Стрип фанатиции, јавете се!

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaP
  • Време на започнување Време на започнување
Го исчитав скоро целиот серијал од V for Vendetta стрипот (као што ми се гледа и по ник, потпис и слично) и сум апсолутно воодушевен...

Не е моментот на десктоп, ама од кај да го најдам печатен?

Ако некој знае, кажувајте. :)
 
Кај нас го нема, единствено по онлајн нарачка.
Или ак најдеш некој да продава, чек ќе ти пратам линк по пм, незнам како се правила на форумов за сајтови а ме мрзи да барам.
:)
 
КОНКУРС ЗА 8-миот МЕЃУНАРОДЕН САЛОН ЗА СТРИП - ВЕЛЕС 2010

Пропозиции: - Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста.

- Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, квалитетна копија (мин. 300дпи). Стриповите нема да бидат вратени,
- Tемата на стрипот е слободна
- Текстот во стрипот да биде испишан на македонски, англиски или на еден од јазиците од Екс - Ју просторите;
- Секој автор (билo цртач, било сценарист) може да учествува со само еден стрип;
- На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш...)
- Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање и место како и држава од каде е авторот), како и година кога е стрипот нацртан. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

- Сите пристигнати стрипови ќе бидат вклучени во Изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција

- Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија и Комисијата ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

Прва награда, 200 ЕУ ''Златен стрип '', и диплома за прво место.

Втора награда, диплома за второ место.
Трета награда, диплома за трето место.
Награда за најдобро сценарио, диплома.

Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
Рокот за испракање е до 25-ти Септември 2010 година

Адреса: Стрип Центар на Македонија - Велес
(за конкурсот)
Ул. Васил Горгов, бр.78
1400 Велес
Република Македонија
Телефон: ++ 389 75 666979
Е-маил: comicmk(мајмунче)yahoo.com
Извор
 
Имам неколку изданија на компјутер.
Ги имам читано Wanted, Madame Mirage, Rogue, Gambit, X-men, Wolverine, Spiderman, Isnogud...
Има на страницата на Марвел неколку онлајн изданија
http://marvel.com/digital_comics/
ама за некои треба членство да имаш.
 
Сега сум во последно време во дружба со Марти Мистерија, инаку имам идеја да почнам со сценарио за еден стрип од типот на Алан Форд и Фемили Гај. (Имам разработено неколку карактери и материјал за 2-3 броја)
 
Calvin and Hobbes ми се први на листа. Порано ги сечев од еден наш весник што ги објавуваше и со нив си ги лепев тетратките:D. Сега си ги читам он лајн.
Исто така и Гарфилд го обожавам. А на времето го читав и Астерикс.:)
 
Уште Дилберт и сите мои омилени хумористични...:) МARRY ME...?:love:
 
Порано бев стрип фанатик, имав полица во соба, и наредени еден куп стрипови од Загор, ММ и остала багра, кои ми служија ко украс одредено време, бидејќи одамна ги имам читано, но веќе ни украсно ги немам, кој знае каде се, и каква ли прашина голтаат.
 
Сака ли некој да купи оригинал амерички Марвел стрипови, Спајдермен, Дердевил, имам и по некој Х-мен...нека пише во пп некој ако е заинтересиран
 
Сега сум во последно време во дружба со Марти Мистерија,...
Ја ги купував сите (од број еден па натаму), али негде 1990 ги шитнав, за да нешто подоцна почнам да ги збирам пак (и хрватските и српските). Сеа моментално не знам колку точно ми фалат од сите издадени MM-a (на територија на бивша СФРЈ), али увек коа ќе налетам на старинари кои продаваат стрипови, идам одма да проверам да не има некој број шо ми фали.

Calvin and Hobbes ми се први на листа. ...
- ги имав (од САД) у две три големи книги со по многу табли и каишеви.
 
Имам неколку изданија на компјутер.
Ги имам читано Wanted, Madame Mirage, Rogue, Gambit, X-men, Wolverine, Spiderman, Isnogud...
Има на страницата на Марвел неколку онлајн изданија
http://marvel.com/digital_comics/
ама за некои треба членство да имаш.

Леле ...зашто не сум ја знаел странава ..... ФАЛА !!!!!
 
Ја ги купував сите (од број еден па натаму), али негде 1990 ги шитнав, за да нешто подоцна почнам да ги збирам пак (и хрватските и српските). Сеа моментално не знам колку точно ми фалат од сите издадени MM-a (на територија на бивша СФРЈ), али увек коа ќе налетам на старинари кои продаваат стрипови, идам одма да проверам да не има некој број шо ми фали.
ММ беше навистина супер стрипче, покрај приказната која имаше голема доза на СФ во неа, јас научив географија и историја од стрипот.
Скоро во секоја епизода имаше некое место каде што одеа во авантура и се одделуваше страница или две од стрипот за да се опише местото и раскаже историјата на некој историски настан, многу пати и од поинаква перспектива што го оформуваше критичкиот осврт на читателите на стрипот кон сите историски настани или пак она што го пишува официјалната историја или пак медиа.
Исто го колекционирав старите, покасно кога излегоа хрватските изданија ги почнав и нив, но еден братучед ми ги зеде и ги потомори некаде, па изгубив волја да ги собирам
Ги имам на цбр формат доста броеви, ама исчитани ми се по неколку пати и не ми се интересни повеќе.
Да беа во книжен формат, најверојатно ќе ги проучував наутро во купатило детаљите.
 
Ако земеш пак да ги читаш, можеш да го научиш Менхетн улица по улица.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom