Пред неколку дена, додека вежбав на пресата за нозе, почуствував силна болка во тилот, од левата страна:
Болката продолжи и во текот на останатиот дел од тренингот, но со намален интензитет. Кога се вратив дома, сеуште ја чувстував, но не толку јака како на тренинг.
И наредниот тренинг, додека вежбав раце, конкретно бицепс со крива шипка седнат (прва вежба), ми се јави истата болка, на исто место. Болката ја чувстував во текот на целиот тренинг, но интензиттетот варираше.
Досега немам слушнато некој да се пожали на ваква "повреда", ако можам така да ја наречам. Имам некои претпоставки од што може да биде, но ме интересира прво ваше мислење, искуства и сл.