ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Ах таа конзумеристичка лажга. Колку ли само деца пострадале од тешки психилошки трауми и се претвориле во не-функционални индивидуи поради тој старец, мануипулатор, ма све најлошо, со нелогично име како Дедо Мраз. Кога Ниче рекол Господ е мртов, мислел Santa е мртов.Но никој не го слушнаЛажниот Дедо Мраз, од името ќе сфатиш дека е фикција, кој дедо се вика мраз. Кој се крие под белата брада на овој старец, аха знам тој е манипулант со детските желби. Тешко на децата, ќе се разочараат таму негде кај Божиќ, кога ќе видат дека го нема посакуваниот плеј стејшн или мобилен телефон. Затоа деца посакајте си нешто скромно од типот на милка чоколада или пиштолче на вода.
Затоа, Дедо Мраз на клада! Доле Америка! Љубов, принцови, дроги, алкохол напред!:uvo:
А, сеа дај да се потсетам дека ова е Општи муабети, дека не сум пијана и дека на џогирање не се иде у балски фустан, исто ко шо не се дрви секаде за филозофија, социологија и сл.
И така освестена...Дедо Мраз ми беше најубава илузија. Колку само возбуда осеќав кога му го пишував писменцето у кое кажував шо сакам да ми поклони и го ставав на елката или кога сабајлето на први трчав да проверам шо ми оставил. Иначе верував докај второ(барем убава беше лажгата, па не ми е крво), али не се сеќавам како открив дека ипак моите ми ги оставаат поклоните.
Ја на моето дете, здравје, исто ќе му викам дека Дедо Мраз постои. Што знам, ми се свиѓа идејата и сакам и моето дете да ужива колку толку у неа. Онака помислата дека има таму некаде има буцкасто, симпатично деде, кое ги сака сите деца и им исполнува желби ми е ептен мила и убава, и и денес ме испунува со топлина. Ако нишо друго барем е поконструктивна од вербата во принцези, принцови, 50 цент-оидни и долар-оидни божества и сл.