 50-50 распределба на тежината, и да го турат самио мотор ептен напред, и доведува до нииното класично невртејне (understeer). Па у некоја кривина вртеш на лево, а одеш на право, волано се осеќа како да е кашкавал, и ти се чудеш шо се случува.

Бензин, вртежи до миљон шо се вика (реално до кај 8-9000 на роуд карс), до 20 000 у Ф1.

Дизел и Спортско возејне не соодветсвуват баш, освен ако нема сериозни карантии под хаубата. Ама за тава може у некој нареден пост да поднапишам. Додуша и денешните турбо бензинци не са нешто поарни..
Бензин, атмосферско дишејне, 6 у линија, или в8 од Минхен. Да се наеже човек коа ќе ги слушне под хауба.
 
(ВиТек, ВАНОС, и забравих на ауди технологијата как се викаше)

FSI&TFSI direct fuel injection technology мислам дека беше.

Инаку да не забегаме од темата моментално дома имаме 3 модели на ауди. А6 2.5 ТДИ од 2003 година кое го купи татко ми ново кога се пензионира во Швајцарија и го донесе овде (инаку 30 години работеше во овластените претставништва и сервиси за Ауди во Цирих и тамо се пензионира), а иако сите тврдат дека тоа е најпромаршениот мотор во ауди еве има нешто над 150.000км поминато за скоро 10 години и освен редовен сервис сум немал некој поголем проблем со него. За работа возам Ауди 80 Б4 караван од 1995 1.9 ТДИ која има 230.000км и можам да кажам дека колата е како тенк практично неуништлива. Е сега од носталгични причини летоска зедов Ауди Б2 1.6 обичен дизел, но него го вози татко ми (и ден денес вика дека повеќе не се прават такви добри коли :)) и не е слезен од него, а тера чудото и гајле нема, а потрошњата му е помала него на другиве две.

Е сега за моментот околу сервисите додека беше нова А6-ката т.е. првите 3-4 години само 3 пати беше во овластен сервис и тоа во Цирих каде живее брат ми кога одевме на посета кај него, а после тоа е одржавана кај механичар во Кичево (син на пријател од татко ми кој работел во овластен сервис за Ауди во Цирих и сега има сервис овде) и сум презадоволен.

Да резимирам...бидејќи се занимавам со работа од која ми е потребно возило, а и скоро секоја година напролет патувам кај брат ми во Цирих (значи зборувам за 15-17.000км годишно) дизелот повеќе ми одговара, а и навикнат сум некако на дизелите.

За крај како што споменав погоре секој со својата математика и според потребите и можностите треба да си го одбере возилото(y)
 
FSI&TFSI direct fuel injection technology мислам дека беше.
Не не, Т/ФСИ е Турбо/ Фјуел Стратифајд Инџекшн, дирекно вбризгувајне како Комон Рејл на дизелите. Едноставно секоја дизна се контролира електронски од ЕКУ-то на колата кога точно, и колко количински да вбризга пиезо-инјекторо. Истото е усогласено со Ауди ВалвеЛифт системо (така се вика, текна ми), и позицијата на брегастите, и радалицата. Од друга страна имаш Маф Сензор, колко воздух е достапно, и податоци од ламбда сондите какви са гасовето шо излеват.
 
За крај значи сум имал и ново и половно возило и секако филингот на ново е неспоредлив, но да бидеме реални не може секој да си дозволи кај нас нова кола со овие состојби какви што ни се во државата.
Погоре прочитав дека се става црвена нафта во дизелите. Па добро бе луѓе таа нафта е пред се наменета за греење и има парафин, старите дизели можеби немаат гајле, ама тука е моментот од типот на муабетите ми смрзна нафтата (згуснал парафинот) и зиме не пали па ајде по мајстори итн.
Од мое лично искуство редовен сервис,квалитетно масло, проверка на греачи и добар акумулатор во зима и никако црвена нафта и дизелот ќе тера долго време без проблем.

Да не должам...голем плус за дизелот на темава од мене(y)
 
А што викате дека дизелот е поснажен, на пример да земиме 1.5 бензинец и 1.5 дизел( ама обичен, не турбо) и кој че има појче кс и нм?
(прашувам, не изнесувам став пошто не сум доволно запознаен)
 
А што викате дека дизелот е поснажен, на пример да земиме 1.5 бензинец и 1.5 дизел( ама обичен, не турбо) и кој че има појче кс и нм?
(прашувам, не изнесувам став пошто не сум доволно запознаен)
Бензинот ќе има повеќе к.с. но дизелот ќе има повеќе вртежен момент.
 
А што викате дека дизелот е поснажен, на пример да земиме 1.5 бензинец и 1.5 дизел( ама обичен, не турбо) и кој че има појче кс и нм?
(прашувам, не изнесувам став пошто не сум доволно запознаен)
1.5 ВиТек Хонда има 116 којна.
1.6 ВиТек Хонда има 160 којна
1.8 виТек Хонда има 180 којна.
с14б20 на бмв има 200 којна.
Се е тава атмосферки.... Неверојатни мотори... особено С14ката... Неверојатен ѕвер....

Природно аспириран дизел од тија години со таа кубикажа си е мртовец.... Ако не прааме маабет за потрошувачка...
 
Да, ама види до 4000 вртежи колкуи којна имат... тие мотори се “будат“ над 5000.

А така ако гледаш, Wankel-от на Мазда на 1.2 литри има 230 кс. Чист атмосферец. Ама не било се до силата, имало и други виши математики во целиот процес на одлука.
 
Така е, не викам не. Не рамнам јас само бројки, и готово бензино е супер, дизело е срање. :-)
Дизело има повисок процент на полезно дејство со единица гориво. И заради тава на дизел не му требат толку ногу вртежи за да постигне одреден вртежен момент, и да се изваде одредена цифра којнски сили.
За бензино да изваде којна, требат му вртежи. А како се праат вртежи на атмосферен мотор. Бензин може да однесеш колку сакаш, Имаш пумпа. Воздух, не баш (требе турбо).
Соодносо негде е 14 единици воздух према 1 единица бензин (по сеќавање). И не за џабе ги праат овија Валветроник (ВАНОС), ВиТек, Ауди ВалвеЛифт, за да можат кривата на вртежнио момент да ја држат колку толку константна... Иначе има си 1 пик на 6-7000 вртежа и толку е.. На другите вртежи е мртовец.

Иначе, Хондите са како мотори за писта, вртат ги до 9-10 000 вртежи. Додуша них може и ногу економично да ги возеш (под 4к)си поддржуват брзина перфектно. Ако сакаш да гмечеш, една, две брзини понадоле и гас до даска.
 
За крај значи сум имал и ново и половно возило и секако филингот на ново е неспоредлив, но да бидеме реални не може секој да си дозволи кај нас нова кола со овие состојби какви што ни се во државата.
Погоре прочитав дека се става црвена нафта во дизелите. Па добро бе луѓе таа нафта е пред се наменета за греење и има парафин, старите дизели можеби немаат гајле, ама тука е моментот од типот на муабетите ми смрзна нафтата (згуснал парафинот) и зиме не пали па ајде по мајстори итн.
Од мое лично искуство редовен сервис,квалитетно масло, проверка на греачи и добар акумулатор во зима и никако црвена нафта и дизелот ќе тера долго време без проблем.

Да не должам...голем плус за дизелот на темава од мене(y)
-Адитив во нафтата е пожелно да се додаде преку зима без оглед кое и какво е потеклото и намената на горивото за тоа што (знам од личен пример) возилото преку зима го паркираш на отворено, на место каде се екстремно ниски температурите, овој „феномен“ на кристализација на дизел горивото знае да те изненади. Дизелот е сепак фракција која во каква и да е варијанта, содржи парафин. Ако не ми веруваш, стави во едно шишенце од пола литар дизел гориво по твој избор, затвори го убаво и стави го дома во замрзнувач да одстои една ноќ. Погледни утреден како ќе изгледа.
-Инаку имав Голф-3 со најобичен 1,9 атмозферски дизел мотор и го изгазив од возење на нафта за домакинство на времето. Можеби има извесна разлика во крајната брзина која е незнатно помала и сосема малку знае да прочади на повисок број вртежи над 3500 во минута, ама од друга страна работи помирно и потивко, за есапот по џеб да не муабетам. Тоа ауто биквално го изгазив од возење, кога го продадов пред 3 години имаше околу 240.000 км поминати од кои половината јас ги минав и сеуште го возат бидејки го гледам често низ град.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom