Во писмена работа пишуваат на латиница и доцртуваат „смајли“

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Локација
Штипсбург
Во писмена работа пишуваат на латиница и доцртуваат „смајли“


Освен неправилното писмено изразување, многу основци и средношколци со тешкотии читаат и најобичен текст

УЧЕНИЦИТЕ СЀ ПОСЛАБИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Кога имаат писмена работа по македонски јазик, некои средношколци си ги пишуваат имињата и презимињата на латиница. Се случува и текстот да го напишат и на кирилица и на латиница. Во тетратките доцртуваат „смајли“.

Ова се примери за кои сведочат професори по македонски јазик што предаваат во основните и во средните училишта. Тие велат и дека учениците сѐ послабо читаат дури и најобичен текст, а многу често читаат без да го разберат тоа што го читаат.

Читање се учи во основното образование. Затоа, практичарите сметаат дека токму таму е опаднат квалитетот на наставата, па затоа се случува вакво изобличување на јазикот.

Интернет го искривува јазикот

Флорита Ерновска, професорка по македонски јазик во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, вели дека на средношколците на кои таа им предава почнува да им станува нормална „работа“ да доцртаат „смајли“ во тетратката на крајот од реченицата.

- Им ги враќам писмените штом видам дека имињата и презимињата си ги пишуваат на латиница. Сето ова е резултат на преголемата употреба на компјутери во секојдневието. Несвесно им е влезено в глава да пишуваат латиница оти целата комуникација ја водат на Интернет. Дури и кога зборуваат, многу често употребуваат англиски фрази - вели Ерновска.

Таа тврди дека им укажува на грешките, но смета дека сите професори, независно на тоа кој предмет го предаваат, треба да ги поправаат учениците кога грешат. Освен тоа, Ерновска забележала и дека кога некои ученици читаат текст, го читаат без да го разберат.

- На децата им недостига концентрација, затоа потфрлаат во читањето - додава таа.

И наставници што предаваат во внатрешноста велат дека како резултат на дигитализацијата во сите сфери и почестата комуникација преку компјутер, учениците неправилно се изразуваат и писмено и усно. Наставник што предава во основно училиште во Виница вели дека од писмените работи се гледа дека ученици мешаат кирилско и латинично писмо.
- Ова ни дава јасен сигнал на кое ниво е развиена вештината на пишување и читање кај учениците. Морам да напоменам дека сепак се работи за мал процент на ученици и овој проблем не може да се генерализира - вели наставникот.
Правилно читаат само љубителите на книгата

Професорите укажуваат дека изобличеното писмено и усно изразување е резултат на употребата на компјутерите во секојдневието, но и на опаднатиот квалитет во основното и во средното образование.

- Во денешно време доследно читаат само љубителите на книгата. Кога кај нас во Високата школа за новинарство и односи со јавноста се запишуваат студенти, очекуваме тие да бидат писмени, да имаат некаква основа што ја стекнале во претходните нивоа на образование. Но често не е така, изразувањето не е на потребното ниво. Не е тоа резултат само на претераната употреба на компјутери, туку генерално е опаднат квалитетот на основното и средното образование - смета Тања Ефтимоска, професорка по македонски јазик во оваа високообразовна институција.

Според неа, во гимназиите треба да се обрне големо внимание на писменото изразување, на граматиката, нешто што таа смета дека е запоставено.

Дека е опаднато општото знаење на македонскиот јазик согласен е и професорот Људмил Спасов, кој предава на Филолошкиот факултет.

- Читање и пишување се учат во основно образование. Погледајте колку правописни и граматички грешки има насекаде околу нас. Тоа е така зашто наставата по македонски јазик е многу слаба. Иницијативата да се издвојат како посебни предмети граматиката и литературата е стара 20 години, но, за жал, нема слух за неа од институциите. Мора да се најде начин да се приближи наставата до децата, да се направи тие часови да се атрактивни, а за да се случи тоа, треба подготвен наставник - смета Спасов.

Третоодделенците читаат напамет
Во истражување за јазична писменост што го спровело УНИЦЕФ се покажало дека македонските ученици во трето одделение не умеат внимателно да прочитаат текст, дека читаат површно и не обрнуваат внимание на деталите во дадена содржина. Наставниците, пак, не се фокусирани на современите методи на работа, туку имаат глобален приод во наставата.
Во ова истражување биле тестирани околу 1.000 третоодделенци од 30 училишта во државата. Од можни 32 поени, тие во просек освоиле 13,80, или помалку од половина. Главен заклучок во извештајот е дека резултатите што ги постигнале овие ученици во читање со разбирање се пониски од она што се очекува и од она што го предвидува наставната програма за тоа одделение.

Извор : http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121212840532&id=9&prilog=0&setIzdanie=22753

Лично не сум зачуден од ова, ама ова е загрижувачко. Да не знаеш правилно да си го напишеш името , да ставаш смајли на крај од реченица и тоа на писмена работа по македонски јазик ... страшно.
 
Не искривува интернетот ништо, учителките во основно не се труделе доволно. А и родителите си имаат тука улога секако. Ако го стегнеш да учи, ќе научи.
 
Не искривува интернетот ништо, учителките во основно не се труделе доволно. А и родителите си имаат тука улога секако. Ако го стегнеш да учи, ќе научи.
Да бе и смајлињата се последица на учителките.
Не ме зафркавај, братучеди, внуци, дечишта сум ги приметил на скајп,фб или било каде додаваат смајли после секој напишан збор,дури и ако заборави да стави се поправа и става додатно.
Дефинитивно интернетот има влијание, највеќе оној пусти ФБ дури и на форумов имаш еден куп копиљана што пишуваат исклучиво латиница па барем да знаат и латиница да пишуваат
C - Им е и Ч и Ц
Z - им е и З и Ж
Да не ги набројувам преостанатите букви и најчестото Ѕ кое што се користи и како ш и како с. Или она 4-кине кога ќе почнат да ги стават наместо Ч. 6 наместо Ш.
Иди ти дешифрирај што сакал авторот да каже.
 
Да бе и смајлињата се последица на учителките.
Не ме зафркавај, братучеди, внуци, дечишта сум ги приметил на скајп,фб или било каде додаваат смајли после секој напишан збор,дури и ако заборави да стави се поправа и става додатно.
Дефинитивно интернетот има влијание, највеќе оној пусти ФБ дури и на форумов имаш еден куп копиљана што пишуваат исклучиво латиница па барем д знаат и латиница да пишуваат
C - Им е и Ч и Ц
Z - им е и З и Ж
Да не ги набројувам преостанатите букви и најчестото Ѕ кое што се користи и како ш и како с

Затоа реков помалце и на родителите. Ќе го опоменеш детето да не се глупира и нема веќе така. Нема врска тоа кој колку стои на интернет. И јас седев на интернет додека бев во средно како и другите од мојот клас, па на ниедна писмена не редев смајлиња од ќејф. Не се осмелував да пишам реченица што не одговара на темата не па таква некоја глупост. Ама во основно имав учителка од прво до четврто што шамараше ако се насмееш на глас додека предава, во средно македонски имав една што лупаше кецови ако пишеш сваќа наместо сфаќа или некои работи со мала буква а треба со голема..

А за комуникација преку мсн, скајп и фејсбук чет не можеш да судиш дали некој е неписмен или не, зошто македонскиот јазик се пишува на кирилица и дали некој употребува C или CH за Ч е индивидуално. Пострашни се 4 и 6 кога ги употребуваат.
 
Дај не зезајте, треба малоумен да си да не знаеш шо пишуваш на писмена т.е. "по навика" да пишуваш латиница или смајли да ставаш...
 
Арно не почнале Ч да го пишуваат со 4, а Ш да го пишуваат со 6.

Тогаш наместо ,,шчо направивме‘‘ ќе биде ,,640 направивме‘‘ :icon_mrgr:
 
Затоа реков помалце и на родителите. Ќе го опоменеш детето да не се глупира и нема веќе така. Нема врска тоа кој колку стои на интернет. И јас седев на интернет додека бев во средно како и другите од мојот клас, па на ниедна писмена не редев смајлиња од ќејф. Не се осмелував да пишам реченица што не одговара на темата не па таква некоја глупост. Ама во основно имав учителка од прво до четврто што шамараше ако се насмееш на глас додека предава, во средно македонски имав една што лупаше кецови ако пишеш сваќа наместо сфаќа или некои работи со мала буква а треба со голема..

А за комуникација преку мсн, скајп и фејсбук чет не можеш да судиш дали некој е неписмен или не, зошто македонскиот јазик се пишува на кирилица и дали некој употребува C или CH за Ч е индивидуално. Пострашни се 4 и 6 кога ги употребуваат.
Какво шамарање, денес наставниците не смеат на родителите ни да им кажат дека нвното дете е со слаб успех и дека не учи, очи ќе му ископаат. Па зашто тој да се замара ако родителите не се замараат, ако на госпоѓата и е полесно да го остави детето да дреме на фб за да не и смета у гледање турски серии наместо да седне со него и да му покаже што и како треба.
 
Треба даскалине да го вратат во прво тој што пишува на латиница на час (освен на час по англиски или странски јазик). Македонскиот јазик нема латиница. Има само кирилица.
 
Во истражување за јазична писменост што го спровело УНИЦЕФ се покажало дека македонските ученици во трето одделение не умеат внимателно да прочитаат текст, дека читаат површно и не обрнуваат внимание на деталите во дадена содржина.
Во ова истражување биле тестирани околу 1.000 третоодделенци од 30 училишта во државата.
Што ги мачеле децава, исти резултати ќе добиеја и ако тестираа на факултети, по фирми и министерства, а богами и и ако направеа анкета на улица :D .

Ја наебавме :(.
 
Imam staveno smajli na test, predobar pun mi tekna, interna sega so profesorkata po angliski. <3
E sega I na latinica pisuvav, deka angliski..
Izgleda sum pokemon generacija. :(
 
Ееее во наше време немаше смајли....ама гарант да знаевме ќе го пишувавме и во писмени сигурен сум. Деца се ќе научат, само тоа со латиницата уште да им го тргнат од мозок и супер ќе биде...
 
Не е смајлито тоа што ги ебе кокошките, туку овој дел
македонските ученици во трето одделение не умеат внимателно да прочитаат текст, дека читаат површно и не обрнуваат внимание на деталите во дадена содржина„.

Или ова не важи само за нив или градов врие од третоодделенци :confused:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom