Се согласувам со делот дека има разлика во пристапот при ќарување за една ноќ(намена) и за врска...
Инаку навистина за делот со рационализација на процесот во право си, тешко би го разбрале, малтене на ниво на квантна физика е, а жените нАли не се по науката

...
Зошто да не навреди делот враќање кон пештерите

? Јас одговорно тврдам дека и не сме се оддалечиле многу од нив, само сега имаме нови играчки - софистицирани гаџети наместо камени алатки со зашилен врв, ама основата останува, пак сме си истите животинки, па ако примарните нагони од прирамидата на Маслов ни се незадоволени, нема одење на погорните левели, ез симпл ез дет...

Види во бронзено доба постоел и матријархатот кај одредени племиња, иако и тоа сега некои машки дејци се обидуваат да го оспорат, нејсе се гледа кој се чувствува позагрозен тука... Има една интересна серија, составена од повеќе книги, предисториска фикција со наслов - Децата на земјата
http://en.wikipedia.org/wiki/Earth's_Children, јас на англиски ги имам читано првите 3 книги... Главната хероина е ловец и припитомувач на животни... Знам дека е фикција, ама ајде да размислиме малку... Кога мажите (како физички супериорни во однос на жените) тргнувале на лов на мамути да речеме, тие имале успех бидејќи напаѓале во група, со помош на примитивно изработени алатки за напад, ама со цел и стартегија, значи со употреба на мозокот го совладувале огромниот мамут, не со физичка сила... После толку векови и векови во кои жените се држат во неукост, неписменост, надвор од сите политички и општествени текови, денес нема студија која покажува дека интелектуално се инфериорни

... Значи вашите доминантни гени, изложени на сите научни и технички достигнувања со илјадници години, не даваат подобар исход од нашите на прости домаќинки... Која иронија, не

???
Тука лежи одговорот, убедена сум дека да им се даделе услови и можности и жените би биле и ловци и креатори на предмети, ама фактите велат друго, право на глас им се дава на светско ниво почеток и средина на
20 век, во бивша Југославија 1946, Швајцарија 1971, значи нема ни 100 години кај повеќето земји, и затоа не, воопшто не ми е срам што предметите околу мене ги создале мажи напротив ни го должеле тоа како оние на кои знаењето им било дадено, не ускратено, и искрено, воопшто не се сметам за инфериорна интелектуално во однос на најголемиот дел од нивниве современи претставници, напротив обратно е

...
И за последната твоја порака упатена кон жените, знаеш дека во скечот е создадена од маж за маж, зошто да и‘ ја намалуваме убавината на првобитната намена

?!