Donald,
да појаснам една работа, која ја сметам за битна.
Православната Црква верува (и знае) дека Бог Е творецот „...на се‘ видливо и невидливо...„, но тоа не значи дека Црквата стои зад креационизмот, туку Црквата се потпира на од Бога објавените вистини, а не на човековите мненија.
Креационизмот пак, е чисто протестантска творба, некаде во 60-те години, во Сан Диего, а тоа е учење кое е прилично компилаторско и шпекулативно. Имено, протестаните, кои се познати по своето лесно прилагодување кон овосветовните новотарии, го створија креационизмот со двојна цел: прес се‘, да понудат „научна„ поткрепа за вистините од Светото Писмо, и, да понуда алтернатинво учење, наспроти монополот на ТЕ, т.е. дарвинзмот, кој е без алтернативен пред се‘ во образовниот систем во САД (а и шире...) и во медиумите, но и да „докажат„ дека токму тие (протестантите, нели..) имаат монопол над точното толкување на Писмото.
Православниот став кон креационизмот не е особено позитивен, оти за Црквата, креационизмот (во западно-протестантска смисла...) е уште една вера, како што е вера и ТЕ, затоа што поддржувачите на креационизмот, напросто, веруваат дека научните наоди и сознанија (мислам на оние кои „држат вода„ и кои се прифатливи...) неспорно ги потврдуваат Божјите вистини! Арно ама, ние немаме и Божја потврда дека тие научни наоди се навистина непосредната врска меѓу науката и Божјата вистина од Писмото, па така на поддржувачите на креационизмот не им останува ништо друго, туку да веруваат дека креационизмот е поткрепа и потврда на вистините од Светото Писмо, оти се‘уште немаме начин како да го премостиме тој јаз меѓу науките и Писмото, освен да веруваме дека здравите научни сознанија се навистина во склад со Божјите вистини.
Мене лично, поубедливо ми е учењето дека фосилите се остаток од Потопот, отколку дека истите тие фосили се последица од неразумно долгу времени периоди, исто како што ми е поприфатливо постоењето на разумен творец, отколку случајното настанување на феномените во природата, заклучно со човекот, како субјект и нејзин набљудувач.