Фан Клуб: Борусија Дортмунд

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Lewandowski veke kazal deka ova e samo spekulacija i sekako goal.com kako izvor e isto ko ja da su ti kazal ;)
--- надополнето: 21 декември 2012 во 14:34 ---
И јас мислам дека е bullshit и дека ќе остане во Дортмунд бидејќи тие се веќе сериозен клуб па и ако направат нешто повеќе сезонава во ЛШ загарантирано ќе биде неговото останување.(y)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Lewandowski veke kazal deka ova e samo spekulacija i sekako goal.com kako izvor e isto ko ja da su ti kazal ;)
--- надополнето: 21 декември 2012 во 14:34 ---
па баш во Манчестер би отишол каде се Руни и Ван Перси кој ќе игра попрво..чиста шпекулација
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Сите би го зеле Лева иако имаат одличен напад, но Манчестер се снабдени и не верувам дека сакаат да платат тоа што Дортмунд ќе побара. Кагава веќе беше 20м ЕУР сосе бонуси, может и малце поќе, но Лева испод 25м нема да оди нигде, толку му вреди на Дортмунд. И веќе изјавиле дека крајно и ќе го чуваат до истекот на договорот ако не понуди никој тоа што бара клубот. Секако и зависи дали ќе најдат замена за него. Мислам дека Левандовски има интерес да оди но прашајнето е кој клуб има потреба? Челзи можеби но тие ко што читам бараат други напаѓачи.
 
B

BooBojan

Гостин
Лева моментално за мене е најквалитетниот шпиц.Поседува страшни квалитети,за мене тој вреди барем 40милиони евра.А пак ако се спореди со трансверот на Торес 100 :).
За во Англиски клуб е таман,тоа што е потребно,подвижност,сила,техника,убиственост,одличен финишер, многу лесно би се прилагодил на Англискиот фудбал.Во Јунајтед би дошол одлично но со оглед на моменталниот кадар во Јунајтед и самиот тој е свесен дека тешко би имал сигурен првотимски статус.
Инаку сонувам да го видам во црвениот дрес.Левандовски со број 9 на грб....:drk:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381

Документарец за Вестфален и за јужната во Дортмунд со убави слики.
Ilumious дека прашуваше за стадионот, има и интересни слики од планови, прва градба, доградби итн. :) (од 11м до 13м)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.953
Поени од реакции
116.502
Лева моментално за мене е најквалитетниот шпиц.Поседува страшни квалитети,за мене тој вреди барем 40милиони евра.А пак ако се спореди со трансверот на Торес 100 :).
За во Англиски клуб е таман,тоа што е потребно,подвижност,сила,техника,убиственост,одличен финишер, многу лесно би се прилагодил на Англискиот фудбал.Во Јунајтед би дошол одлично но со оглед на моменталниот кадар во Јунајтед и самиот тој е свесен дека тешко би имал сигурен првотимски статус.
Инаку сонувам да го видам во црвениот дрес.Левандовски со број 9 на грб....:drk:
Секоја чест за Левандовски али Фалкао е неприкосновен во моментов. :)
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
143
Поени од реакции
163

Документарец за Вестфален и за јужната во Дортмунд со убави слики.
МАМА МИА !!!!
You'll Never Walk Alone Borussia Dortmund !!!
:cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc:

А за Lewandowski што ке биде нека биде,го бараат големи клубови на кои Борусиа со нивната понуда тешко може да му оддолее и притисокот кон игрчот е огромен,се работи за млад фудбалер кој има свои планови во иднина и добива понуди со подобра заработувачка и играње во ''поквалитетни лиги'' каде што конкуренцијата е поголема а никаде не пишува дека треба да игра цел живот во еден клуб па тука е и причината зошто фановите нетреба да се лутат на самиот играч...

Е сега денешниот фудбал малку оди кон ''шпионажа'' вклучувајки тајни договори без да знае матичниот клуб што не е во ред или пак тајни средби што на крај резултираат со незадоволство и изненадување на фановите ''Nuri Sahin'' а затоа клубот треба да има соодветна замена за клучните играчи а тоа моментално во Дортмунд го нема од причина што не успеаа да пронајдат замена за Роберт кога си замина Barrios го купија Schieber а тоа се покажа како неуспешен трансфер и сега ситуацијата е малку тешка од причина што еве се зборува за заминување на Lewandowski уште во Јануари а клубот има на клупа замена за него што не се изнаигра оваа година а купувањето на нов напаѓач во овај период е ''мачка во вреќа''

Како и да е гледам пола Борусиа се наојѓа на листата на големи клубови како да е тоа некој тренинг камп каде кој ке се докаже иде кај нас а тоа е така бидејки два играча си отидоаа многу лесно и не ги прифатија понудите на нивниот клуб ''плата/договори'' и заминаа таму каде што се и се тоа што се кој задоволен кој незадоволен а BORUSSIA DORTMUND како клуб му остави порака ВРАТИТЕ ЗА ВАС СЕ ОТВОРЕНИ КОГА И ДА ПОСАКАТЕ ! ! !

Секогаш се гордеам на тебе ВЕЧНА ЛЕГЕНДО !!

 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
^ Дека публиката во Дортмунд знае да цени поранешни играчи не е тајна, посебно Јан Колер има голема репутација меѓу фановите. После заминувајнето од Дортмунд стигна пак во Германија, поточно во Нирнберг. Нирнберг уграше во Дортмунд сосе Коллер, и мислам изгубија. На крај фановите скандираа Јан Коллер и тој пред да си замине во соблекувална дојде пред јужна и фановите уште еднаш го славеа. Иако Коллер беше критизиран од Нирнберг за тоа, тој изјави дека имал прекрасно време во Дортмунд и со фановите и беше трогнат ко го викаа неговото име. Секоја чест.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.411
Поени од реакции
26.409
Клаус Алофс сака да го доведе Перишич во Волфзбург. Најверојатно и ќе му успее :свиркам:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Клаус Алофс сака да го доведе Перишич во Волфзбург. Најверојатно и ќе му успее :свиркам:
7м минимално, али од Волфсбург може и милионче плус :icon_mrgr:
--- надополнето: 24 декември 2012 во 02:12 ---

Дефинитивно трансфер на сезоната во Германија. Ако е до мене би го чувал и Кагава, ама со Ројс никој не го спомина поќе. Тоа доволно кажува колку се снајде во Дортмунд, иако окса со Ројс - Кагава - Геце би било врв :vozbud: Како и да е, Ројс како роден во Дортмунд си се врати на своето место и не сум ни сигурен дали воопшто ќе си замине во странство. Јасно е, дека ако спортската перспектива во Дортмунд е добра како сега, тешко дека ќе заминe за скоро. (y)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Да се разбериме..Ројс е играчиште но тој Дортмунд со Кагава е подобар од Дортмунд со Ројс..не е до резултатите туку до самата игра..Ројс е подобар како индивидуалец а Кагава го правеше целиот тим да игра подобро со неговите одлични пасеви и креативност..едноставно Дортмунд полесно правеше шанси кога Кагава беше во составот а сега на моменти изгледаат стерилно и играат понекогаш на сила
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Да се разбериме..Ројс е играчиште но тој Дортмунд со Кагава е подобар од Дортмунд со Ројс..не е до резултатите туку до самата игра..Ројс е подобар како индивидуалец а Кагава го правеше целиот тим да игра подобро со неговите одлични пасеви и креативност..едноставно Дортмунд полесно правеше шанси кога Кагава беше во составот а сега на моменти изгледаат стерилно и играат понекогаш на сила
Во право си ако викаш дека играта на Дортмунд се смени. Со Кагава имаа вистинска 10ка која даваше многу шанси и преку средина имаше и доста акции за гол. Клоп добро ја смени тактитката и сега уште повеќе се нафрлени на контри и тоа претежно преку крилата. Ројс е добар индивидуалец, но прoсечен техничар. Неговите адути се во добриот сенс за ситуација и секако шутот повразан со ладнокрвноста пред гол. Не за џабе 90% од неговите голови се тие за 1:0 кој се многу битни. Проблемот на Дортмунд годинава е дефанзивниот дел. Често примаат голови од индивидуални грешки, до некаде тоа е поради повредите на Кел и Бендер и тие фалат на крај. Али сепак, Кагава беше измислен за стилот на Дортмунд.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Во право си ако викаш дека играта на Дортмунд се смени. Со Кагава имаа вистинска 10ка која даваше многу шанси и преку средина имаше и доста акции за гол. Клоп добро ја смени тактитката и сега уште повеќе се нафрлени на контри и тоа претежно преку крилата. Ројс е добар индивидуалец, но пресечен техничар. Неговите адути се во добриот сенс за ситуација и секако шутот повразан со ладнокрвноста пред гол. Не за џабе 90% од неговите голови се тие за 1:0 кој се многу битни. Проблемот на Дортмунд годинава е дефанзивниот дел. Често примаат голови од индивидуални грешко, до некаде тоа е поради повредите на Кел и Бендер и тие фалат на крај. Али сепак, Кагава беше измислен за стилот на Дортмунд.
не знам како можи таков играч толку ефтино да му го дадат на стариот прч Фергусон..па тој беше дијамантот во оваа екипа и толку премногу лесно да се откажат од него неможат да разберам..ајде договорот му завршвал но зошто туку така со скрстени раце седеа раководството на Дортмунд?..зошто не го убедија да остани барем уште една сезона?..вака отиде во Манчестер Јунајтед се исповреди и сега којзнае во каква насока ќе му се движи кариерата
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
не знам како можи таков играч толку ефтино да му го дадат на стариот прч Фергусон..па тој беше дијамантот во оваа екипа и толку премногу лесно да се откажат од него неможат да разберам..ајде договорот му завршвал но зошто туку така со скрстени раце седеа раководството на Дортмунд?..зошто не го убедија да остани барем уште една сезона?..вака отиде во Манчестер Јунајтед се исповреди и сега којзнае во каква насока ќе му се движи кариерата
Сум приметил Германските тимови и челници имаат слух за играчот, ако тој изрази желба да си оди и имаат разбирајне. Ако плус земаат солидна пара и претежно го даваат. Малку тука себеси се подценуваат ама и на крај мора да прецениш дали со парите можеш да направиш некој плус. Тоа на Дортмунд му испадна со Ројс. Кога веќе го дадоа Кагава зедоа барем врвен играч. Ама мора сепак да кажеме дека Кагава имаше уште година договор и плус немаше никаква шанса да го продолжи договорот. Во Јапонија Премиер Лигата и посебно Манчестер се врвот, не дека клубот не даде све да го убеди. И на Кагава му беше тешко да си оди но Јапонците се поќе ладнокрвни и си имаат некој план за иднината. Целта му беше Англија. Дортмунд зеде на крај сосе премии 20м ЕУР што не е и толку лошо, пошто го зедоа за 350.000 ЕУР. За џабе да држиш играч кој сака да си оди. Битно е со парите што ќе направиш. Иначе и Кагава има слабости, во Дортмунд двапати по пола година поради повреди не играше, еве и во Манчестер има повреда. Не дека е хроник, ама ако продолжи така ќе има имиџ како Балак или Робен со повредите, што секако не му посакувам. Кагава секојпат беше фер и искрен и затоа и клубот така изигра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom