Европско Првенство за жени 2012 - Србија | 4 - 16 декември |

Статус
Затворена за нови мислења.
Николиќ кажа збогум, а не доби ни цвеќе ни благодарам
Ја кандисаа да игра во квалификациите за ЕП и со нејзина помош ја победивме Франција, а потоа и Литванија и Турција, а не ~ дозволивме да каже збогум додека не го одигра и ова ЕП. Јулија Николиќ остана вистински спортист докрај, не ги напушти колешките и им помогна колку–толку во групната фаза од ЕП во Ниш. Им порача на ракометарките дека им посакува среќа во иднина и да го задржат континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Нема веќе премислување.

- Ова е последен меч. Нема повеќе премислување. Kажувам збогум - изјави Николиќ по мечот со Данска.

Kолку што таа беше фер, толку од РФМ го заборавија нејзиното збогување. Немаше ниту најава дека е последен меч ниту обичен цвет со кој пред оние гледачи во полупразната сала во Ниш, барем со голем аплауз Николиќ ќе заминеше во легендите на македонскиот женски ракомет. Осум години е дел од репрезентацијата играше на три ЕП и две СП, финалист на Лигата на шампионите со Kометал ЃП.

Со неа играта секогаш е побрза, одбраната поагресивна, нападот непредвидлив. На ова ЕП ја немаше нејзината препознатлива игра, ама и целата репрезентација играше така. Една ластовичка не може да ја најави пролетта, па така и Николиќ не може с` сама. Ракометот е колективен спорт.

- Многу ми е жал што не поминавме и што не направивме некој добар резултат овде, но се надевам дека тоа ќе го сториме на следното светско или европско првенство - изјави Јуле.

РФМ заборави да ~ подари барем букет. Го немаше на средбата, го немаше ниту во хотелот кога беше заедничкиот банкет и вечера. Можеби подготвуваат нешто специјално во Скопје, но малку веројатно. Сега сите се слободни, ден-два да се видат со роднините и секоја на своја страна. Николиќ е во Русија, во Звенигород. Има договор на една година, би сакала да одигра уште една плус, но најважно е да се биде здрав.

- Не зависи од мене, туку од тоа како ќе бидат колената, раката, колку може телото да издржи - вели Николиќ.


Немам коментар на ова...
Жива глупост...
Па малце ли им беа парите поделени пред Европското, ја заболе Николиќ дали ќе добила цвеќе или не...

Како прво ова не е пријателски натпревар или па натпребар органзииран во нашата земја, туку е натпревар од Европско првенство. Незнам за вас али јас досега не сум видел кога игра земја што не е домаќин и некоја од играчките се опростува, да влезе некој во терен и да и додели цвеќе или нешто друго.
Второ со Николиќ никогаш не се знаеше кога ќе заврши, досега 10 букети ќе требаше да и дадат :)
Трето што ако побдевме? :D Џабе букетот, ќе требаше уште три меча да игра :icon_mrgr:

Статијата е жива глупост и преувеличување на работите.

Иначе фала и за се, со среќа понатаму во кариерата.
 
Норвешка ја растури Франција, голема е разликата од Норвешка со останатите репрезентации.
 
На почетокот на 21 век.
thumb.gif
 
Aко игра некој онлајн во кладилница, нека ја стави во второ/цел меч дека ќе победе Норвешка, сигурен пресврт прават Норвежанките.. моментално е 14-11 за Шведска.
Ништо чудно и до крај на полувреме да ги стигнат.

Црна Гора губи моментално од Германија..
 
Црногорките премногу паднаа во овој втор круг на натпревари, 7 разлика од многу ослабената Германија да губиш, е срамно. Ништо чудно со поразот да ги загубат шансите за пласман во 1/2 финале.
Треба во следниот натпревар да ја совладаат Шпанија, а тие немаат шанса никаква. Ќе видиме како ќе е .
 
Aко игра некој онлајн во кладилница, нека ја стави во второ/цел меч дека ќе победе Норвешка, сигурен пресврт прават Норвежанките.. моментално е 14-11 за Шведска.
Ништо чудно и до крај на полувреме да ги стигнат.

Црна Гора губи моментално од Германија..
Да не речите не сум ви кажал, очекуван пресврт на Норвежанките, а Црна Гора со поразот многу изненади.

За вечер шо знам, мислам дека Данска ќе ја совлада Србија...
 
Црногорките премногу паднаа во овој втор круг на натпревари, 7 разлика од многу ослабената Германија да губиш, е срамно. Ништо чудно со поразот да ги загубат шансите за пласман во 1/2 финале.
Треба во следниот натпревар да ја совладаат Шпанија, а тие немаат шанса никаква. Ќе видиме како ќе е .
Црна Гора е веќе пласирана во полуфинале и покрај поразов .
MNE.jpg
Montenegro 6
HUN.jpg
Hungary 4(-1)
ROU.jpg
Romania 3(-1)
ESP.jpg
Spain 3
RUS.jpg
Russia 3
GER.jpg
Germany 3
 
Mислиш Унгарија ќе ја совлада вечер Романија?:icon_lol:
Jas ocekuvam Romanija da pobedi :D. Inaku ovie se varijantite
Varijanta 1 . Romanija pobeduva ima 5 poeni , togas edinstveno koj moze da ja stigne Crna Gora e Ungarija no taa ima poraz vo megjusebniot duel, znaci Crna Gora e plasirana i pokraj eventualen poraz od Spanija.
Varijanta 2 Ungarija pobeduva , ima 6 poeni , so toa Ungarija i Crna Gora se polufinalisti bidejki ostanatite ekipi imaat po 3 poeni.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom