Европско Првенство за жени 2012 - Србија | 4 - 16 декември |

Статус
Затворена за нови мислења.
Каков мерак ми направија ракометарките на Србија, победа против Данска . Браво за ракометарките, како што рече коментаторот овие ракометарки до ова првенство не можеа ниту еден меч да добијат, а тука им се пружа шанса за 1/2 финале.
 
Браво за Србија,ги шлакнаа безобразните Данки....
Многу валкано играат Данкињите,играч на Србија лежи на паркет,овие намерно не застануваат и одат во контра....
Цело време играа грубо...си го добија тоа шо го бараа..и Србија не остана должна....така и треба да се игра со нив,на исто ниво....без никаков респект и страв...
Секоја чест за голманката на Србија(Томашевиќ мислам дека беше)....феноменална..имаше околу 20 одбрани....:cuc:
 
Црна Гора, Норвешка, Унгарија во 1/2 финале, шанса за 1/2 финале имаат и Франција, Србија и Данска, поточно дуелот на Франција и Србија ќе одлучи која ќе е четвртата репрезентација во 1/2 финалето, на србинките им треба бод за пласман, на французинките само победа.

Иначе еве изјава од една од ракометарките на Србија..
Посебно срећна била је Сања Дамјановић која је рекла да су се Данкиње ругале и говориле да ни не знају где је Србија, пре почетка шампионата. "Сад знају где је Србија", поручила је Дамјановићева.

Овие се занесуваа и во Скопје кога играа во 2008 година, демек катастрофа е градот и такви работи.
 
Не ги бива Франција, сериозно, немаат напад не знааат што прават. Србија е домакин, а и е се многу по мотивирани, мислам дека секак ке победи Србија.
Од друга страна, прекоцкаа шанса Русија мислев дека ке ги победат Шпанките, ја гледав утакмицата и драма се случи на крај на Шпанија исклучија 2 ракометарки беше 25-25 и онда имаа напад Шпанија па пресечеа Русинките и пак ја загубија топката, со 4 ракометарки Шпанија им ја пресече топката, не верував дека толку паднаа психички.
Како и да е Црна Гора може и овој натпревар да ги одмори ракометарките и онака се пласирани.
А Данкиве не ги сакам ич, како што кажа членот горе, многу се занесуват.
Шведска ми е омилена, симпатијата ми е таму (Johanna) :) па навивам за нив, мислам дека имаат теоретски шанси али слабо, јас кажав дека Србија победува секако, така да за до 3то место може.
Норвежанкиве многу се јаки бре, секоја чест, мислам дека секак се во финале, а Унгарија како влезе, катастрофа, мислев дека таму има повеке шанси Русија или Романкиве.

Имаат сега одмор 1 ден, па ондак уше еден круг.
 
Оваа Торстенсон појма нема денеска, колку топки загуби, ајт се надевам ке се опорават второ полувреме. Со Чешка играт бе ало, дај распукај се таму, заврши си со победа шампионатот.


CTRL + Q to Enable/Disable GoPhoto.it


CTRL + Q to Enable/Disable GoPhoto.it
 
ќе даваат на алфа германија -романија во 18-15?
Шо ќе ти е таа утакмица, не решава ништо, Франција - Србија ја има, а вечер и Норвешка - Данска.

Црногорките ќе играат против Србија/Данска
А Норвешка против Унгарија во 1/2 финалето.
Црна Гора имаше негатива од -4 , на крај ги совлада Шпанките.

А моментално Србија води со 8-4 .
 
Шо ќе ти е таа утакмица, не решава ништо, Франција - Србија ја има, а вечер и Норвешка - Данска.

Црногорките ќе играат против Србија/Данска
А Норвешка против Унгарија во 1/2 финалето.
Црна Гора имаше негатива од -4 , на крај ги совлада Шпанките.

А моментално Србија води со 8-4 .
е следам
грешка моја :cautious:
незнаев дека во ист период се играат утакмициве,мислев дека србиве и данска играат во ист период
 
Ај ако може да ми каже некој дали им треба победа на унгарија?
 
Па па па, како само брани голманкава на Србија, 12 одбрани за само 30 минути. :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom