Какво однесување ги привлекува жените? (или: Sussaro-style против Шкорпион-style)

  • Креатор на темата Креатор на темата WizKhalifa
  • Време на започнување Време на започнување

Какво однесување ги привлекува жените?

  • Sussaro-style

    Гласови: 86 69,9%
  • Шкорпион-style

    Гласови: 13 10,6%
  • Друг-style - ќе наведам во мислење

    Гласови: 24 19,5%

  • Вкупно гласачи
    123
Се согласувам со делот дека има разлика во пристапот при ќарување за една ноќ(намена) и за врска...

Инаку навистина за делот со рационализација на процесот во право си, тешко би го разбрале, малтене на ниво на квантна физика е, а жените нАли не се по науката ;)...

Зошто да не навреди делот враќање кон пештерите :confused:? . :) Види во бронзено доба постоел и матријархатот кај одредени племиња, иако и тоа сега некои машки дејци се обидуваат да го оспорат, нејсе се гледа кој се чувствува позагрозен тука... Има една интересна серија, составена од повеќе книги, предисториска фикција со наслов - Децата на земјата http://en.wikipedia.org/wiki/Earth's_Children, јас на англиски ги имам читано првите 3 книги... Главната хероина е ловец и припитомувач на животни... Знам дека е фикција, ама ајде да размислиме малку... Кога мажите (како физички супериорни во однос на жените) тргнувале на лов на мамути да речеме, тие имале успех бидејќи напаѓале во група, со помош на примитивно изработени алатки за напад, ама со цел и стартегија, значи со употреба на мозокот го совладувале огромниот мамут, не со физичка сила... После толку векови и векови во кои жените се држат во неукост, неписменост, надвор од сите политички и општествени текови, денес нема студија која покажува дека интелектуално се инфериорни :)... Значи вашите доминантни гени, изложени на сите научни и технички достигнувања со илјадници години, не даваат подобар исход од нашите на прости домаќинки... Која иронија, не :icon_lol:???

gite01.jpg

Генерално во интелигенцијата нема голема разлика, според последните податоци мажите се за помалку пд 1 % поинтелигентни, но голема е разликата во дистрибуцијата на интелигенцијата низ популацијата. Жените се погусто сконцентрирани кон средината, а мажите ги има многу повеќе на двата краја (види сликичка). Клучот е во тие мажи што се во десниот дел на графикот, тие секогаш ќе ги надвладеат жените во најплатените позиции и секогаш ќе го држат врвот.
Жената госпот не ја дизајнирал да биде ловец, нема мускули, нема силно торзо, очите се поранливи и затоа не и дал ум за лов. Мажите ловеле, повеќе со интелигенција отколку со мускули (кои се неизбежна предиспозиција) и затоа еволуцијата ги направила супериорни во навигација, инжењеринг, правење алатки, и секој друг вид на апстрактно мислење.
Жената била воглавно собирач, и нејзината еволутивна предност е во социјалните вештини, каде мажите се страшно инфериорни. Затоа толку многу учителки, негувателки, медицински сестри и слични занимања кои не се баш многу платени.

И за последната твоја порака упатена кон жените, знаеш дека во скечот е создадена од маж за маж, зошто да и‘ ја намалуваме убавината на првобитната намена :D?!

Точно така. Дај две.
--- надополнето: 9 декември 2012 во 17:40 ---
Јас сам суптилен сељак. :)
Ти си авантгарден сељак бе!

Јас сум обикновен сељак.
 
gite01.jpg

Жената госпот не ја дизајнирал да биде ловец, нема мускули, нема силно торзо, очите се поранливи и затоа не и дал ум за лов. Мажите ловеле, повеќе со интелигенција отколку со мускули (кои се неизбежна предиспозиција) и затоа еволуцијата ги направила супериорни во навигација, инжењеринг, правење алатки, и секој друг вид на апстрактно мислење.
Жената била воглавно собирач, и нејзината еволутивна предност е во социјалните вештини, каде мажите се страшно инфериорни. Затоа толку многу учителки, негувателки, медицински сестри и слични занимања кои не се баш многу платени.
Змејче,извини што ќе се замешам неповикан,но нели во минатото жените беа тие што ловеа?Како резултат на што се сменија улогите со мажот?
 
не
 
Кога и каде тоа било? Имало матријахарно општество, но мажите од стално биле тие што ловат....од кај го ископа овој податок?
 
Не бев сигурен во податоков,но се мислев дека имало родовско-племенски заедници каде жените биле ловци.Очигледно сум бил во заблуда.
 
Имало кај Амазонките и некои афрички племиња ама тоа се многу малку исклучоци за да го поништат правилото на маж-ловец.
 
Не бев сигурен во податоков,но се мислев дека имало родовско-племенски заедници каде жените биле ловци.Очигледно сум бил во заблуда.
Ако мислиш на Амазонките....мислам има некои такви племиња, ама ретки се. Како и секогаш, генерализација немаме туку има само поголема предиспозиција за ова или за она и никад не е сконцентрирано на едно место во иста количина.
 
Што се однесува до цел твој муабет за мерење мадиња меѓу маж жена... Батали. Неам никаква намера сеа да се докажувам. Нема ни што да се докажува.
Статистики извади си и донеси си закључоци. И уз пат, што има ние па на вас нешто да ви дозволуваме? Да ве Оставаме? Нели сте подеднакво способни? Fight your way up.
Тоа дека се што гледаш околу тебе е креирано од маж не е предмет на дискусија, факт е.
Тастатурата на која пишуваш, мониторот кој го гледаш, софтверот на мониторот, па дури и кириличново писмо на кое пишуваме е креација на маж. Зошто е тоа така, можеме до утре да се нагодуваме.

И незнам зашто цел муабет ми се толкува како шовинистички. Фактите ли ве болат, шо ли е работава, незнам..
Ве сакам и ве почитувам, ве ценам, баш заради тоа што знам што да очекувам, а што да не очекувам од вас. Вашите способности и вашата улога тука е подеднакво битна како и нашата.
Не иста, но подеднакво битна.

Немам јас никаков проблем со фактите, ама дека имаше од твоја страна суптилен обид да протнеш теза за машката супериорност, знаеш и сам ;)... Не сум ни феминистички, ни шовинистички настроена, сакам само да бидеме фер и начисто едни кон други :) ...Лесно е сега, на крајот од 2012 год. да нафрламе дека никој не им брани на жените скоро ништо, ама споменав дека нема ни 100 год. од моментот кога им биле многу нешта скратени како соодветно образование, право на глас, активно учество во општествениот живот и сл. Затоа не го оспорувам фактот дека скоро се‘ е создадено од мажи и немам проблем со тоа никаков. Ама и факт е дека жените можеле само нова плетка или вез да понудат до крај на 19, а некаде и до средина на 20 век. Кирилицата ете конкретно е создадена во период кога владеела масовна неписменост меѓу огромен број мажи, а сите жени...Затоа, компарацијата за машката успешност е еднаква отприлика на онаа на економската успешност на Конго и Јапонија, значи стартната позиција е дијаметрално спротивна. И натаму мажите верувам дека ќе имаат повеќе преставници во различни научни дејности, ќе има повеќе машки политичари итн. бидејќи едноставно сеуште жените не покажуваат доволно интерес за доста од овие сфери од општествениот живот, ама модерната наука утврдила дека тоа не е детерминирано од интелектуална инфериорност :), тоа е клучот и обично тоа е предизвикувач на конфликтот, бидејќи посебно на Балканот уште им е тешко на многу татини синчиња да поверуваат дека некоја таму глупача со тегли и кикици, ја бива повеќе за математика од нив :)...

Дека сме си меѓусебно потребни и значајни, не можам а да не се согласам :)...
 
Змејче,извини што ќе се замешам неповикан,но нели во минатото жените беа тие што ловеа?Како резултат на што се сменија улогите со мажот?
Па веројатно ќе умреа за јадење мажите и рекоа “дај да одиме да фатиме нешто за вечера оти од овие женките не бива ловец“
 
Немам јас никаков проблем со фактите, ама дека имаше од твоја страна суптилен обид да протнеш теза за машката супериорност, знаеш и сам ;)... Не сум ни феминистички, ни шовинистички настроена, сакам само да бидеме фер и начисто едни кон други :) ...Лесно е сега, на крајот од 2012 год. да нафрламе дека никој не им брани на жените скоро ништо, ама споменав дека нема ни 100 год. од моментот кога им биле многу нешта скратени како соодветно образование, право на глас, активно учество во општествениот живот и сл. Затоа не го оспорувам фактот дека скоро се‘ е создадено од мажи и немам проблем со тоа никаков. Ама и факт е дека жените можеле само нова плетка или вез да понудат до крај на 19, а некаде и до средина на 20 век. Кирилицата ете конкретно е создадена во период кога владеела масовна неписменост меѓу огромен број мажи, а сите жени...Затоа, компарацијата за машката успешност е еднаква отприлика на онаа на економската успешност на Конго и Јапонија, значи стартната позиција е дијаметрално спротивна. И натаму мажите верувам дека ќе имаат повеќе преставници во различни научни дејности, ќе има повеќе машки политичари итн. бидејќи едноставно сеуште жените не покажуваат доволно интерес за доста од овие сфери од општествениот живот, ама модерната наука утврдила дека тоа не е детерминирано од интелектуална инфериорност :), тоа е клучот и обично тоа е предизвикувач на конфликтот, бидејќи посебно на Балканот уште им е тешко на многу татини синчиња да поверуваат дека некоја таму глупача со тегли и кикици, ја бива повеќе за математика од нив :)...

Дека сме си меѓусебно потребни и значајни, не можам а да не се согласам :)...

Значи морав да се навратам и пак да се прочитам да видам каде тоа форсирам машка супериорност, и некако... не увидов.
Ти изнесувам факти, ствари што ако ме прашаш можам на долго и на широко да ти ги образложам зошто се и како се..
Ти 5 поста ми пишуваш за тоа како жените доколку им биле дадени (кој што има да им дава ако сме еднакви пичка му стопанкина?) истите права ќе биле подеднакво изразени на сите полиња како и мажите...
Мувата на капата much...
 
gite01.jpg

Генерално во интелигенцијата нема голема разлика, според последните податоци мажите се за помалку пд 1 % поинтелигентни, но голема е разликата во дистрибуцијата на интелигенцијата низ популацијата. Жените се погусто сконцентрирани кон средината, а мажите ги има многу повеќе на двата краја (види сликичка). Клучот е во тие мажи што се во десниот дел на графикот, тие секогаш ќе ги надвладеат жените во најплатените позиции и секогаш ќе го држат врвот.
Жената госпот не ја дизајнирал да биде ловец, нема мускули, нема силно торзо, очите се поранливи и затоа не и дал ум за лов. Мажите ловеле, повеќе со интелигенција отколку со мускули (кои се неизбежна предиспозиција) и затоа еволуцијата ги направила супериорни во навигација, инжењеринг, правење алатки, и секој друг вид на апстрактно мислење.
Жената била воглавно собирач, и нејзината еволутивна предност е во социјалните вештини, каде мажите се страшно инфериорни. Затоа толку многу учителки, негувателки, медицински сестри и слични занимања кои не се баш многу платени.

Се согласувам дека мажите се физички со посилна конституција, ама еве и кај лавовите е така, па најголемиот дел од ловот го вршат лавиците... Јасно е дека од практични причини се прифатило мажите да ловат сабјести тигри, дури жените берат бобинки и складираат лековити билки... Ама во различни периоди пак коегзистирале повеќе од тие далечни предци, како на пр. Кромањонците и Неандерталците кои се преклопиле во период мислам дека е неколку илјади години... Значи различни групи, со различни карактеристики (големина на мозок, висина и исправеност на тело, големина на вилица итн.) постојат во ист период, жените од понапредната група имале посупериорни карактеристики од поинфериорната, значи пак е поделбата на улогите попримарна, од самата физичка предодреденост (посилната мускулатура)...

Кога веќе го спомена креационизмот :icon_lol: , јас ја преферирам првата креација на жена на госпот Лилит, тоа било жениште и пол, не онаа мутавана Ева :D...

Околу тоа дека приходите на мажите се (и веројатно уште долго ќе останат) поголеми познато ми е, ама и тука постои извесна сомнителност околу релевантноста, бидејќи еден Арап кој ќе пронајде богатство на нафта на својот имот, ќе се стекне со милијарди, кои може секогаш да останат недостижен сон за еден финансиски експерт од Њујорк, кој го користи исклучиво своето знаење и професионални способности (стекнати на најпрестижните универзитети) за репродукција на капиталот...
--- надополнето: 9 декември 2012 во 22:23 ---
(кој што има да им дава ако сме еднакви ти ебам?)

Болдот е директна пцовка, корегирај се веднаш...
 
Се согласувам дека машите се физички со посилна конституција, ама еве и кај лавовите е така, па најголемиот дел од ловот го вршат лавиците... Јасно е дека од практични причини се прифатило мажите да ловат сабјести тигри, дури жените берат бобинки и складираат лековити билки... Ама во различни периоди пак коегзистирале повеќе од тие далечни предци, како на пр. Кромањонците и Неандерталците кои се преклопиле во период мислам дека е неколку илјади години... Значи различни групи, со различни карактеристики (големина на мозок, висина и исправеност на тело, големина на вилица итн.) постојат во ист период, жените од понапредната група имале посупериорни карактеристики од поинфериорната, значи пак е поделбата на улогите попримарна, од самата физичка предодреденост (посилната мускулатура)...

Кога веќе го спомена креационизмот :icon_lol: , јас ја преферирам првата креација на жена на госпот Лилит, тоа било жениште и пол, не онаа мутавана Ева :D...

Околу тоа дека приходите на мажите се (и веројатно уште долго ќе останат) поголеми познато ми е, ама и тука постои извесна сомнителност околу релевантноста, бидејќи еден Арап кој ќе пронајде богатство на нафта на својот имот, ќе се стекне со милијарди, кои може секогаш да останат недостижен сон за еден финансиски експерт од Њујорк, кој го користи исклучиво своето знаење и професионални способности (стекнати на најпрестижните универзитети) за репродукција на капиталот...
--- надополнето: 9 декември 2012 во 22:23 ---

Болдот е директна пцовка, корегирај се веднаш...

Пцовка е исто колку што е "пеер" или "у пичку матер".
Воопшто немав намера да те навредам на билокаков начин :)
Не биди типична жена и не се фаќај за формата туку фати се за содржината.
 
И другите што ги наведе се на ниво на лични навреди, од кои и втората е директна пцовка, ако тоа е твој начин на комуникација применувај си го, јас не планирам да продолжам дискусија на тој начин... Дали тоа ме прави типична жена воопшто не ме засега...
 
Но децата за мажите не се воопшто важни, ниту се некаква радост ниту ништо. Обично орудие со кое кога си стар и ја намалуваш цената на жената да не ја земе некој друг.

:facepalm::facepalm:
Што збориш ти бе?
Ако постои безусловна љубов тоа е родителската-мајчина,татковска нема некоја разлика.Кога/ако некогаш имаш деца ќе сфатиш каква глупост си напишал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom