Најголеми грешки при одржувањето на автомобилот

  • Креатор на темата Креатор на темата Torte Mobile
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Возраст
39
Некои луѓе се неодговорни спрема своите автомобили. Прават грешки при одржувањето на автомобилот, кои можат подоцна скапо да ги чинат. Иако тоа можеби го прават ненамерно, на крајот нивниот паричник е оној што го извлекува подебелиот крај.

Овие грешки се прилично чести, а онаа парична манифестација на коригирање на истите, најпрво се одразува врз потрошувачката на гориво на вашето возило, а подоцна и врз вкупниот број на километри кои ќе ги поминете со возилото, пред неминовно да ве остави некаде на патот.

Одиме со ред.

10. Внимавате само на нивото на маслото во моторот
avto-mistakes-greski-ten-01.jpg



Немојте да не сфатите погрешно, редовната контрола на нивото на моторното масло е прва и основна работа. Но, немојте да си дозволите подигнувањето на “шипката” да биде единствена контрола на течностите во вашиот автомобил. Тој има и други течности – антифриз, глицерин за сопирачките и масло во менувачот. Иако можете од време на време да поминете да не ги проверите/замените, не искушувајте ја вашата среќа повеќе од тоа.

9. Возите со гуми кои не се погодни за сезоната
avto-mistakes-greski-ten-02.jpg



Една од најчестите и најголеми грешки. Особено сега, кога ќе започнат снеговите, а вие возите на летни пневматици. Со тоа, имате само многу удобна и скапа санка – ништо повеќе. Исто така, голема грешка е доколку мислите дека поседувате т.н. All-Season гуми, сте ја завршиле целата работа. Напротив, тоа е исто толку лошо доколку возите по снег со летни гуми. Обратно – доколку “се заборавите” и продолжите да ги возите зимските гуми кога ќе помине сезоната, нема да постигнете ништо, освен тоа што ќе морате наредната зима да купите уште еден сет зимски гуми, затоа што ќе ги уништите со возењето на топло време.

8. Возите со неисправна светлосна сигнализација
avto-mistakes-greski-ten-03.jpg



Приметивте дека некоја од сијаличките на вашиот автомобил повеќе не свети? Веднаш променете ја, ќе си заштедите многу главоболки. Не чини речиси ништо, но живот значи. Што ќе се случи доколку вашите стоп светла не светат, а вие кочите? Автомобилот позади вас има така добро да ве “собере”, што цената што ќе ја платите ќе ве чини многу, многу, многу повеќе од една обична сијаличка. Затоа, внимавајте.

7. Користите моторно масло со погрешен вискозитет
avto-mistakes-greski-ten-04.jpg



Некои далеку попаметни и поинтелигентни луѓе од нас (со сета должна почит на останатите), го дизајнирале моторот од вашиот автомобил. При тоа, се помачиле да го одредат маслото со најдобрите карактеристики за него, со цел да го добиете максимумот од него на сите полиња. Дури и го напишале тоа, во упатството кое доаѓа со автомобилот. Прочитајте го, не боли – а автомобилот ќе ви биде благодарен за тоа.

6. Автомобилот ви е полн со непотребна тежина
avto-mistakes-greski-ten-05.jpg



Иако овој совет важи првично за економичноста и потрошувачката на гориво, не е лошо и овде да се применува. Извадете се што не ви е потребно од автомобилот, и носете го исклучиво кога ќе ви затреба. Бенефитот од тоа е голем, како квалитативно, така и квантитативно.

5. Возите со “меки” гуми
avto-mistakes-greski-ten-06.jpg



Меки, мислиме на издишани гуми. Иако и овој совет повеќе се применува кога е во прашање потрошувачката на гориво, ние сме должни да ви кажеме дека гумата многу побрзо се троши, доколку се вози со притисок на воздух во неа, помал од пропишаниот. Проверувајте го притисокот во гумите почесто, по можност на две недели, на ладни гуми. Не знаете колкав треба да биде точниот притисок во гумите? Не паничете, тоа го пишува или на налепницата во внатрешниот дел од совозачката врата, или на налепницата од внатрешната страна на капакот од резервоарот.

4. Ги користите филтрите на автомобилот повеќекратно
avto-mistakes-greski-ten-07.jpg



Пример – филтерот за воздух. Го вадите, го издувувате со воздух, и го враќате на место. Голема грешка. Филтрите се менуваат, освен ако производителот тврди дека може да се исчисти и да се врати. Такви се K&N филтрите, пример, но се неколку пати поскапи од обичните. Обичните, се менуваат почесто, затоа што се поевтини. Менувајте ги, нема да заштедите на овој начин.

3. “Стоите” врз педалата од сопирачките
avto-mistakes-greski-ten-08.jpg



Да, знаеме, сопирачките не се елемент од возилото на кое треба да штедиме. Но, тоа не е елемент од автомобилот кој треба да се запостави при одржување, или да се злоупотребува. Да, понекогаш е неминовно да ја притиснеме педалата “до под”, за да избегнеме сообраќајка. Но, да бидеме искрени, тоа и не се случува толку често. Доколку секое сопирање на автомобилот го претворате во панично притискање на педалата, страдаат сите елементи од системот за сопирање – “шепите”, дисковите, плочките и течноста во сопирачките.

2. Не го менувате моторното масло во редовните интервали на замена
avto-mistakes-greski-ten-09.jpg



Иако ова треба да е познато како “добро утро” за сите возачи, ова е една од најчестите грешки. Зошто? Немаме поим, навистина. Моторното масло, доколку имаме некоја хиерархија на работите, е на самиот врв при одржување на секое возило. Општото мнение е дека се додека нивото на маслото е во ред, тоа не треба да се менува. Катастрофално погрешно – по изминатиот број на километри, во зависност од квалитетот и составот на маслото, пропишани од производителот, тоа ги губи своите својства, и станува нешто слично со “матеница”. Затоа, менувајте го маслото редовно.

1. Избегнувате секаква посета на сервис и механичар
avto-mistakes-greski-ten-010.jpg



Што од немање време, што од причина да заштедите некој денар, што од причина што мислите дека дефектот можете да го отстраните сами... Сешто! За оние кои се препознаваат овде, запомнете: Нивната работа е одржување и поправање на автомобили. Доколку и вие знаете како треба, значи и вие сте авто-механичар. А колку сте добар во тоа, тоа е веќе друго прашање. Совет: одберете го вистинскиот сервис, и посетувајте го одвреме навреме, барем и заради обична инспекција на состојбата на возилото.
 
Богами требаше маслото уште во Август да го сменам, но дека имам малку поминато си викам ајде да терам до 10.000 поминати.
 
Најважното го заборавиле за овие температури, промена на антифриз инаку на ладново отиде и хладњак и се.
 
Јас користам тотал масло, пишува на 10,000 км да се менува, јас умниот на 12,000 го менувам :D Кога веќе прочитав тука и филтерот е на ред за менување (20,000 км) јас пред нецели две години го имам заменето и неколку пати издувано со компресор во меѓувреме!

За меки гуми уште да додадам, дека страдаат јабучиците, повеќе се троши гориво, а и брзо време ќе ги оштети и самите гуми!
--- надополнето: 4 декември 2012 во 23:47 ---
Најважното го заборавиле за овие температури, промена на антифриз инаку на ладново отиде и хладњак и се.

Има мерачи едни со кои може да се испита до колку -С може да издржи антифризот. Јас минатата недела испитував -40 беше резултатот.

Исто така добро би било да ја испумпате водата од резервоарот за шофершајбна/брисачи, и да ставите од онаа сина течност(190 ден. за 6 литри) која не замрзнува. ПРед некоја година не го направив ова па се изначекав за сончев ден во јануари за да ги одмрзнам цревата кои водат од резервоар/пумпа/инјектори.
 
Најважното го заборавиле за овие температури, промена на антифриз инаку на ладново отиде и хладњак и се.
Па спомнато е во 10ката ... да не се проверува само маслото туку и антифриз, глицерин итн
 
ја возам 101 и си го одржавам колку толку ама со некои од овие работи не се согласувам - пример гуми. да имам пари би менувал летни и зимни гуми ја вака едвај собрав пари за 2 половни да купам уште летни и зимни да пребирам треба...

филтерот за воздух го менувам кога ке ми рече механичарот дека е за менување - а инаку по правило се менувал на одреден број на километри - за уље да - мењам редовно и ставам како што треба за стоеден - најголем противник сум и највеќе се нервирам коа ке видам некој вози без да му работи позиција жмигавец со едно светло и слично... дури ми се има и 2 3 пати десено на автопат навечер да видам коли што возат без позиција - светла им работат позицијата послабо па ако не закочи ке треба ти да го пазиш каде е да не го собереш.

за кочењето гледам општо млада популација како вози - моторно кочење скоро ретко и да знае некој што воопшто значи - ке се залетаат а од далеку гледаат дека семафорот е црвен и оп на кочница - тука страда и диск и добош и гуртни и плочки и ред други работи у систем за кочење.
 
Првата грешка е кога некој ќе купи автомобил што не е за него.
Па потоа доаѓаат сите овие грешки бидејќи неможе да си дозволи да одржава таква кола :)
 
Прават смисла нештата... Ама може оште маалку да се доопишат... Кое точно кога се мене, и како се проверува.
 
Денеска ставив антифриз 3л 300 денари -57с али ми рекоа да го растворам со дестилирана вода му ставив пола литро вода пола литро антифриз.
 
Јас денес си сменив уље, филтер за уље, поленов филтер, филтер за бензин, антифриз, средство за стакла...убаво ме удри по џеб ама што се мора мора се...сега раат цела зима :)
 
Денеска ставив антифриз 3л 300 денари -57с али ми рекоа да го растворам со дестилирана вода му ставив пола литро вода пола литро антифриз.

Што е финтата со дестилирана вода?
Јас вчера ставив 2л антифриз + 2л обична вода.Пишува со тој сооднос држи до -37.
 
Што е финтата со дестилирана вода?
Јас вчера ставив 2л антифриз + 2л обична вода.Пишува со тој сооднос држи до -37.

Стварно не знам зошто се мачите да го разредувате, се продава разреден (до -20 и кусур степени).
Дури да го оставиш неразреден антифризот за -40 -50 што е, заштедата е минимална (2-300 денари).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom