Јас те разбирам многу добро што сакаш да кажеш и твојот став држи вода. Ама сепак мислам дека проблемот е далеку посложен за да му се пристапи толку еднострано, дури и да ги оставиме на страна економските аспекти.
Прво, ние како народ си носиме колективна лузна и колективна одговорност за се' што ни се случуваше изминативе декади и баш поради тоа не може човек да ги дели луѓето на предавници (оние со бг пасоши) и останати (патриоти да ги наречам). Зошто? Затоа што ние, како народ, се предадовме сами себе уште одамна. Зошто никој не се побуни и не го спречи менувањето на името? Менувањето на знамето? Менувањето на уставот во 2001? Можеше да се направат протести, да се смени власта, да се поништат одлуките. Но народот не реагираше и дозволи да си играат со најсветите работи за една нација. Што е тоа ако не ништење на коренот? Според тоа, поделбата на предавници и патриоти не држи вода, затоа што де факто веќе целиот народ си е предавник сам на себе, баш поради тоа што не реагираше на горенаведените случувања.
Второ, можеби најбитна улога има образованието. Сами си ја разнебитуваме историјата и стовремено создаваме кадри кои освен што не се свесни кои се и што се, имаат и низок интелектуален капацитет. Со вакво пропаднато образование, власта има за цел да создаде генерации кои многу лесно ќе бидат подложни на манипулација. Тоа имплицира индивидуи со ниско ниво на национална свесност, кои не се замараат со идеалите на нацијата туку гледаат да преживеат како знаат и умеат од една страна (што јас ги оправдувам),а од друга страна луѓе кои иако се образовани, не гледајќи друг излез, поради гнев посегнуваат по бг пасош, само да избегаат од тука. (што исто ги оправдувам).
И како трето, мора да споменам, уште еден директен напад врз коренот на македонците од страна на самата власт, територијалната поделба т.е буквално поклонување на западна Македонија на терористите. Тука како попатни проблеми ќе ги додадам дозволувањето туѓи знамиња и химни на македонска територија, незаштитување на сопствениот суверенитет и секако незаштитување на сопствениот народ при какви било инциденти (убиства, тепање по автобуси..и тн).
Така да од тој агол, според мене не можеш да ги обвиниш за предавство сите тие луѓе поединечно, туку системот како целина што сето тоа го дозволува. Прво преку (ај да речеме) помалку битното економско разорување, второ преку уништување на самосвесноста на македонецот и трето преку разнебитување на коренот на македонштината со промената на знамето, уставот, името, територијалната поделба..и тн.
Решавањето на овој проблем не е етикетирање на луѓето како предавници, потребна е коренита промена во државата, промена на системот, промена на односот на државата кон народот и баш како што рече ти погоре, потребно е државата да престане да го разнебитува коренот на сопствениот народ.