Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
V

viktora

Гостин
Ако одиме по този терк и зборуваме вака, треба да те прашам каj отидоха 1 милиона бугари от мегународната карнегиева комисиja во географска Македониja?!
Прашането е днес како седат работите. Лугето имат право на самоопределуване и тоа мора да се почитува.
http://censusresults.nsi.bg/Census/Reports/2/2/R7.aspx
Македонци са се попишали : 1 654
Никоj не ви запира ако сакате да им дадете државенства.
Дечко,таа боројка е пола Македонија.Размисли малце логички.И ајде по ваше каде се тие еден милјон бугар
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.529
Поени од реакции
22.576
И што ако не са бугари? Да си видел проблем со правата на турците например?Штраjкове, нешто вакво да има? Иминja на школи нешто вакво? Вашите представи за етнички смени во школи, етничка администрациja, знаминja и така натаму са само во вашите перцепции. Тоа е за вас демократиja?
Тиja са тоа што се определуват. Секи има право да се самоопредели.
Национализмот не е ништо лошо. Национализам има и во САД например, национализам има и во Германиja например, национализам и во скандинавските држави. Вие се уште не правите разлика мегу шувенизам и национализам.
Лугето се определуват, земете да научите тоа, нема да зажалите.
Да сум видел со правата на Македонците. Едноставно ги немаат.
Ама нема везе батали, не е воопшто за тука темата.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Дечко,пак ти имајси бугарски чувства тоа не е спорно,само немој да ми споредуваш некој што ми краде од џеб и некој што ми краде од душа.Овие политичариве ме крадат,ако пак ќе спечалам еден господ ќе им плати,ама тие таквите како тебе сакаат да ми ја украдат иднината,сегашноста и минатото е тоа не се печали.
Проблемот е тоа што територијата ни е поделена со војните, што имам јас, а и скоро цела источна Македонија роднини и од двете страни на границата, то што кога нашите баби и дедовци имаат имоти на тоа место, а после е нацртана линија која нива на која држава ке припадне.
Признавате деца бегалци од грција, но не признавате тоа. Мојот дедо што печалел цел живот со жената и децата е поделено. Поголем дел-Бугарија. И сега што е тој? Бугарин, Македонец или Југословен? Ако останел од другата страна на границата, ке бил комуњар, титовец?

И која душа ти крадам? Ајде способен си ти, ке си спечалиш.
Ние неспособните.... предавниците.... неможеме
Ти ке спечалиш
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
1.Што се случува со земјата.Како што гледам граѓанска војна нема ,елементарна непогода нема друго нешто не гледам.
2.Се купуваат апарати,болнички возила,се реновираат амбуланти,болници.
3.Епа таму платата соодветствува со тоа образование што го имаат работниците.Колкава сакаш ти да биде таму платата??Ако се разбираш малце од економија ќе знаеш што значат фиксните трошоци и прагот на рентабилност.
4.Ама чарето може да се бара и со Македонски пасош тоа е работата.Никој не рече да им се забрани со закон на нашите да идат во странство,туку проблемот ќе си го видиме самите ние за неколку години кога ќе ни дојде јајцето на газот и проблемот со Бугарите.
.
1. Ок, очигледно не сакаш да погледнеш што се случува околу тебе
2. Исто како погоре
3. 100Евра плата не соодветстува со ништо, тоа е понижување за секој жив човек.
4. Треба да мислат тие што ја водат државата, затоа што народот мора да се снаоѓа на некој начин.
Јајцето е веќе одамна дојдено на газот, и со грците и со албанците и со бугарите, само треба уште малку време за да почне да се гледа тоа. Сето тоа резултат на 20 години разнебитување на државата на сите полиња.

Очигледно јас и ти сме на тотално различни гледишта, и јас така размислував долго време, до пред некои 4, 5 години. Го почитувам твоето мислење, сепак, за да осознае човек некои работи треба и сам да ги почувствува.
 
Вистина.Но постои и друга вистина.Нашите петсто години живееле во турско,тортури до максимум,со по 5-6 деца и леб и сол за ручек.Издржале,опстоиле и вера и нација и земја(иако сне немале држава) негувале до пред дваесет години.Они можеле ама ние не можеме да издржиме,пуста душичка сака луксуз и да не се мачи па фино лепо блгарското пасапортче под мишка и на готово на запад.Па кој има муда да остане да ја опраи работата тука кога може на готово да начека надвор од татковината.Само политичарите се криви.Ова му доаѓа кровот од куќата ми паѓа ама јас не сум крив него братми зошто не го поправил,па ќе се селам него нека му падне а не мене.
 
Ќе го разгледаме ова од неколку агли.
1. 500 години сме издржале под турско ропство и сме опстанале како нација. За овие 20 години преку сите гарнитури кои поминаа, успеавме да упропастиме нешто за што се бореле генерации.
Пак ќе го спомнам, предавање на знамето, предавање на името, предавање на државата на терористи, предавање на војската и одбраната на терористи, економско и социјално разнебитување на државата, богами сме за гинисов рекорд. Вадење бугарски или каков и да е пасош е мачкина кашлица во спредба со гореспоменатото. Друга интересна работа е додека се случуваа гореспоменатите работи, посебно кражбите и мафијашката приватизација, капитулацијата за името и знамето, никој не излезе да протестира. Од толку патриоти еден не се најде да се побуни, сите сме силни овде на зборови, а кога треба да се покажеме на дело, не нема никаде.
2. Бугарски пасоши имаат добар дел од луѓето во власта, во поранешните власти, во опозицијата, тоа е јавна тајна. За тоа никој не се дрзне да зборува, а сите зборуваат за тоа како некој јадник отишол со туѓ пасош да 'рмба некаде, којзнае каде.
3. Тогаш сме издржале баш поради тоа што не поробиле туѓинци, сме дале каков таков отпор и сме опстанале. Денес не поробуваат наши, македонци, а овој народ бидејќи на друг начин не знае да се буни, гледа да избега кој каде може, а бугарите на никој не му ставиле нож под грло да вади пасош (иако после тоа ќе си го искористат за нивни цели нормално). Ова му доаѓа како третиот Њутнов закон, на секоја акција, постои реакција. Во турско реакцијата била таа што била, а сега реакцијата е ова што го гледаме.
4. Како што можам да забележам, негодувањето за ова што го прават луѓето со пасошите е обратнопропорционално со возраста на единката. Кога човек ќе стекне поголемо искуство со годините и кога ќе увиди на своја кожа како е да те третираат како најдолно куче, и тоа луѓе македонци, оние таму некаде горе, тогаш ќе почне да го менува погледот на светот. Па уште кога ќе увиди дека овде и не постои некоја обединетост за да се смени нешто на подобро (барем не во блиска иднина), дека сам човек не може да се бори против овој самоуништувачки систем и дека не може со глава да се турне ѕид, ќе почне да ја сфаќа околината и да си ги отвора очите.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.529
Поени од реакции
22.576
Види да се разбериме, ако сакаме да си најдуваме изговори ке си најдеме ако ништо друго колку да си ја олесниме совеста.
Петко крадел и јас ке крадам, или јас немам тој има па ајде сега да ја ограбам банката пошто фамилијата ми е гладна или сакам да возам подобра кола. Значи за изговори колку да си ја олесниме совеста да не не гризи сигурно ке најдеме.
Друг момент. Мислам дека никој вклучувајќи ме и мене не е против печалбата или мигрирањето за подобар живот. Се правело и ке се прави. И колку да е убаво тука или не човечкото око е гладно и секогаш ке сака повеќе. Тоа е факт и од тука нема бегање.
Но начинот на кој ке емигрираш или ке одиш на печалба е сосем дискутабилен, а не самата печалба како таква.
Со чесни исклучоци кои ете се чувствуваат како бугари па си имаат морално право да си извадат пасош од матичната земја како и многу Македонци што земаат наш пасош по иста основа, другите свесно се одродуваат и се пишуваат нешто што не се.И тое не земаат пасош од било која држава туку од држава која ви го негира самото постоење. Вие не постите за нив, вие сте нешто друго.Со самото тоа што се пишувате како бугари за да земите псош си го ништите коренот, традицијата потеклото. Нема тоа никаква врска со дали некој крадел или не, нема врска со политичарите и бизнисмените, со малата плата или лошиот стандард па и на крај со државата. Се работи за народот, за својот народ. Си го предавате соопствениот народ, се негирате самите себеси а не државата и политичарите. Ако ви е државата крива што ви е крив народот.Сами себе се мразите?
Ама како што реков изговори колку да си ја олесните совеста за да можете мирно да спиете сигурен сум дека ке изнајдете.
Толку од мене, сега нека ви објаснуваат дежурните бугари на форумот зошто е тоа добро и полезно да се направи. Одработете им ја валканата работа, само еден ден да не ви се врати од главата.
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
51
Поени од реакции
6
мкд владе
Ако РМ е нормална држава и jaс ке извадам МК пасош. Ке си купам кука во градот на дедо ми ...
--- надополнето: 20 декември 2012 во 23:43 ---
Колку Македонци има во Бугарија?
2 милиона :icon_lol:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.529
Поени од реакции
22.576
мкд владе
Ако РМ е нормална држава и jaс ке извадам МК пасош. Ке си купам кука во градот на дедо ми ...
А каква врска има тоа со муабетот воопшто.
Бугарија да не нешто подобра. Или ајде да се вратиме малце наназад. Ако сега е нормална држава, во комунизмот каква беше. Ненормална?
Подобро живеевте?
Повисок стандард имавте?
Тогаш немаше бугари кои најдоја начин да заминат од тој пустош.Немаше прогонувани од режимот, немаше азиланти?Ама дали кога заминаа се кажуваа дека се нешто друго само ради тоа што не им чинеше државата? Не. Државата и народот иако се блиско поврзани едно со друго, не е иста работа.
Значи има безброј држави во светот кој се далеку поненормални и од Македонија и од бугарија, но ретко на кој освем продадените души им паднало на памет да си го менуваат националниот идентитет само затоа што не чинела државата.
Ете факт е дека еден куп бугари имаат заминато на печалба по белиот свет. Сигурно и тие сметаат дека државата не им чини па затоа заминале за подобар живот, но каква врска има тоа со националноста. Дали и тие си сменале национален идентитет само за да заминат.
Треба да се прави разлика, не е исто да го нејќеш внатрешното уредување и состојбата во државата со тоа да си го мразиш соопствениот народ. Едните некогаш можеби ке бидат нарекувани патриоти, но другите секогаш ке бидат предавници.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Види да се разбериме, ако сакаме да си најдуваме изговори ке си најдеме ако ништо друго колку да си ја олесниме совеста.
Петко крадел и јас ке крадам, или јас немам тој има па ајде сега да ја ограбам банката пошто фамилијата ми е гладна или сакам да возам подобра кола. Значи за изговори колку да си ја олесниме совеста да не не гризи сигурно ке најдеме.
Друг момент. Мислам дека никој вклучувајќи ме и мене не е против печалбата или мигрирањето за подобар живот. Се правело и ке се прави. И колку да е убаво тука или не човечкото око е гладно и секогаш ке сака повеќе. Тоа е факт и од тука нема бегање.
Но начинот на кој ке емигрираш или ке одиш на печалба е сосем дискутабилен, а не самата печалба како таква.
Со чесни исклучоци кои ете се чувствуваат како бугари па си имаат морално право да си извадат пасош од матичната земја како и многу Македонци што земаат наш пасош по иста основа, другите свесно се одродуваат и се пишуваат нешто што не се.И тое не земаат пасош од било која држава туку од држава која ви го негира самото постоење. Вие не постите за нив, вие сте нешто друго.Со самото тоа што се пишувате како бугари за да земите псош си го ништите коренот, традицијата потеклото. Нема тоа никаква врска со дали некој крадел или не, нема врска со политичарите и бизнисмените, со малата плата или лошиот стандард па и на крај со државата. Се работи за народот, за својот народ. Си го предавате соопствениот народ, се негирате самите себеси а не државата и политичарите. Ако ви е државата крива што ви е крив народот.Сами себе се мразите?
Ама како што реков изговори колку да си ја олесните совеста за да можете мирно да спиете сигурен сум дека ке изнајдете.
Толку од мене, сега нека ви објаснуваат дежурните бугари на форумот зошто е тоа добро и полезно да се направи. Одработете им ја валканата работа, само еден ден да не ви се врати од главата.
Јас те разбирам многу добро што сакаш да кажеш и твојот став држи вода. Ама сепак мислам дека проблемот е далеку посложен за да му се пристапи толку еднострано, дури и да ги оставиме на страна економските аспекти.
Прво, ние како народ си носиме колективна лузна и колективна одговорност за се' што ни се случуваше изминативе декади и баш поради тоа не може човек да ги дели луѓето на предавници (оние со бг пасоши) и останати (патриоти да ги наречам). Зошто? Затоа што ние, како народ, се предадовме сами себе уште одамна. Зошто никој не се побуни и не го спречи менувањето на името? Менувањето на знамето? Менувањето на уставот во 2001? Можеше да се направат протести, да се смени власта, да се поништат одлуките. Но народот не реагираше и дозволи да си играат со најсветите работи за една нација. Што е тоа ако не ништење на коренот? Според тоа, поделбата на предавници и патриоти не држи вода, затоа што де факто веќе целиот народ си е предавник сам на себе, баш поради тоа што не реагираше на горенаведените случувања.
Второ, можеби најбитна улога има образованието. Сами си ја разнебитуваме историјата и стовремено создаваме кадри кои освен што не се свесни кои се и што се, имаат и низок интелектуален капацитет. Со вакво пропаднато образование, власта има за цел да создаде генерации кои многу лесно ќе бидат подложни на манипулација. Тоа имплицира индивидуи со ниско ниво на национална свесност, кои не се замараат со идеалите на нацијата туку гледаат да преживеат како знаат и умеат од една страна (што јас ги оправдувам),а од друга страна луѓе кои иако се образовани, не гледајќи друг излез, поради гнев посегнуваат по бг пасош, само да избегаат од тука. (што исто ги оправдувам).
И како трето, мора да споменам, уште еден директен напад врз коренот на македонците од страна на самата власт, територијалната поделба т.е буквално поклонување на западна Македонија на терористите. Тука како попатни проблеми ќе ги додадам дозволувањето туѓи знамиња и химни на македонска територија, незаштитување на сопствениот суверенитет и секако незаштитување на сопствениот народ при какви било инциденти (убиства, тепање по автобуси..и тн).
Така да од тој агол, според мене не можеш да ги обвиниш за предавство сите тие луѓе поединечно, туку системот како целина што сето тоа го дозволува. Прво преку (ај да речеме) помалку битното економско разорување, второ преку уништување на самосвесноста на македонецот и трето преку разнебитување на коренот на македонштината со промената на знамето, уставот, името, територијалната поделба..и тн.
Решавањето на овој проблем не е етикетирање на луѓето како предавници, потребна е коренита промена во државата, промена на системот, промена на односот на државата кон народот и баш како што рече ти погоре, потребно е државата да престане да го разнебитува коренот на сопствениот народ.
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
51
Поени од реакции
6
мкд владе
Сеа ке ти кажам каков е моjoт моабет.
Дедо ми е организирал чети на ВМОРО во Царево Село/ Делчево( со братучед си, приjaтели и двоjца турци мислам). Доага србскиот окупатор, одзема му куката, менува му името (ИЧ) и тоj бега во Пирин оти ке го утепат. Jaс си сакам земjaта(ке си ja купам), не ме интересира друго ! Jaс како Блгарин ке имам ли сигурност со МК пасош ? Дедо ми тепал срби, УДБА ке разбере дека сум негов внук. Со пушка ли да ги чекам цинцарите и србите колонисти ?
 
Се убаво кажа но сепак ништо од горе наброеното ама нема баш никаква врска со доброволното однародување.
Јас исто како и тебе ја сваќам безизлезноста на ситуацијата на некои и потребата да се замини некаде за подобар живот.
Земањето на друго државајнство како основа за земање на пасош самопосебе не е толку нити опасно нити лошо. Но земањето на пасош од држава која за да го земиш тој пасош те приморува да се откажиш од својот национален идентитет е во најмала рака моронско. Сам си правиш харикири. И неспорно е дека секој ке си најде вакво или такво објаснување или изговор за да не го гризи совеста. Но тоа ни малце не го менува фактот дека ти дефакто се пишуваш и си евидентиран како бугарин а не како Македонец. Бугарија не дава пасоши од што им сме мили или многу не сака. И колку да замижиме причините се повеќе од јасни и тука не мора нити да се лажеме нити да се објаснуваме. За нив ние сме бугари кои само е прашање на време кога ке се вратат во нејзината прегратка.
Така да резимираме, јас воопшто не ја осудувам потребата да се изнајде начин да се замини некаде за подобар живот. Но притоа свесно и доброволно да се одродиш само за да заминиш и тоа за да земеш пасош од држава која отворено те негира како народ, ти ја негира историјата, јазикот самобитноста. Е тоа за мене е веќе предавство на соопствениот народ, а не на државата. Ако може некој да земе пасош и од Тунгузија ако сака,од било која држава која не те негира ич нема да ми падни криво, но да земеш пасош од држава како бугарија е тоа е веќе нешто сосем друго.
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
51
Поени од реакции
6
мкд владе
Ако земеш пасош од Канада, Италиja, или САД не си предавник, но со БГ пасош си предавник ? Каква е таа логика ?
 
Ок се разбираме, само пристапуваме од различна страна на истиот проблем. Јас само велам дека проблемот е во државата и дека таа веќе со доволно постапки го разнебити сопствениот народ и дека од друга страна народот се продаде самиот себе како целина, со не реагирањето во ситуациите кои ги пишав во претходниот пост. Така да ова е само епизода во серијата која ја гледаме 20 години.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.529
Поени од реакции
22.576
мкд владе
Сеа ке ти кажам каков е моjoт моабет.
Дедо ми е организирал чети на ВМОРО во Царево Село/ Делчево( со братучед си, приjaтели и двоjца турци мислам). Доага србскиот окупатор, одзема му куката, менува му името (ИЧ) и тоj бега во Пирин оти ке го утепат. Jaс си сакам земjaта(ке си ja купам), не ме интересира друго ! Jaс како Блгарин ке имам ли сигурност со МК пасош ? Дедо ми тепал срби, УДБА ке разбере дека сум негов внук. Со пушка ли да ги чекам цинцарите и србите колонисти ?
Ај сега нешто јас да ти кажам.
Веќе ако ги нарекуваш србите окупатори, тогаш стави ги и бугарите во ист кош со нив пошто и тие беа и се окупатори. Да не ги заборавиме и грците тука.
Ако србите ги менуваа презимињата во ИЧ, бугарите ги менуваа во ОВ а грците во ОС.
Инаку ако дедоти е од делчево тогаш ти бе пријателе си уште една македонска изгубена душа со испран мозок. Жал ми е но бугарите ти го исперија мозокот. Искрено жал ми е за тебе и за многуте како тебе кои немавте среќа да живеете слободно во соопствена држава туку цел живот сте растени под окупација и толку ти е испран мозокот што дури се исповетуваш со нив. Искрено те жалам.
И кој срби ке ги чекаш и цинцари, која удба. Со што се не ве имаат задоено, на каква пропаганда сте изложени.
Стварно е жално ова што го читам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom