Добро што немаше кајгана за време на утакмицава со Шведска, иначе којзнае колку пцовки ќе летаа
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ќе ја тепале Шведска
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Знаевме дека сме аутсајдери, ама немораа со такви оптимистички изјави да се бламираат кога реално беше да го земеме со 10-тина разлика...
Денеска Андреева им еба матер, особено во првиот дел и само благодарение на нејзе бевме сеуште во игра. Како се разбрани, тотална спротивност од мечот со Франција.
Колку технички грешки имаа Швеѓанките во првиот дел, колку промашени зицери имаа и пак неуспеавме ниеднаш ни да израмниме освен што еднаш дојдовме на -1.
Играта ни е трагедија, добро е што барем се пласиравме, ама реално сме класи зад екипиве кои учествуваат, мада и општо квалитетот на женскиот ракомет во светот е опаднат, иначе со ваков состав порано би губеле со 40-5...
Никаква идсеја во нападот, крила исто како да немаме. Драгана Пецевска потфрла највеќе, бар она е искусна и од неа многу се очекува...
Тоа што се повреди Елена георгиевска беше уште поголем хендикеп на стартов, мада оваа Саздовски не е толку лоша, има муда да тргне и да се крене на шут, ама мора да си го поправи шутот, а истотака имаше и неколку технички грешки со лоши додавања.
Портјанко ака Николиќ денеска целосно потфрли, продаде и неколку топки на смешен начин, ама и овие добро ја чуваа.
Пикери немаме од времето на Платон, незнам што и требаше на Мечевска да ослабе, не оди со слаб пикер, треба како гица да биде, иначе ништо од бизнисот...
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Бајрамовска се обидуваше нешто, реално таа е единствената покрај Николиќ што може да се каже дека е репрезентативен квалитет, а другото игра пошто нема подобри играчи...
Останува бар со Данска да се обидеме под 10 да завршиме и после тоа да се спремаме за иднината.