Бугарија испорача три услови на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Им ги читам форумите од сабајлево низ бугарскиве весници и гледам една масовна хистерија од нивна страна.Ептен им се погодила улогата на ГРЧКИ ИЗМЕЌАР !!!! Нема назад се ми се чини после ова.Која будала сега да видам ќе збори за заедничка историја за братско поврзување...Вака брат не се бидува!

А дали си читал македонски медиуми годинава?
 
Дубоко грло ова Бугариве на Грциве, само да прашам, голтаат или плукаат ?
 
Искрено сум разочаран од ваквиот развој на настаните, во однос на бугарската поддршка која од секогаш беше наша но ете сега се сменија работите, лаички е да се каже дека поради ова или она, претпоставувам дека водењето на нашата надворешна политика на некој начин придонело за ова. А за датумот за преговори, не знам зошто упорно се надеваме на датум кога Грците уште пред 5 години си кажаа кој е условот а тоа е името. Патриот сум како и повеќето, но вака одиме само со глава во ѕид, рекоа дека датум ќе добиете кога ќе го смените името, стварно не ми е јасно што очекуваат нашиве политичари, дека некако волшебно Грција ќе го смени мислењето? Дефиницијата за лудило знаете која е? Постојано правиш едно исто нешто а очекуваш поинакви резултати. Ова важи за нашата политика во однос на името. Чим сме решиле да не го менуваме името, тогаш чао ЕУ и веднаш да се насочуваме кон други начини и организација, крај краева Американците нека не земат ко протекторат или 52ра држава членка и тоа е тоа?!
 
Искрено сум разочаран од ваквиот развој на настаните, во однос на бугарската поддршка која од секогаш беше наша но ете сега се сменија работите, ...!

Грешка во чекори Pat, нивната поддршка никогаш сме ја немале. Барем тука ништо не е сменето со децении.

До душа нема ни некоја потреба од хистерии и хајки против нив. Кружат како мршојадци и чекаат да скубнат нешто гага од пленот, ама тоа пак не е нешто многу поразлично од другите држави во слична ситуација (Австрија-Словенија, Словенија, Италија-Хрватска, Романија, Унгарија - Србија...долга е листата).
 
Пред неколку денови го прашав fmi зошто сакаат да не блокираат од што се плашат. Па денеска го добив одговорот. Божидар Димитров кажа : одкако ќе влезе Македонија во ЕУ ќе речат дека ние им ја крадеме историјата. Па од што се плашите. Историјата е на ваша страна .
 
Ете така за тие што не им се веруваше дека Булгаристан е спремен заедно со Јунанистан да не попречи на патот кон ЕУ, време е за конечно освестување.

По рано во МК весници: "..крајно непринципиелно е да се најавува блокада, коментираат познавачи на состојбите..."
Ајде сега да слушнеме што велат “позанавачите на состојбите".
 
По рано во МК весници: "..крајно непринципиелно е да се најавува блокада, коментираат познавачи на состојбите..."
Ајде сега да слушнеме што велат “позанавачите на состојбите".
Repetitio est mater studiorum

Ајде пак за селективно слепите...

Еве како се одвивала "работата"

Очекувавме Франција да молчи

Очекувавме дека барем Франција ќе молчи, што значи да не застане отворено зад Грција, но не беше така. Со овие зборови дипломат од една земја-пријател на Македонија го опишува расположението во пресрет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, каде што се очекува да се донесе заклучокот за Македонија.

- Нема единство за параграфот кој предвидува Македонија да добие одложен датум за преговори. Грција, по состанокот на амбасадорско ниво, отворено се заблагодари за поддршката од Бугарија и од Франција. Шпанија исто така беше воздржана. Грција се повикува на солидарноста на земјите-членки - објаснува овој дипломат.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=2EDD03164AFED14F999D81DD1D26A061


Се надевам сега појасно ќе им стане на сите со кого си имаме работа...

Greek-Bulgar.jpg

Еве дополнително да се запознаеш со мислењето на ПОЗНАВАЧИТЕ НА СОСТОЈБИТЕ.

Околу 1:00 минута е посебно важен дел за состојбите.

Еве кои и какви ни застануваат на патот до членство во ЕУ

http://btvnews.bg/video/news/samo-gartsiya-e-po-korumpirana-ot-balgariya-v-tseliya-es.html
 
доволно е само кон Русија да се свртиме и експресно ке бидеме примени во ЕУ и Нато.
истото се случи со Романија и Бугарија. земји кои потполно неспремно влегоа во Еу, без реформи без апсолутно ништо само затоа што беа у контакт со русите :)
 
Aј па и вие, уживајте.

Kако било досега , така и отсега , без ЕУ се живее - што фајде што се и гејлада и БГ у сојузот (унијата) плати ко македонските, а другите западнати у тешки лајна што ни следните им десет генерации не ќе можат да ги извадат од долгови.

A бугарите.... кхм, мислам дека ова им беше едина шанса да ни’ вратат за времето кога бевме во сфрј :pos: (тоа време остави длабоки траги и до ден денешен кај нив) - присетете се само. ;)
 
Веке требе да се гледа што да се направи за да може скоро Македониjа да добие датум.
Има 3 услови:
1. Реформи. Тие ќе се одржуваат допрва, во моментов најважно е да се покаже подготвеност за тоа. Колку сум запознат тоа нема да е проблем.
2. Добрососедски односи. Внимание - не мислете дека ова се однесува само за односите со Бугарија!
За мене работите со Бугариjа може да се решат многу лесно, но не гледам како ќе се случи поради една основна причина - добри односи со Бугарија за вас се равни со закана за националниот идентитет.
3. Останува условот за решавање на спорот со името. Не сум оптимист за брзо решавање на овој проблем. Во секој случај овој проблем речиси не ни однесува нас Бугарите.

P.S. Пред малку гледачите во Бугарија квалификуваа двајцата Македонци меѓу петмината финалисти во бугарскиот "Големиот брат". Ова не зборува за лош однос и мислене спремо Македонците ;)
 
ај па и вие...уживајте
како било досега , така и отсега , без ЕУ се живее-
што фајде што се и гејлада и БГ у сојузот(унијата)плати ко македонските, а другите западнати у тешки лајна што ни следните им десет генерации не ќе можат да ги извадат од долгови
а бугарите.... кхм, мислам дека ова им беше едина шанса да ни’ вратат за времето кога бевме во сфрј :pos: ( тоа време остави длабоки траги и до ден денешен кај нив) -присетете се само ;)

Не знам Кул за какво враќање збориш кога нас никој не не прашал дали сакаме да влеземе во СФРЈ. Скоро сите што биле за независна македонска држава (а такви имало многу) се или стрелани или затворени.

Едино позитивно е дека ќе паднат сите илузии за влез во ЕУ и јасно е дека ќе се бара друга алтернатива, ова досега е чисто мрцварење и губење време, ресурси и пари :) .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom