Фалбаџии

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Многу сакам кога ми се фалат и уживам да ги слушам тие мислат дека ме лажат, а јас ги дупам.
 
По една реченица се водам речиси цел живот: Човек ќе го процениш по тоа колку пати вика ЈАС во една реченица.
Фалбаџиите се големи егоцентрици, не дека некогаш не е точно она што го зборуваат. Можеби навистина го достигнале она за кое се фалат, но барем јас сметам дека делото зборува само за себе, не мора од сопствена уста да се потенцира тоа.
 
Бреј што е ова никој од вас не се фали. Ахам, да.
Сега фалење, зависи. Сите на еден или друг начин се фалиме и тоа често. Ако ми се десило нешто убаво, сум имала успешен период и сакам тоа да го споделам со луѓето околу мене нормално дека ке им се пофалам, чисто зашто знам дека и нив ке им биде мило. Сепак сето тоа е во граници на нормала, а не секоја реченица да ми е јас ова, јас она. Ретко употребувам суперлативи за мене и често сум самокритична.
 
По природа не сакам фалење зошто ми е скренување внимание од другите, а ми пречи премногу туѓото фалење и тоа повторување на едни исти работи по сто пати. Добро, знаеме, аман, супер, бравос. Еве ко на пример во темана за Каролина, добро веќе, 3 години читаме како одредени персони тапшаат за Каролина. Се знаете лично, се знаете, не мора лиги сега да ни правите на ние што не се знаеме со специјалната.
 
Многу сакам кога ми се фалат и уживам да ги слушам тие мислат дека ме лажат, а јас ги дупам.


Тоа е тоа...
Иначе не се фалам ИЧ шо било, било, кој разбрал убаво кој не уште по убаво
 
се фалам ако имам причина некоја голема али мн ретко.. Обично не се фалам , а највеќе ме нервира коа некој се фали за нешо шо не го напраил.. бедови
 
Како што кажа некој погоре: Многу сакам кога ми се фалат и уживам да ги слушам тие мислат дека ме лажат, а јас ги дупам.
 
демек што се фали, каменот зарѓавел ?
 
еве тема за фалби-иако ФАЛБАТА Е Р`ЃА
Овде кажете напишете - пофалете се што сте направиле,
добро,убаво и позитивно за...
За школото,факултетот,фабриката,работното место
За вашата улица,вашето маало,вашиот град,вашиот дом,
За..сопругата,девојката,комшиката или пак за швалерката.
Шала на страна,еве јас што направив денес.
Уф почнав со фалење,така ли е или не ама вистина.Е.
Признавам беше многу ладно и можеби не ја баш завршив најдобро работава сабајлево,а што ја работам над 20 години.
И види чудо никој за тоа не знае - не сум се пофалил.
А и никој не ме сопрал во оваа работа,а ме гледаат сите.Ајас
не можејќи да ги гледам,темните,зацрнети споменици на нашите херои почнав некаде 90 тите години да ги осветлувам како знам и умеам по мое,претежно во мојов град.
И тоа со мој сретства,време и труд.
Вака сум ги „направил скоро сите споменици низ Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom