Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто некој би трошел време да ти одговори кога не ги разбираш ни наједноставните објаснувања?

Јас мислам дека човекот(MIKI1) многу добро разбира што e еволуција, и кои се нејзините механизми.

Побогу чоече, тоа не е ракетна физика, нели?

Прашањата си ги стокмува онака како што смета дека треба да ги стокми согласно друга тероија за настанокот (популарно наречена креационизам), која му е исто така позната.

Одговори му на поставените прашања, и остави на останатиот аудиториум да пресуди околу дискусијата.
 
Donald,
да појаснам една работа, која ја сметам за битна.

Православната Црква верува (и знае) дека Бог Е творецот „...на се‘ видливо и невидливо...„, но тоа не значи дека Црквата стои зад креационизмот, туку Црквата се потпира на од Бога објавените вистини, а не на човековите мненија.

Креационизмот пак, е чисто протестантска творба, некаде во 60-те години, во Сан Диего, а тоа е учење кое е прилично компилаторско и шпекулативно. Имено, протестаните, кои се познати по своето лесно прилагодување кон овосветовните новотарии, го створија креационизмот со двојна цел: прес се‘, да понудат „научна„ поткрепа за вистините од Светото Писмо, и, да понуда алтернатинво учење, наспроти монополот на ТЕ, т.е. дарвинзмот, кој е без алтернативен пред се‘ во образовниот систем во САД (а и шире...) и во медиумите, но и да „докажат„ дека токму тие (протестантите, нели..) имаат монопол над точното толкување на Писмото.

Православниот став кон креационизмот не е особено позитивен, оти за Црквата, креационизмот (во западно-протестантска смисла...) е уште една вера, како што е вера и ТЕ, затоа што поддржувачите на креационизмот, напросто, веруваат дека научните наоди и сознанија (мислам на оние кои „држат вода„ и кои се прифатливи...) неспорно ги потврдуваат Божјите вистини! Арно ама, ние немаме и Божја потврда дека тие научни наоди се навистина непосредната врска меѓу науката и Божјата вистина од Писмото, па така на поддржувачите на креационизмот не им останува ништо друго, туку да веруваат дека креационизмот е поткрепа и потврда на вистините од Светото Писмо, оти се‘уште немаме начин како да го премостиме тој јаз меѓу науките и Писмото, освен да веруваме дека здравите научни сознанија се навистина во склад со Божјите вистини.

Мене лично, поубедливо ми е учењето дека фосилите се остаток од Потопот, отколку дека истите тие фосили се последица од неразумно долгу времени периоди, исто како што ми е поприфатливо постоењето на разумен творец, отколку случајното настанување на феномените во природата, заклучно со човекот, како субјект и нејзин набљудувач.
 
Јас мислам дека човекот(MIKI1) многу добро разбира што e еволуција, и кои се нејзините механизми.

Побогу чоече, тоа не е ракетна физика, нели?

Прашањата си ги стокмува онака како што смета дека треба да ги стокми согласно друга тероија за настанокот (популарно наречена креационизам), која му е исто така позната.

Одговори му на поставените прашања, и остави на останатиот аудиториум да пресуди околу дискусијата.

Не е ракетна физика, ама ни ти, ни тој добро не разбирате што e еволуција и изгледа немате капацитет да разберете. Затоа секое трошење на енергија за објаснување е излишно и неповратно изгубено.
 
Лео,

оној кој знае повеќе, треба да ги поучи оние кои знаат помалку...Природно.
Ајде, напни се, и поучи не‘ нас, неуките, што е тоа еволуција и кои се средствата и начините по кои таа делува и кои се последиците од нејзиното делување.

И нормално, начинот на кој можеме да го забележиме тоа делување.

Повели.
 
MIKI1
Ти благодарам за одговорот,само не те разбрав што поточно сакаш да кажеш за еволуцијата и креационизмот и нивното меѓусебно исклучување,ми делуваше збунувачки твојата реченица.Сепак можни се двата процеса и голема грешка на Црквата е што ја негира еволуцијата кога таа е очигледна.
 
Лео,

оној кој знае повеќе, треба да ги поучи оние кои знаат помалку...Природно.
Ајде, напни се, и поучи не‘ нас, неуките, што е тоа еволуција и кои се средствата и начините по кои таа делува и кои се последиците од нејзиното делување.

И нормално, начинот на кој можеме да го забележиме тоа делување.

Повели.
Еволуцијата е процес на постепено прилагодување на живиот свет на средината во која живее. Последиците од нејзиното делување е диверзитетот на живиот свет на земјата.

Најлесно можеш да ја забележиш во фармацијата, поточно во развојот на вакцини против заразни болести, каква што е, на пример, грипот.
 
Вака како што е поставена темата, се добива впечаток дека креационизмот е сериозна теорија која се спротивставува на теоријата на еволуцијата.

:icon_lol:

А се работи за смешна приказна, во која можат да веруваат само сиромашните по дух, а богами и по образование...
 
Абре Ставрос.....
Свати дека Бог =1...и тоа го видовме...тука си за пофалба..

Кога ќе сватиш дека Бог=До...ќе разбереш дека еволуцијата не е контрадикторна на креационизмот.
Бог на таков начин го создал светот и иниверзумот...мора да постои еволуција....затоа Бог е До...се почнува од Него и завршува со Него...
Еволуцијата е неминовна...само кај некого помалку кај некого повеќе...кај тебе и кај некои атеисти и секташи тапка во место...:pos: (за последнаво, овој атеистичкиот модератор со тенденции на талемит, да ми скрати 2 негативни)
 
Не е ракетна физика, ама ни ти, ни тој добро не разбирате што e еволуција и изгледа немате капацитет да разберете. Затоа секое трошење на енергија за објаснување е излишно и неповратно изгубено.

:facepalm:
Ок батка терај си со своето сознание:P

Заеби остала багра која нема капацитет како твојот.

Трај си, поарно.
 
Вака како што е поставена темата, се добива впечаток дека креационизмот е сериозна теорија која се спротивставува на теоријата на еволуцијата.

:icon_lol:

А се работи за смешна приказна, во која можат да веруваат само сиромашните по дух, а богами и по образование...

Вие атеистите патите од комплекс на инфериорност, или сте прилично несигурни во својот интелект, та да мора да им велите на сите други дека се глупави, необразовани и прости за да се почувствувате поубаво, и за да си ја зголемите самодовербата.

Паметниот човек не осеќа за потреба да им вели на другите дека се они глупави а тој паметен, зашто и тој, а и сите останати се свесни за неговиот интелект согледувајки го она кое паметниот човек го прави или зборува. Меѓутоа оние "wannabe" интелектуалци мораат да им велат на другите дека се поглупи од нив, и на тој начин да си го градат преценетото мислење за себе дека се ептен паметни.
 
бла,бла,бла

Одговорно тврдам дека секој кој верува во креационизмот, го стега умот. Точка. Мора нешто да ти недостига да веруваш во таква небулоза. Па дете од 12 години, неиндоктринирано во рисјанство, се гази од смеа на таа глупост. Срамота е, навистина...
 
Вие атеистите патите од комплекс на инфериорност, или сте прилично несигурни во својот интелект, та да мора да им велите на сите други дека се глупави, необразовани и прости за да се почувствувате поубаво, и за да си ја зголемите самодовербата.

Паметниот човек не осеќа за потреба да им вели на другите дека се они глупави а тој паметен, зашто и тој, а и сите останати се свесни за неговиот интелект согледувајки го она кое паметниот човек го прави или зборува. Меѓутоа оние "wannabe" интелектуалци мораат да им велат на другите дека се поглупи од нив, и на тој начин да си го градат преценетото мислење за себе дека се ептен паметни.

Убао то шо си си пишал.

Ама има и друга страна на паричката.

Атеистите се луѓе како тебе, со исти морални вредности, со исти желби за успех во животот, и со иста љубов кон останатите луѓе.

Согласно ова се обидуваат да ги оттргнат од летаргијата, од заспаноста како што вели Gurdjieff и да им укажат на оние со спротивно размислување по ова прашање, да подразмислат дека можеби (сте) се заебале;)

Така да мислам дека тотално си фејл со размислувањево, ама ти си знаеш.
 
Вака како што е поставена темата, се добива впечаток дека креационизмот е сериозна теорија која се спротивставува на теоријата на еволуцијата.

:icon_lol:

А се работи за смешна приказна, во која можат да веруваат само сиромашните по дух, а богами и по образование...
Ќе излезам од темава на кратко со лично прашање.
Веруваш во постоење дух или е само така поставено мислењето да добие на тежина?
Со останатото се согласувам.:)
 
Ќе излезам од темава на кратко со лично прашање.
Веруваш во постоење дух или е само така поставено мислењето да добие на тежина?
Со останатото се согласувам.:)

Не, само метафора е духот, за умот...

;)
 
Религијата најпрво била измислена за утеха на сиромавите,а сега погледнете што стана.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom