Во секој случај Fujitsu Nocria сметам дека е подобро решение од било кој Toshiba Daiseikai модел. Бидејќи е направен за Нордискиот пазар каде температурите се екстремно ниски. Што значи предвидено е да ги задоволува нивните услови. Додека Toshiba Daiseikai што се нуди кај нас е за европски пазар каде се претпоставува дека зимата ќе биде поблага!!! што не мора да значи... сведоци сме на поларни зими и тука во европа!!И во Блгарија овој модел е скап. Скоро 2,400 Лева, (1200 Евра). http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-awyz14lb-nocria-814.html# ... и претставен е како хиперинвертер (веројатно си има критеријуми кои се инвертери може да се карактеризираат како такви) а кај овој модел она што допринело така да се декларира, е навистина високиот COP фактор од 4,44.... на пазарот се многу ретки вака моќни машини, особено малку има термо пумпи со толкава моќ, како кај овој модел која оди и до 9Kw, А BTU до 30,000 .... обично хиперинвертерите на пазарот (бар оние што може да се сретнат на нет) се со многу помала снага 9-12,000 BTU со испорака до кај 3-4Kw.... Ова е извонреден уред (и скап) кој заслужува да се нарече ХИПЕРинвертер и кој со право е оценет по неколку критеријуми со А+
Во Бугарија има програма за енергетска ефикасност со која државата ти плаќа 20% од вредноста на инвертерот па за купувачот е пак 950 евра. Таа програма опфаќа низа мерки за заштеда на енергија како прозорци, изолација итн. За Грција не знам, чудни им се тоа буквите па не ги разбирам, ам бидејќи се дел од ЕУ сигурно има нешто слично.
Za tie pari a moze i poevtino ke si zemes Toshiba Daiseikai 6,5. Najnov i najdobar model od Toshiba so jonizator plus, a i COP i EER od nad 5!!! Pa ako ovoj e energetska klasa A+ togas Toshiba-ta sigurno e A++
Прочитај ги постовите на Скепар на претходните страници и ке приметиш дека Toshiba Daiseikai чини 95,000 денари. Нејзиниот квалитет е неспорен, ама работата е да најдеме инвертер кој има приближни карактеристики а е малку поевтин.
Мојот глас сепак оди за Fujitsu Nocria и покрај тоа што сум презадоволен од Toshiba Daiseikai 6 на -15 во Битола грееше без проблем притоа трошеше околу 18-20kw за 24 часа постојана работа и поддржуваше 23 степени во 37-40м2 просторија. Циклусот на одмрзнување беше скоро на секои 1-2 часа по 10 минути одмрзнување ....
На подот каде што се цедеше водата при одмрзнувањето имаше 8 см мраз!!! а на климатизерот нема еден грам!!!
Инаку алгоритмот на одмрзнување на Toshiba е еден од најдобрите додека најлош е кај Daikin....
--- надополнето: 17 декември 2012 во 11:25 ---
Еве колку коштаат XEOOS камините во Германија од каде што и потекнуваат ))Не можев да најдам на нет никакви подетални технички информации за Xeoos TwinFire® печкава. Напишав еден маил до призведувачот за информации окулу поштарина и/или дилер во Македонија, па ќе видиме. Интересно решение, ама не ми изгледа едноставно да го изработиш сам.
Од друга страна, пред некое време еден другар ми спомна за принципот на ракетни печки.
http://en.wikipedia.org/wiki/Rocket_stove
Тоа му доаѓа некое решение каде на висока температура се согорува дрво, комората за горење и оџакот (обавезно вертикален) се топлотно изолирани со што при согорување на многу високи температури се добива висока ефикасност на согорувањето.
Печкиве првенствено се користат за готвење, но може на ист принцип да се дизајнираат и за греење. Нормално, потребно е грејно тело (heat sink) кое ќе акумулира топлина. За грејно тело во домашна изведба често употребуваат и едноставни материјали како керпич.
http://en.wikipedia.org/wiki/Rocket_mass_heater
Ова некако е повеќе наменето за проекти за на викендици и слично, ама може ќе даде идеја за некоја посифистицирана варијанта. Еве видео:
X8 Xeoos Solo - 3300 eur
Technische Details:
Nennleistung: 8 kW
Raumheizvermögen: 40m2 bis 100m2 bei 2,50m Höhe
Heizleistung: 4-12 kW
Maße in mm H/B/T: 1127 / 470 / 400
Anschluß Zuluft: 100mm
Anschluß Abgas: 150 mm
Gewicht: 160 kg
X5 Xeoos Solo - 2886 eur
Technische Details:
Nennleistung: 5 kW
Raumheizvermögen: 20m2 bis 70m2 bei 2,50m Höhe
Heizleistung: 2-7 kW
Maße in mm H/B/T: 1127 / 400 / 400
Anschluß Zuluft: 100mm
Anschluß Abgas: 150 mm
Gewicht: 160 kg
http://www.garten-handel.net/Aktionsgeraete/Kaminofen-Xeoos-Twinfire-X5-Solo-2-Flammen-feuer-faszination--45181.html
Коштаат колку еден квалитетен котел за централно парно греење !!!! СМЕШНО за нас