- Член од
- 29 декември 2011
- Мислења
- 2.988
- Поени од реакции
- 2.438
Кој симиња и користи LIve Wallpapers бе Мац? Ти ме заебаваш сега? Имам Галакси Нексус и во 4-5 месеци ми се има појавено само еден „force close“, и тоа затоа што најверојатно апликацијата беше заради новиот апдејтиран андроид и не беше компатибилна.Во право си...не е 50-50, некаде околу 70-30 е шансата да ти работи апликација. Побарај еве да речеме Barcelona Live Wallpapers на S3, една од 5 работи. Буквално.![]()
Сите што навивате за Епл, споредувате најчесто ајфон со андроид кој не одговара на класата на ајфонот. Сите андроиди што се во иста класа како ајфонот (nexus, S2_S3, One X....) се одлични телефони и немаат никаков проблем со кочење и слични глупости. Ако се лажеме дека 3GS е 150 евра и е iOS уред што парира на андроид од 150 евра (некое Миро, Алкател или друго срање), споредбата не е иста. Тој 3Gs иако стар модел, бил своевремено врвен уред со многу висока цена, и повеќе би одговарало да се споредува со модели како S1, или DesireHD (не ги знам на HTC моделиве).
Да се вратам на темата за дечкото што се двоуми. Момак не ти држи споредбата, не се иста класа уредите. Да давам 500 евра за таблет најверојатно би земал iPad 4, и ти советувам да го земеш затоа што во моментов тој е неприкосновен (изработка, квалитет, батерија, екран, апликации - комплет). Земи 4ка, ако ништо друго заради Lightning портот, во иднина тој ќе се користи. И малку подобар процесор има четворката.
Нексус 7 е фантастичен уред, верувај. И ако имаш само ~250 евра за давање тука нема размислување, за тие пари нема подобро. Исто така е квалитетен уред со IPS екран, лесен, добар за ракување, JellyBean на него е одличен.
Нема да згрешиш за било кој уред да се одлучиш, куповната моќ ти го диктира изборот. Меѓу нив Transformer Prime од Сет, се додека не дојде Нексус 10 (иако мислам дека ќе има солена цена, и не 400 долари како што многу мислат).