Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
Некој коментар за оваа конфигурација ? Читав тука по форумов дека оваа GT630 и не била баш за гејминг, али после тоа изгледав едно видео, и дечково ги игра баш тие игри што ги сакам и јас на таа графичка.

п.с за оваа конфигурација што ја пиша, пресметав, излегува околу 16100, што имам уште додатни трошкови, или да не заборави некој дел ? Монитор имам..

Таа што ти ја предложив е многу подобра. GT610 е ѓубре, додатни трошоци? ако имаш веќе тастетура, маус и куќиште од стариот пс, нема.

П.С. Леле јас рачунам дека 12/13.000 имаш, незнам што ми се деси...lol!

Ако е така, тогаш ќе направиме измена кај графичката.

Оваа земи ја.
 
П.С. Леле јас рачунам дека 12/13.000 имаш, незнам што ми се деси...lol!
20 000 имам, преку сила може до кај 22, пишав во тој првиот пост дека ваучерот и плус од мене ќе додадам уште 5000. :D Ајде сега давај предлози.. :)
 
Значи истата конфигурација, само графичката од горе може да се додаде, и да шибнеме едно подобро куќиште ако сакаш?

Case
CPU
MB
GPU
HDD
PSU
RAM x2

Eве ја финалната, со сите измени..за парите е идеално избалансирана, иако процесорот делува дека е спор, далеку е од тоа.
 
си го порачав овој лаптоп, не сум гејмер, не работам некои тешки програми, 99% за нет и филмови ќе биде и слушање музика. ми се допаднаа спецификациите, па да ве прашав дали направив добар избор?
 
си го порачав овој лаптоп, не сум гејмер, не работам некои тешки програми, 99% за нет и филмови ќе биде и слушање музика. ми се допаднаа спецификациите, па да ве прашав дали направив добар избор?

Да, ок ќе биде.
 
Дечки во план сум да купам нов компјутер па барам совет од вас за некои работи...
конфигурацијата е следна:
процесор: CPU Core i5-3550 Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB BOX
матична: некоја од P8Z77-V плочите на асус но не знам која точно.. има две едната е LX drugata LE Plus.
рам меморија: Corsair Vengeance 2 x 4GB
Графичка: за графичкава не сум одлучен.. дали ati дали geforce. Во мојот буџет влегува gtx 650. доколку не оваа предложете која друга.
Напојување: најскапо напојување во сет на страната е CM silent pro 500w
хард диск:планирам WD green 2TB и во иднина некој ссд диск.
кукиште: CM-Chassic Elite 431 или CM K350. незнам кое би било подобро за cable menagment, поголемо, помало. предности/недостатоци итн.
Монитор: Dell u2312 .
е сега овде треба да направам компромис.. доколку го сакам dell u2412 морам да намалам на графичка и да земам некоја поефтина.. ама која? не патам од игри на ултра сетинзи итн.. предложете каде би можел да скратам.. фала однапред
 
^^ тука.
И ако тоа после за ССД-то ти е далеку, земи некој подобар диск 7200 обртаи, макар и да е помал.
од кое место да планирам за ssd? и која марка?
истотака матичнава што ја предложи Psyside дали ги брка истите работи како и поскапите освен тоа што нема можност за оверклок? затоа што од порано ми е влезено во глава што поскапа матична тоа поубо...значи ако сметате дека поскапа би била подобра опција за сега/во иднина поарно би изиграл така и би одел без графичка па би ја купил и графичката за некој месец..
конфигурацијава ме кошта околу 40.000ден + 15.000ден за мониторот.
исто така имам солидни звучници дома па сакам во иднина да купам и добра звучна картичка.. дали матичнава е во ред и за тие работи..?
 
1. Вертекс 4 од Мебиус....

2. Ги брка сите работи, или барем 95% од нив....можеби не е толку квалитетно изработена, ама ако не клокаш или ако не си некој power user, нема потреба од поскапа.

3. Да, сосема во ред....кои звучници ги имаш, и што ти е извор? мп3-ки? цдиња? флак?
 
1. Вертекс 4 од Мебиус....

2. Ги брка сите работи, или барем 95% од нив....можеби не е толку квалитетно изработена, ама ако не клокаш или ако не си некој power user, нема потреба од поскапа.

3. Да, сосема во ред....кои звучници ги имаш, и што ти е извор? мп3-ки? цдиња? флак?
извини вака во која смисла не е добро изработена? оти компјутеров го купувам со мерак сакам се да биди супер.
иначе имам Microlab SOLO 5C звучки... мп3ки најчесто.
 
Па помалце бакар искористен за креирањето на PCB-то, помалце контролери, послаб квалитет на кондензатори, послаба напонска секција, итн.

Се на се, нешто што нема да ти смени скоро ништо, треба ептен да си малер за да ти се расипе пред време, све е тоа релативно а си имаш и гаранција.

Не вреди да земеш мид рејнџ матична, а да користиш хард наместо SSD, или да немаш звучна....
 
извини вака во која смисла не е добро изработена? оти компјутеров го купувам со мерак сакам се да биди супер.
иначе имам Microlab SOLO 5C звучки... мп3ки најчесто.
Друже мислам дека одлично ќе те служи матичната. Ќе заштедиш за ССД или за звучна. Ако во иднина сакаш да клокаш, и онака ќе мораш да смениш процесор, па тогаш и би земал друга матична.

Псај мислеше квалитетна во смисол на користени кондензатори, систем за ладење и слично, претпоставувам. Тоа по правило мора така затоа што при оверклок се оптеретува матичната и логично е да се има поквалитетни компоненти, што не значи дека тие на поевтината не чинат.
 
Не вреди да земеш мид рејнџ матична, а да користиш хард наместо SSD, или да немаш звучна....
ова не го капирам.. спомнав дека наредните месец до два ќе имам и звучна и ссд инсталирано.
фала за помошта можеби сум досаден ќе ме извините.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom