MIKI1
Ти благодарам за одговорот,само не те разбрав што поточно сакаш да кажеш за еволуцијата и креационизмот и нивното меѓусебно исклучување,ми делуваше збунувачки твојата реченица.
Еволуцијата е паганско учење за настанокот од Светот, кој „као„ настанал на овој или оној начн, зависно од тоа од која „географија„ доаѓа паганизмот, а таквото самонастанување, „...самото од себе...„, без причина и без цел, ја ислучува потребата од некое супериорно битие, на пример, бог-творец на сите нешта во природата. Еволуцијата, тековно, е поддржана со „научни„ и философско-шпекулатини материјали, кои на еволцијата, како таква, и‘ даваат привид на научност.
Креационизмот е створен и поддржан од поединци-истражувачи од одредени науки (геологија, астрономија, генетика, медицина, философија..) кои самите, како поединци, веќе се верници и кои своите истражувања ги насочуваат во корист на својата вероисповест, најчесто од американско-протестанско потекло. Тие, иако се истражувачи на створениов Свет, веруваат дека тој Свет има свој Творец, кој воспоставил ред во својата креација и дека Светов е премногу добро уреден, за да може да виде случајна, безпричинска и безцелна творба.
--- надополнето: 7 декември 2012 во 23:41 ---
.Сепак можни се двата процеса и голема грешка на Црквата е што ја негира еволуцијата кога таа е очигледна.
Светите Оци од минатите времиња, како и денешните теолози, кои се авторитети во апологетиката, не познаваат еволутивни процеси во природата, туку, согласно Божјото отрковение во Постанокот (Стар Завет), познаваат шест дневна креација на створениов, материјалниов Свет.
--- надополнето: 7 декември 2012 во 23:43 ---
Не Мики,религијата е создадена најпрво како утеха за сиромавите,а потоа пренаменета за контрола и ред врз луѓето.
Да, како што не‘ учеше (читај: лажеше) веќе споменатиот Маркс.
--- надополнето: 7 декември 2012 во 23:47 ---
што ја негира еволуцијата кога таа е очигледна.
Еволуцијата, да беше очигледна,за тоа ќе наследевме томови и томови запишан материјал од претходните цивилизации, кои не ни‘ оставија ниту еден саглам потврден и докажан запис за забележан еволутивен настан.
Се‘ до Ламарк и Дарвин, кои, веројатно, прогледале и го виделе она кое не постои.
А Докинс е жива легенда...
--- надополнето: 7 декември 2012 во 23:50 ---
Еволуцијата е процес на постепено прилагодување на живиот свет на средината во која живее.
Аааа, воа е некоја тазе новокомпонирана дефиниција за еволуцијата, согласно критиките кои и‘ се упатени, така?
Па нели еволцијата беше преоѓање/развивање на посложени од поедноставни битија...
--- надополнето: 7 декември 2012 во 23:52 ---
Последиците од нејзиното делување е диверзитетот на живиот свет на земјата.
Последиците се повеќе од очигледни: родовите (растенијата, животните, човекот...) се запазуваат самите себе преку самоповторување/раѓање на други битија од својот род, со неизбежна дегенерација, како последица од неповратниот ентрописки процес кај сите системи во природата.
Исчезнувањето на цели родови пред нашите очи, е далеку од збогатен диверзитет....
--- надополнето: 7 декември 2012 во 23:55 ---
Најлесно можеш да ја забележиш во фармацијата, поточно во развојот на вакцини против заразни болести, каква што е, на пример, грипот.
Да, можам, ама не можам да видам фармацеутски настан во слободната природа, освен во лабораториски услови, како чисто човекова свесна активност, а не како природен процес.