Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.407
Балистот- Акиф Речани
Потешки страдања с.Маврово доживеало во септември1944 г. (по капитулација на фашистичка Италија)
а поводот било убиството на селскиот кмет Серафим Петрески,верен слуга и соработник на балистите.Во оружена борба ,што започнала на 1 септември 1944 г.,бил ранет и Акиф Речани,еден од најозогласените балистички водачи во гостиварскиот крај.
По нападот на жандармериската станица во с. Маврово и заробувањето на четворица жандарми од страна на една единица на Македонските партизани,балистичкиот водач Акиф Речани собрал околу 300 балисти и друг башибозук и на 4 септември 1944 г. го нападнал селото.Балистите почнале веднаш да ги палат семејните куќи во селото и да грабат покуќнина и добиток.Притоа,изгореле 150 куќи,а биле убиени или живи фрлени во огнот повеќе месни жители.
Но и пред ова бандата на Акиф Речани ги напаѓала македонските села во тој крај.Така на 26 април 1943 г. под непосредно раководство на Џемо Хасани,било нападнато селото Ново Село од страна на 200-300 балисти чии водач бил Акиф Речани. Селото било ограбено,додека заробените партизани биле однесени во Тиранскиот затвор,а дел биле ликвидирани.Следниот ден балистите се наврлиле на селата Никифорово,Леуново и Маврово каде извршиле разни насилства и грабежи врз македонското население.
За престојот на една група партизани во с Беличица,во септември 1944 г. дознал крвникот Акиф Речани.Тој со бандата од околу 200 балисти го блокирал селото и во заседа успеал да ликвидира повеќе борци кој влегле во него по храна.Партизаните ја прифатиле борбата.Вкупно биле убиени 22 партизани и 24 селани од село Беличица.
Тука загинале народните херои Тодор Циповски - Мерџан и Гоце Стојчевски.Крволочно настроени балисти најпрво го ограбиле,а потоа го запалиле селото.од 42 куќи колу што имало селото останале само седум.
(За ова ќе стане збор,поопширно понатаму)