Што ни е поважно: Цената или квалитетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Што ви е поважно: Ниската цената или квалитетот?

  • Ниската цена

    Гласови: 23 20,4%
  • Квалитетот

    Гласови: 90 79,6%

  • Вкупно гласачи
    113
Генерално гледам да е ефтино...но битен е и квалитетот ептен да не е булшит. Но има искуство ако земаш ефтино во МК може да се заебеш. Во З.Европа немам баш такво искуство има ствари 2-3 пати поефтини од најскапите а не баш некоја разлика во квалитет малку пофенси пакувања или нешто огранско фертреј и други хипи-филмови кој ич не ги поштувам ме боли... за црнците и колку среќни биле кокошките.
 
Се гледа квалитетот, џабе ако нешто е скапо и има голема цена а нема добар врвен квалитет.
Не е битна цената битен е квалитетот на производот.
 
Според мое мислење во денешно време сите повеќе ја гледаат цената отколку квалитетот, иако го тврдат спротивното ама тоа е. Би сакал и јас да го гледам квалитетот, но ипак ја гледам повеќе цената затоа што сум ограничен со пари, кои тешко се заработуваат а лесно се трошат и тоа е тоа.
 
Тој што има пари го гледа пред се квалитетот, тој што нема доволно пари секако дека ја гледа цената, во услови на низок/намален стандард секој прво ќе се ѕвери на цената !
 
Типично македонско размислување. А сте слушнале за штедење?
Јас штедам за да си го купам тоа што го сакам, а целам за квалитет. Се е до начинот на размислување - дали ќе биде краткорочно или долгорочно, зависи од нас.
Е не ти си слушнал за штедење. А дали си размислил дека некој не ни може да тргне на страна пошто све му е кнап и има доволно колку да преживее, дека не може од никаде да скраува и да го чува тоа одреден временски период? Претпоставувам дека има многу такви овде во МК, и мислењето ми беше насочено кон таа група луѓе.
Многу едноставно е, од што се нема, не се може ни да се заштеди.
Конкретно како ти би заштедил ако ти, жена ти и двете деца (без разлика која возраст се), имате 15000-18000 ден. на располагање за цел месец?За кој попрво и од што би скратил?
 
Штедење ............... корисно и паметно е да се штеди и јас сум за тоа, но за да се штеди треба во месецот да остануваат вишок пари и истите тие да се тргнат настрана, но на многумина(повеќето) не им останува вишок пара ниту за кутија цигари !
 
Е не ти си слушнал за штедење. А дали си размислил дека некој не ни може да тргне на страна пошто све му е кнап и има доволно колку да преживее, дека не може од никаде да скраува и да го чува тоа одреден временски период? Претпоставувам дека има многу такви овде во МК, и мислењето ми беше насочено кон таа група луѓе.
Многу едноставно е, од што се нема, не се може ни да се заштеди.
Конкретно како ти би заштедил ако ти, жена ти и двете деца (без разлика која возраст се), имате 15000-18000 ден. на располагање за цел месец?За кој попрво и од што би скратил?
Се учи штедење, лесно е кога ќе го научиш - тешко е да држиш константност и дисциплина.
Кај нас барем владее тренд на (веќе брендирано и надалеку познато) Македонско жалење без идеја за напредок, а за истото е крива рецесијата (и неработењето).
Јбг менталитет тешко се искоренува. А и колективно размислување.
Друга работа е дозволувањето да се пречекорат основните потреби со непотребни потреби. И нормално, секогаш е подобро кога некој друг е крив.
 
За мене задоволство е да земам нешто квалитетно за најниска можна цена. Ете други членови веќе кажаа, да има одличен однос меѓу цена и квалитет, што повеќе квалитет за цената. Ако нешто ми е скапо не го земам, ако нешто подхитно сакам ќе гледам да го земам за најмалце пари. Поред мене нормална работа, немам ја пари за подарувајне. Сепак су гледал луѓе во Македонија кој земаа пример патики за скапа цена која реално е преголема. Испаѓа дека ги сеќаваш мака им е што се штавиле толку пари и во задума се да ги вратат ама филмот е дека можат да платат толку. Искрено ја тоа не можам да го разберам. За храна сепак квалитетот е најбитен, и секако и тука треба да се гледа на цената, но таа не е пресудна пошто премногу штедејне тука може да испадне на крај лошо. Сепак многу е разберливо што луѓе со малце пари и тука гледаат на цената, тоа ми е јасно и во иста ситуација би го направил истото, но има граници пошто храната е сепак сериозна работа. А иначе за облека и друго мислејнето ми е дека е подобро да имаш 2-3 солидни парчинја пример облека, него 6-7 штогодни.
 
За мене квалитет значи производот што подолго да трае и да врши работа. Но со оглед на тоа дека не сум стручњак да оценам квалитет, а и бидејќи повеќе пати некои поскапи производи брзо откажале гледам да е производот што поефтин.
Понекогаш сепак е очигледно дека цената е премногу ниска за нештото да биде квалитетно произведено по таа цена, но тоа ретко се случува. Тоа се исклучоци.
За храна гледам да има добар вкус и да е колку толку здрава (избегнувам junk food), облеката е важно добро да изгледа и не гледам толку многу на цената бидејќи до сега и скапите и ефтините работи исто ми траеле, а и не ги носам долго па да барам квалитет. Кај техниката одам по правилото најефтино да е, освен ако не ми понудат подолга гаранција од конкуренцијата, во тој случај би размислил дали би дал повеќе за гаранцијата.
Значи зависи од производот.
 
Првенствено треба да се гледа на квалитетот, особено кога се работи за храна и некои битни работи како стан, кола, техника.
 
Позната изрека е,ако незнаеш што е убаво,земи што е поскапо.
Арно ама. не е секогаш така...Имам купено и евтино,па се погодило.пери носи...;)
Кога станува збор за храна,мислам дека поскапото е поубаво.
 
Повисок квалитет за пониска цена, македонче хаха :D :D
 
Според мене,најважно е да вреди за тие пари,т.е ако нешто е 10 денари,да вреди за тие пари или нешто што е да речеме 4-5.000 да си вреди за тие пари (да не е нешто напумпана цената)
 
Според мене,најважно е да вреди за тие пари,т.е ако нешто е 10 денари,да вреди за тие пари или нешто што е да речеме 4-5.000 да си вреди за тие пари (да не е нешто напумпана цената)
Но не е секогаш така некогаш е сосема обратно тоа што е скапо нема квалитет , и обратно некогаш ефтиното има подобар квалитет го имам заприметено тоа...
 
Но не е секогаш така некогаш е сосема обратно тоа што е скапо нема квалитет , и обратно некогаш ефтиното има подобар квалитет го имам заприметено тоа...
Не се сложувам друже со тебе тука. Збориме за поквалитетно, никогаш машинка за шишање, џојстик, машинка за фрапе и други тракатанци купени на пазар нема да бидат поквалитетни од машинка за шишање купена од Браун, Џојстикот земен во Сони а таа за фрапе купена исто од некоја брендирана фирма. Ете ја лично лани земав машинка за шишање од пазар (за брадата само ја користам), уште малце ке прави година и супер си работи ама ни случајно не можам да ја споредам со таа на братучед ми која веќе има 3 години и сигурно ушште толку ке остане во таа состојба. За џојстиците да не зборам, 3-4 игри изиграј со пазарските и копчињата ке се скријат внатре, од сони-кецот што го имав 5 години играв нон стоп и копчињата немаат попуштено ни милиметар.
Цената и те како го одредува квалитетот освен во случаите кога е вештачки напумпана-тука мислам да не биде истиот производ на две различни места по екстремно различна цена, тоа е веќе мижи да ти баам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom