Што ни е поважно: Цената или квалитетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Што ви е поважно: Ниската цената или квалитетот?

  • Ниската цена

    Гласови: 23 20,4%
  • Квалитетот

    Гласови: 90 79,6%

  • Вкупно гласачи
    113
Од сето мое искуство досега со технолошки работи знам дека се што е поскапо е во "мода" и е актуелно подолго т.е заштедуваш пари за до наредна надградба во иднина
 
Не си сосема во право, еве на пример патики
-најк од 150 евра
-најк, адидас,рибок од 30-50 евра
-адибас, ребцк и слично од бит пазар за 10 евра

Што одбираш ти?
Мене најдобра опција ми е втората, ем имам пристојна оригинал патика, ем не сум ја преплатил.
Оригинал најк за 30 евра???
 
втората опција е најдобра, ама и тие се најк, адидас т.е. квалитет ...

Зборот ми беше дека ситуацијата не е црно-бела, од најголемиот дел производи што ги купуваме имаме нешто измеѓу кое има пристоен квалитет за прифатлива цена.

Оригинал најк за 30 евра???

Токму така, последните 4-5 пара на патики (најки, адидас, пума) ги имам купено по таа цена (од 30-50 евра).
 
Тешко дека било кој ќе се одлучи само за ниската цена, а знае дека квалитетот е никаков на тој производ, освен ако не е приморан да купи нешто евтино а неквалитетно. За жал, повеќето Македонци СЕ ПРИМОРАНИ да купуваат неквалитетни, но евтини производи
--- надополнето: 21 декември 2012 во 22:11 ---
Зборот ми беше дека ситуацијата не е црно-бела, од најголемиот дел производи што ги купуваме имаме нешто измеѓу кое има пристоен квалитет за прифатлива цена.

Токму така, последните 4-5 пара на патики (најки, адидас, пума) ги имам купено по таа цена (од 30-50 евра).
Претпоставувам дека си ги купил во странство или евентуално во Скопје, во Охрид и другите помали градови нема шанса оригинал патики да купиш за 30 евра (за 50 да).
 
Претпоставувам дека си ги купил во странство или евентуално во Скопје, во Охрид и другите помали градови нема шанса оригинал патики да купиш за 30 евра (за 50 да).

Само странство брат, овде маржите им се над 100%.
Плус попуст и распродажба навистина значат тоа, за разлика од кај нас.На доста производи и квалитетот е подобар од тоа што го носат тука.
 
За просечен Македонец приоритети се храната и сметките, се друго е врзување крај со крај

Да, тоа се главните приоритети, но што е со спроедните приоритети? просечниот Македонец нема 2000 за напајање кое ќе трае 5 + години, но има 1000 - ка најмалце да остаи една вечер во кафана....ова е само пример за тоа што ти го зборам, значи дури и оние кои се стварно сиромашни наоѓаат начин за по некој луксуз, но кога се работи за нешто што не им е од интерес, спремни се да платат на 3/4 пати по 500 денари, наместо еднаш 2000, тоа се вика приоритет уствари кога се прашувам јас класична игноратност и неспособност за правење домаќински есап.
 
Кој будала ако има пари нема да купи квалитетно? На кој не му е поважно квалитетното?
Работава е, пуштање нозе до кај што е чергата.

Да се разбериме, зборувам за Квалитетно, а не за Бренд.
 
Стара добра поговорка Колку пари толку музика ... но не е секогаш така некогаш и скапото ќе излезе лошо а евтиното па ќе излезе многу квалитетно ... Затоа не би требало по цена да судиш ... појди си види си ако те бендисува земај :D
 
Проблемот е и колку тоа што се пласира во Македонија е квалитетно?

За жал се уште сме на маргините и магацин за шкарт класа на елитните брендови.

Има разлика во квалитетот на било кој бренд во една Германија да речеме и квалитетот на истиот во Македонија.
 
Зависи од тоа каков производ купуваш од кој сегмент. Ако купуваш со среден квалитет, има врска...ако купуваш од висок квалитет, најчесто не игра улога, затоа што тие производи имаат многу висока контрола на квалитет, дури и да се прават во Кина наместо Германија.
 
Абе каква ниска цена. Еден член на една тема кажа пример како во некоја сендвичара купиле виршли од „Кванташки“ за три денари, па неговиот другар некоја бактерија фатил... Најпрво е битен квалитетот да, ама ако финансиите не ти дозволуваат да купиш нешто поскапо, тогаш добро, може и да се купи нешто поефтино, ама нешто за некои глупи цени никако.
 
А шо да прает оние шо морет да купет баш такво нешто за „глупи цени“ за да преживеет? Квалитет сакет и стечајците, невработените, сиромашните, тие не купвет евтина и неквалитетна роба зш така сакет или зш се стегнати, туку зш не может поинаку. Ќе купет и „виршли од кванташки“ и смрдено месо и ќе се молет само да не им се разболет. Ќе купет и адибас и рибцк од 300 денари, иако знает дека се кинески и евентуално озрачени (радиактивни) зш не может да ги гледет нивните дечиња голи и боси по студојве.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom